
Најголемата иновација уште од компресорот со инвертор
По успехот со нашиот компресор со инвертор продолжуваме на чело со енергетската ефикасност во индустријата за HVAC-R со нашата технологија за променлива температура на разладно средство. Дизајнирана за нашите системи VRV и Sky Air, технологијата за променлива температура на разладно средство постојано ги прилагодува брзината на компресорот со инвертор и температурата на разладното средство при ладење и греење, со што му овозможува на системот да ги задоволи потребите на објектот со најголема енергетска ефикасност во секое време.

Главните придобивки од технологијата за променлива температура на разладно средство
- Сезонската ефикасност е зголемена за 28%
- Првата контрола за прилагодување кон временските услови на пазарот
- Спречува ладни провеви со поголеми температури на дување за да овозможи задоволство и удобност на купувачот
Како работи?
Технологијата за променлива температура на разладно средство автоматски го прилагодува системот за да ги задоволи потребите на поединечни објекти и потребите за климатизација, при што значително ги намалува трошоците за енергија и ја подобрува удобноста. За да се достигнат највисоките нивоа на сезонска ефикасност, капацитетот на системот се контролира преку компресорот со инвертор и со варирање на температурата на испарување (Te) и температурата на кондензирање (Tc) на разладното средство.

Докажана технологија
За да се измери успехот на технологијата за променлива температура на разладно средство, спроведовме истражување при што ги споредивме перформансите на VRV IV (со технологија на променлива температура на разладно средство) со VRV III (без технологија на променлива температура на разладно средство). Резултатите од истражувањето покажуваат дека VRV IV е драстично поефикасна од VRV III. За време на ладење, VRV IV троши до 60% помалку енергија, а просечната заштеда на енергија при греење беше 20%.
Дознајте повеќе за нашите нашите производи со технологијата за променлива температура на разладно средство
-
Sky Air
Daikin Sky Air е целосно решение за систем за климатизација, што овозможува греење, ладење, вентилација и прочистување на воздухот за средни или мали објекти. -
VRV
VRV-системите на Daikin овозможуваат целосно решение за климатизација за големи или мали објекти. Оригинален, иновативен и енергетски ефикасен производ на Daikin.