Skip to main content

Паметна и лесна контрола, каде и да одите

Задржете ја контролата над потрошувачката на енергија и работните трошоци со контролниот систем на Daikin којшто е пријатен за употреба.

Веруваме дека контролата на климатизацијата треба да биде едноставна, интуитивна, паметна и енергетски ефикасна.

Без разлика дали барате решение за вашиот дом или за вашиот бизнис, нудиме разни системи што ќе ви помогнат да ја контролирате климатизацијата и што ќе ви овозможат оптимална удобност.

Погледнете ги апликациите на Daikin

Управувајте со климатизацијата од секоја локација. Едноставно поврзете ја единицата со Wi-Fi мрежа и преземете ја апликацијата. Достапна е за iOS и Android, може да го менувате термостатот, да поставите распоред на температура, да ја надгледувате потрошувачката на енергија.

Вашиот дом

Овој екран ви овозможува преглед на вашиот дом. Оттука може да пристапите до сите функции и може да контролирате централно до 50 единици одеднаш.

Control Systems Your Home
Control Systems Individual Rooms

Поединечни соби

Прилагодете ги температурата, работниот режим, прочистувањето на воздухот и вентилаторите за поединечни соби, со помош на интерактивниот термостат.

Временски распоред

Создајте различен распоред со до 6 дејства на ден, 7 дена и активирајте специфични режими на работа.

Control Systems Time Scheduling
Control Systems Energy Usage

Употреба на енергија

Надгледувајте ја потрошувачката на енергија за да ја зголемите заштедата. Кориснички пријатни графикони и икони ви помагаат да согледате каде може да заштедите.

Паметно управување со објект

Со Daikin, управувањето со објектот никогаш не било полесно. Нудиме разни контролни системи за климатизација што ќе ви помогнат ефикасно да управувате со потрошувачката на енергија на објектот и ќе ја оптимизираат вашата удобност.


Контрола од повеќе локации

Централизирајте ја контролата врз вашите зони на атмосферата со поврзување на вашиот интелигентен контролер преку таблет со помош на Daikin Cloud.

  • Истовремено надгледувајте и тестирајте повеќе локации за да ја намалите големата потрошувачката на енергија
  • Поврзете со услугата Daikin Cloud и пристапете до вашите единици од секое место, во секое време
  • Интуитивниот интерфејс со екран на допир гарантира лесна контрола на климатизацијата
  • Идеална за мали до средни комерцијални примени


Систем за управување со објект

Интуитивната и пријатна за употреба интелигентна функција Touch Manager беспрекорно се интегрира со опрема од трето лице, за да можете да ја контролирате атмосферата, осветлувањето, алармите и останатите работи преку еден интерфејс.

  • Надгледувајте ја потрошувачката на енергија, оптимизирајте го користењето енергија и намалете ги трошоците
  • Модуларниот дизајн овозможува да ја прилагодите интелигентната функција Touch Manager на големината и потребите на објектот
  • Поврзете со i-Net на Daikin за далечинско надгледување 24/7 за да може системот на Daikin да работи беспрекорно и ефикасно
  • Лесна употреба на алатките за анализа на податоците за енергија што овозможува заштеда до 15%
  • Идеален за средни до големи комерцијални примени


Системи за поединечна контрола

Системите за поединечна контрола ви овозможуваат да ја контролирате атмосферата со пријатни интерфејси и функции на коишто може да се направи распоред.

  • Интуитивните интерфејси ја олеснуваат контролата на климатизацијата
  • Современите дизајни се вклопуваат беспрекорно во вашиот ентериер
Услуга Daikin Cloud


Контрола преку облак-платформа

Далечинско надгледување, управување и услуги за комерцијални и индустриски системи за ладење, греење и вентилација.

  • Надгледувајте и контролирајте го вашиот објект, без разлика каде се наоѓате
  • Управувајте со повеќе локации. Модуларниот концепт овозможува облак-платформата да расте со вашиот бизнис
  • Ви помага да ги намалите трошоците за енергија и да го зголемите работниот век на вашата опрема
bg-image
Управувач за атмосферата brc1h

Жичен далечински управувач Madoka

    • Интуитивна контрола на копчињата на допир
    • Елегантен и компактен дизајн во 3 бои за да одговара на секаков ентериер
    • Лесно прилагодени напредни поставки преку апликацијата или визуелниот интерфејс
    • Интерфејс, што е лесен за употреба
    НАГРАДА ЗА ДИЗАЈН iF
    bg-image

    iCM интелигентен управувач со чилер за простории со системи од чилери

    Оптимизирајте ги перформансите и подобрете ја достојноста на просторијата со систем со чилери со фабрички дизајнираната системска контрола.

    iCM ви помага да ги намалите трошоците за енергија и да го зголемите работниот век на вашата опрема.

    Лесни поврзувања на системот за управување со објектот

    Поврзете ги единиците на Daikin со разни интерфејси од системот за управување со објект. Со протоколи за интерфејс, може да ја контролирате атмосферата, удобноста и опремата од трето лице, како на пример, осветлување, лифтови, безбедносни системи и друго преку еден систем.

    modbus-интерфејс

    Modbus-интерфејс

    Вградете ги сите единици на Daikin во системот за управување со вашиот објект преку протоколот Modbus.

    knx-интерфејс

    KNX-интерфејс

    Вградете ги единиците Split, Sky Air и VRV со автоматизацијата на вашиот дом или со системот за управување со вашиот објект преку протоколот KNX.

    Интерфејс за управување со имот

    Интерфејс за беспрекорна врска помеѓу Daikin HVAC и системи за управување со имот, како што е Oracle Opera PMS.

    BACnet-интерфејс

    Вградете VRV, разладувачи и клима комори во вашиот систем за управување со објектот преки протоколот BACnet.

    LonWorks-интерфејс

    Вградете ги единиците VRV и разладувачите со вашиот систем за управување со објектот преку протоколот LonWorks.

    Паметна контрола за секаков тип на објекти

    Без разлика дали поседувате дом или продавница или сте управник на хотел, решенијата на Daikin ви помагаат да ја преземете контролата врз вашата атмосфера. Изберете го типот на објект за да го започнете проектот со нас.

    Преземете ја апликацијата Onecta