Корпоративната етика на Daikin е израз на основните вредности и претставува урнек за донесување одлуки. Лична одговорност и обврска на секој член на Daikin Europe Group е да ги почитува високите етички и правни експлицитни и имплицитни стандарди на водење на работите, без разлика дали се уредени со закон.
Ова се 12 клучни елементи на корпоративната етика на Daikin:
- Да се обезбеди правна согласност
- Да се овозможат безбедни, висококвалитетни производи и услуги во согласност со идните потреби на крајните корисници
- Да се спроведе бизнисот врз основа на принципите на фер конкуренција
- Да се применуваат фер постапки со одржување пријателски, но истовремено предизвикувачки и конкурентни односи со доставувачите
- Да се почитува интелектуалната сопственост и доверливоста на поседуваната информација
- Навремено и соодветно да се открие корпоративната информација
- Да се биде компанија што се стреми да има минимално влијание врз околината
- Да се овозможи безбедност при нашата работа
- Да се создаде динамично работно место што поттикнува гордост и ентузијазам во секој вработен
- Да се заштити корпоративниот имот
- Да се постапува умерено при забавите и размената на подароци
- Да се одржува строг став кон нелегалното, антисоцијалното и неетичкото однесување
Поднесување извештај за несообразност преку линијата за контакт
Ви благодариме на интересот за програмата за етика и усогласеност на Daikin Europe.
Посветени сме да овозможиме отворена и искрена околина во која засегнатите вработени и партнери имаат можност да ги искажат своите прашања, грижи или (можни ) прекршувања во врска со нашето водење на бизнисот.
Ако сте запознаени (имате сомнение) за прекршување на нашата корпоративна етика, можете (анонимно) да поднесете пријава за инцидент преку нашата линија за контакт. Се здруживме со Navex Global, каде што можете да пријавувате 24/7 преку интернет или преку телефон на јазик на кој претпочитате.
Нашата политика за пријавување ја објаснува нашата процедура за справување со пријави, доверливост и како да се почитуваат законите за заштита на податоци итн.
Вашите коментари ни се важни и ќе навремено одговориме на пријавените инциденти.
Корин Винке
Директор и главен правен службеник
Daikin Europe N.V.