Цело време го поддржуваме вашиот бизнис
Меѓународниот деловен свет е многу сложен за повеќето компании. Затоа ние во Daikin сакаме да ги олесниме овие секојдневни деловни работи. Затоа го создадовме тимот за главни меѓународни клиенти (IKA): посветен тим од врвни експерти во полето на бизнисот и препродажбата, што се подготвени да помогнат вашата компанија да се движи низ индустријата HVAC-R и да постигне оптимална удобност и квалитет на воздухот низ целата година за вашите купувачи.
Вашиот меѓународен деловен партнер
Со работа во нашето главно европско седиште, нашиот IKA-тим ви служи како главен контакт за спроведување на сите меѓународни деловни можности. Со помош на мрежа од колеги и партнери од разни сектори низ целиот свет, нашиот тим може да ѝ помогне на вашата компанија да добие предност пред конкуренцијата преку понуда на ефикасност, транспарентност и флексибилност на вашите деловни стратегии.
Дополнителна вредност за одржливост
Создавањето одржлив бизнис значи фокусирање на подолг временски период, а нашите купувачи не се единствените што мислат сè повеќе и повеќе на тоа - и ние стоиме крај нив.
Нашиот IKA-тим моментално надгледува повеќе од 800 места низ Европа. Тоа значи многу податоци околу потрошувачката на енергија, трошоците за поправка и одржување на неколку различни примени. Со овие податоци сме во можност да доставиме реална и детална анализа за трошоците за време на животниот век на опремата, со што им се овозможува на купувачите даги споредуваат тековните трошоци и да донесат паметни деловни одлуки.
IKA-анализи на случај
Од улични продавници до супермаркети, сервисни станици, ресторани и хотели, нашиот IKA-тим е подготвен да им помогне на компаниите од многу деловни сектори. Погледнете ги нашите анализи на случаи од нашите главни клиенти за да видите како може да ги прилагодиме нашите услуги за да помогнеме во успехот на вашата компанија.
Улични продавници
Во Daikin го разбираме позитивното влијание од создавањето удобна атмосфера преку целата година во вашата продавница за вашите купувачи. Затоа нудиме комбинација од производи и услуги за да ги засилиме работните перформанси и удобноста во вашата продавница, а исто времено да ги намалиме трошоците за енергија.
Супермаркет
Супермаркети и малопродажни места за храна имаат многу специфични потреби во врска со греење, ладење, вентилација и разладување. А не треба да се спомене дека и трошоците за енергија играат многу голема улога. IKA може да служи како советник при надгледување на сите инсталации и може да ја следи вкупната потрошувачка на енергија на вашата продавница.
Сервисни станици и продавници за широка потрошувачка
Мали до средни простории со голема раздвиженост на посетители и многу работни часови значи и разни потреби од HVAC-R опрема. Колку е помал продажниот простор, толку е помал обртот на пари и толку се поважни работните трошоци. Дознајте како ги создаваме нашите производи за разладување и враќањето топлина за да ги задоволат сервисните станици и продавниците за широка потрошувачка.
Ресторан
Топлата вода може да се произведе на многу начини, но не во секој случај може се одржува нејзината температура. Топлотната пумпа не само што може да произведе топла вода со постојана температура, туку може да се грижи и за вашите потреби за греење и ладење. Дознајте како му помогнавме на светски реномиран ланец на ресторани да ја оптимизира својата деловна практика.
Хотели
Daikin овозможува иновативни, висококвалитетни решенија за управување со климатизација, греење и разладување за да се задоволат променливите потреби на хотелиерите, а истовремено да се овозможи врвна удобност за гостите.
Дознајте повеќе
Повеќе информации
За повеќе информации и прашања за нашиот IKA-тим, стапете во контакт со:
Daikin Europe N.V. - Претставништво во Брисел
Chaussée de Mons 1424
1070 Anderlecht - Belgium
Тел.: +32 2 529 61 24
keyaccounts@daikineurope.com