Преземете контрола врз удобноста и енергетските трошоци на вашиот голем објект

Преземете контрола врз удобноста и енергетските трошоци на вашиот објект

Со решенијата за деловни и големи објекти на Daikin, значајно ќе ги намалите работните трошоци со енергетски ефикасна климатизација.

Фокусирајте се на вашиот бизнис

Вашата климатизација е наш приоритет. Си решенијата за климатизација на Daikin, вие и вашите вработени можете да работите удобно. Ви го овозможуваме најефикасното енергетско решение, за да можете да ја насочите енергијата кон вашиот бизнис.

Инвестирајте во енергетска ефикасност

Инвестирањето во решение на Daikin ви заштедува средства на подолг период. Трошоците за греење и ладење изнесуваат најмалку 50% од потрошувачката на енергија, што значи дека ако инсталирате решение за енергетски ефикасна климатизација, трошоците за енергија ќе се намалат значително.

energyefficiency_offices.png

Ваш личен претставник за Daikin

За да ја загарантираме најдобрата корисничка услуга, назначуваме еден контакт од Daikin за вашиот проект. Овој претставник е поставен за да ви помогне за време на сите фази од проектот, од почетното бомбардирање со информации до одржувањето по инсталацијата.

Целосно решение за климатизација на вашиот објект

Од енергетски ефикасно греење и климатизирање, до нашиот Систем за управување со објекти, нудиме решенија за климатизација за вашите деловни и големи објекти. Научете повеќе за опциите што се достапни за вашиот објект.

1 5 4 2 3 6 building.jpg

1. Влез & Рецепција

  • Намалете ја загубата на тополиот и ладениот воздух од влезот со нашите Воздушни завеси Biddle и заштедете до 72% поврзувајќи ги со нашите топлотни пумпи наместо да ги приклучите во струја.
  • Паметните програми ја олеснуваат контролата на климатизацијата низ целиот објект и нашиот Систем за управување со објекти (BMS) ви дозволува да ги интегрирате и контролирате сите аспекти на вашиот објект (греење, ладење, струја, осветлување, лифтови итн.)

2. Канцеларии

  • Уникатната рамна касетна единица беспрекорно се вклопува во спуштениот таван и нема да ја наруши работната концентрација со своето тивко работење.
  • Вдишувајте свеж и здрав воздух, без мувла и алергени.

3. Конференциска сала

  • Дозволете си високи тавани со инсталирање на подно греење.

4. Кујна & простории за одмор

  • Лесно вградете решенија за топла вода во кујни и тоалети.

5. Сала за сервер

  • Достојна инфраструктура што лади до -20°C за вашите серверски простории.

6. Сала за состанок

  • Интелигентното око го насочува протокот на воздух воздухот настрана од луѓе и автоматски ја поставува единицата во режим за заштеда на енергија или ја исклучува кога ќе забележи дека просторијата е празна.

Разните внатрешни емитери се дизајнирани да се вклопат беспрекорно во вашиот деловен објект.

Касетна единица деловни и големи објекти

Касетна единица

Нашите тавански касети се направени да овозможат оптимален проток на воздух во сите видови на мали и големи простории, при што ослободуваат простор на ѕидовите и подот. Со најголем асортиман на пазарот, гарантираме совршено вклопување во објектот и распоредот на ентериерот.

Погледнете ја нашата рамна касетна единица

Погледнете ја нашата касетна единица за дување во сите насоки

решение за деловни простории скриена таванска единица

Скриена таванска единица

Скриените тавански единици се идеални за сите типови на ентериер, поради тоа што беспрекорно се вклопуваат секаде. Се инсталираат дискретно во спуштени тавани, на тој начин што се видливи само решетките од вентилацијата.

високоѕидна единица деловни простории

Со високоѕидна монтажа

Нашите високоѕидни единици се светски признаени за нивниот дизајн. Нивните мазни и елегантни изгледи ја носат климатизацијата на повисоко ниво.

Плафонска единица деловни и големи објекти

Плафонска единица

Плафонските касети се дизајнирани да бидат флексибилни. Ова е идеално решение за простории што немаат спуштен таван или имаат ограничен простор на подот. Поединечната контрола на капаците и разните агли на дување го олеснуваат уредувањето на секој ентериер.

Парапетна единица деловни и големи објекти

Парапетна единица

Парапетните единици се идеални за соби со високи тавани. Затоа што се блиску до подот, претставуваат оптимално решение за греење и ладење на ограничен простор.

Лесно надградете го или заменете го постоечкото решение за климатизација.

Единиците на Daikin се сметаат како „погодни за замена“. Со големи енергетски заштеди и минимални трошоци за инсталација, брзо ја враќате инвестиција.

replacement_logo.png
Употреба на постоечки цевки и електрична инсталација деловни и големи објекти

Дизајнирани за брзи инсталации, нашите решенија за деловни и големи објекти ги користат постоечките цевки и електрична инсталација за да се намалат трошоците и неефикасното време.

Намалете ги трошоците за инсталација деловни и големи објекти

Флексибилните единици, како рамната касетна единица на Daikin, директно одговараат на стандардни тавански плочки за да ги намалат трошоците за инсталација.

Се вградува со опрема од трето лице деловни и големи објекти

Интелигентната функција Touch Manager е систем за управување со бизнис што се вградува во вашата опрема од трето лице.

Од мали канцеларии до големи облакодери

Без разлика дали проектот е голем или мал, нудиме решенија за греење и ладење што ќе одговараат на вашиот објект. Најдете го она што совршено ќе ви одговара со големината на објектот или потребите.

office-small-710x460.png

Мали канцеларии

Решението Sky Air е идеално за помали простории, со одделни контроли за секоја единица.

Springbok_Daikin17_MarieMero-229.png

Деловни објекти со средна големина

Нашите VRV-решенија може да ги задоволат сите ваши потреби за климатизација. Идеални за мали и средни простории, со опции за централизирана и поединечна контрола на вашите единици.

Office-large-710x460.png

Големи деловни објекти и облакодери

Чилерите и опремата за климатизација се оптимално решение за средни и големи простории и ги задоволуваат сите ваши потреби за климатизација со помош на централно управуван систем.

Office-lobby-710x460.png

Големи деловни фоајеа

Воздушните завеси Biddle ја подобруваат стабилноста на внатрешната атмосфера со намалување на загубата на греење и капацитетот на климатизацијата. Воздушните завеси Biddle ја зголемуваат енергетската ефикасност до 72%.

offices-controls.png

Паметни контроли

Системот за управување со бизнис и интелигентната функција Touch Manager ви овозможуваат да ја контролирате климатизацијата од секаде, во секое време. Избирајте меѓу контроли за централно или локално управување, поставете програми за тајмер, оптимизирајте ја потрошувачката со нашите алатки за управување со енергија и лесно вградете опрема од трети лица.

freshair.png

Свеж воздух

Внесете свеж и здрав воздух со нашите клима комори. Идеални се за средни и многу големи простории и компатибилни се со сите решенија на Daikin што го користат нашиот систем за климатизација.

Дознајте повеќе