Skip to main content

8 митови за подно греење

Подното греење е одржлив и економичен систем за греење, но постојат многу погрешни сфаќања за тоа како работи. Би сакале да го срушиме митот и да ви покажеме зошто овој систем е одлично решение за вас.

Сè што е непознато, често е и погрешно сфатено. А постојат и многу погрешни сфаќања за тоа што е подно греење и како работи. Време е да ги разјасниме работите. Ќе ви покажеме како работи овој одржлив и исплатлив систем и зошто би бил одличен избор за вашиот дом.

Типови подно греење

Пред да кажеме за митовите, да ги погледнеме различните типови подно греење.

Моментално постојат два типа системи за подно греење: електрични системи и хидраулични системи, што работат со топла вода. Хидрауличниот систем може да се состои од две различни инфраструктури, познати како сув систем и мокар систем, а разликата помеѓу нив е во тоа како се поставени цевките

За системи со вода цевките се наоѓаат во кошулицата, а во сувите системи цевките се наоѓаат во подните штици за да служат како проводник на топлина. 'Мократа' хидраулична верзија вообичаено се наоѓа кај нови градежни проекти, а сувата верзија и електричните системи се најпогодни при реновирање.

Сега, кога малку сте запознаени со техничката страна на подното греење, време е да обрнеме внимание на погрешните сфаќања.

Мит 1: подното греење е поскапо од радијатори

Вистина е дека цената за поставување на подното греење е 30% поскапа отколку за вообичаените радијатори. Но подното греење е инвестиција што се исплати на подолг временски период. Затоа што системот е енергетски поефикасен и бара помалку одржување, корисниците ќе плаќаат помали сметки за енергија и ќе имаат пониски трошоци за целиот систем отколку за вообичаените радијатори.

Мит 2: куќа со подно греење никогаш не се затоплува

Иако е точно дека подното греење не произведува топлина колку вообичаен радијатор, создава доволно топлина за да се создаде удобна средина. Системот работи за да распредели топлина подеднакво низ целиот под, за да се достигне собна температура од 25°C. Станарите може и да го постават термостатот неколку степени пониско без да се грижат дека губат топлина.

Мит 3: подното греење технички е електрично греење

Секако, електричното греење работи на струја, но хидрауличниот систем работи на топла вода и централно греење. Постои опција и системот за подно греење да се поврзе на топлотна пумпа. Покрај тоа што топлотната пумпа има потреба од малку струја, зависи и од обновлива енергија. Подното греење работи на постојано ниска температура, па затоа топлотна пумпа во системот би била идеален избор.

Мит 4: на подното греење му е потребно подолго време да ја затопли куќата, па затоа температурата никогаш не е постојана

Електричното подно греење работи брзо скоро исто како и радијаторите, а хидрауличниот систем функционира малку побавно. Но тоа не значи дека треба да трпите ладни температури. Важно е да погледнете како може да го поставите системот за да одговара најдобро на вашиот начин на живеење и да го одржува ентериерот на удобна температура. На пример, ако имате хидрауличен систем, можете да ги смените поставките за да може температурата да падне само три степена за време на ноќта.

Мит 5: подното греење се поставува само во подот

Можеби е за изненадување, но подното греење може и надвор од подот. Може да се постави и во ѕидовите или таванот, за да може уште побрзо да ја загрее собата. Сè на сè, подното греење не зафаќа дополнителен простор, па затоа може лесно да се вгради во секој модерен ентериер.

Мит 6: подното греење прави да ви отекуваат стапалата

Порано, кога се почнуваше со употреба на подно греење, собната температура можеше да достигне повеќе од 35°C, а тогаш стапалата може да ви отечат. Но со денешните современи системи, тоа повеќе не се случува, особено ако куќата има добра изолација. Поточно, комбинацијата од подно греење и топлотна пумпа овозможува системот да лади, што е дополнителна придобивка во летните месеци.

Мит 7: подното греење е штетно по здравјето

Подното греење го спречува циркулирањето на честичките прав, коишто може да предизвикаат алергии или гадење. Станарите имаат придобивки и од подобрата влажност и поздравата околина без честички прав и мувла, што е особено подобро за луѓе што подлежат на алергии и имаат проблеми со дишењето.

Мит 8: подното греење не може да се комбинира со паркет

Ако се земат предвид некои фактори, подното греење може лесно да се комбинира со паркет. Ако поседувате стабилен тип дрво, што е отпорно на влажност и со повеќе слоеви, каде што летвите се широки до 15 cm, нема да имате проблеми!

Слични написи