Skip to main content

Политика за поткажување

1. Вовед

Во Daikin сме посветени да ја вршиме нашата работа на транспарентен начин. Се стремиме да ги почитуваме законите секаде каде што работиме. Низ целата групација Daikin Europe, вработените го почитуваат кодексот за корпоративна етика, со што се промовира правилно водење на работите без никакви нелегални активности. Принципите на нашата корпоративна етика се исти за секоја држава и за секој деловен сектор во кој работиме. Нашата корпоративна етика можете да ја погледнете на веб-сајтот www.daikin.eu.

Ги охрабруваме сите да поставуваат прашања и да ги изразат своите грижи и да го пријават секое (сомнително) неетичко или незаконско однесување во нашата деловна пракса. Групацијата Daikin Europe гарантира дека поднесените пријави се третираат со целосна доверливост.

Овде објаснуваме како можете да поднесете пријава и како ја вршиме нашата истрага по поднесената пријава. Ја објаснуваме и заштитата што ја нудиме на секој што ќе поднесе пријава.

2. Кој може да поднесе пријава?

Секој може да пријави сомнителна или забележана злоупотреба во групацијата Daikin Europe: вработени, како и надворешни соработници како претприемачи, советници, даватели на услуги, агенти, купувачи итн.

3. Каде можам да поднесам пријава?

Постојат повеќе начини на поднесување пријава. Можете да го изберете каналот за кој сметате дека е најдобар.

  • Можете да поднесете пријава до лицето за контакт во Daikin.
  • Можете да поднесете пријава преку телефонската линија за поткажување, достапна 24/7. Линијата за пријавување ги презема пријавите преку онлајн-формулар или преку телефон, на јазикот што го претпочитате. До линијата за пријавување можете да пристапите преку следниот линк: https://daikineurope.ethicspoint.com
    За да продолжите со пријавата, кликнете на линкот и одете во делот „Креирај пријава“ .
    Изберете ја вашата држава и посочете го посакуваниот метод за пријавување, онлајн-формулар или преку телефон. Ако сакате да пријавите преку телефон, ќе се појави телефонскиот број за вашата држава.
    Во сите случаи ќе добиете корисничка идентификација и лозинка. Прашањата и комуникацијата ќе ви бидат доставени и вам преку платформата. Можете да се вратите на платформата во секое време и да доставите документи или да поставите понатамошни прашања.
  • Во некои држави имам специфичен канал за пријавување, достапен на веб-сајтот на локалното лице2.

4. Дали можам да пријавам анонимно?

Опцијата е достапна, но во некои држави може да не е законски дозволена3. Можете да пријавите инциденти анонимно, но во некои држави тоа може да не е дозволено. Од вас бараме да доставите доволно детали и фактички информации за да можеме да ја истражиме пријавата соодветно.

5. Какви инциденти можам да пријавам?

Можете да пријавите секакви сомнежи за кои сакате да посветиме внимание, но оваа политика се стреми да добива пријави за прекршувања или можни прекршувања на корпоративната етика на групацијата Daikin Europe или на законите. Таквите прекршоци можат да бидат, на пример, прекршувања законот за конкуренција, кривичен престап или предизвикување штета на околината.

6. Дали сум заштитен кога поднесувам пријава?

Во Daikin сме посветени да ве заштитиме од секакви неповолности, дури и ако по истрагата се заклучи дека немало никако прекршување. Не толерираме возвраќање во каква било форма (отказ, спречување при унапредување, суспензија, …) против лица што пријавуваат со добра намера, со разумни причини и што сметаат дека постоело прекршување.

Но, ако свесно пријавите или јавно откриете погрешни информации, може да ја сносите вината. Можете да се соочите и со барања за надомест на штетата што настанала од погрешното пријавување или од јавното откривање погрешни информации.

7. Како ја обезбедуваме доверливоста?

Daikin ги третира сите пријави, нивната содржина, идентитетот на лицето што пријавува и на другите вмешани лица со доверливост. Ќе ја искористиме вашата пријава за извршување истрага и за применување мерки во врска со исходот.

Може да откриеме информации за факти или грижи во рамките на правна постапка или друга процедура што ја покренува власта. Може да откриеме информации ако одлучиме дека прекршокот треба да се пријави на властите и/или ако одлучиме да поднесеме официјална жалба.

Може и да ја откриеме содржината на пријавата до управата и/или нашите надворешни советници.

8. Што се случува откако ќе поднесам пријава?

Сите пријави ги сметаме за сериозни и со нив се справуваме со посебно внимание.

Комитетот за ревизија на групацијата Daikin Europe – или каде што е задолжително законски – локален претставник, е одговорен за истражување на добиената пријава. Комитетот за ревизија / локалниот претставник ќе ги преземе следните чекори откако ќе ја добие пријавата:

  • Во рок од 7 дена, комитетот за ревизија испраќа потврда до лицето што пријавува дека пријавата е примена.
  • Потоа комитетот за ревизија одлучува дали изјавата е прифатлива или не. Ако изјавата не е прифатлива – затоа што е надвор од доменот на оваа политика – комитетот за ревизија го известува лицето ја поднесува пријавата.
  • Ако изјавата е прифатлива, комитетот за ревизија врши истрага.
    • Комитетот за ревизија може да побара помош од други лица, како филијали или деловни оддели.
    • Комитетот за ревизија може да интервјуира вработени и/или трети лица коишто може да знаат нешто за пријавениот инцидент.
    • Комитетот за ревизија ќе ги прегледа документите поврзани со пријавениот инцидент.
  • По завршување на истрагата, комитетот за ревизија донесува одлука.
    • Ако се потврди инцидентот, комитетот за ревизија ќе преземе соодветни мерки за да се справи со согледаните проблеми.
    • Ако идентификуваниот инцидент не се потврди, случајот ќе се прекине.
  • Комитетот за ревизија го информира лицето што пријавило во рок од 3 месеци за исходот.

Комитетот за ревизија ги почитува правата за одбрана на секое лице засегнато во истрагата. Овие лица ќе добијат информации за фактите и грижите и ќе бидат ислушани.

Прекршување на корпоративната етика може да доведе до дисциплинарни мерки или прекин на работниот однос. Ако прекршокот во изврши трето лице, може да го прекинеме договорениот однос со тоа лице или нивен вработен.

9. Како ги почитуваме законите за заштита на податоци?

Справувањето со пријавите подразбира и обработка на лични податоци. Во зависност од инцидентот, групацијата Daikin Europe може да собере податоци како име, информации за контакт, работно звање, записи од пристап до системот и детали во врска со инцидентот.5

Ги задржуваме вашите податоци додека трае истрагата. Може да ги зачуваме некое време по истрагата, во зависност од процената на ризикот и законските барања, но не подолго од дозволеното, врз основа на важечките закони. За специфични типови податоци (на пр., записи за пристап), може да се применат и пократки периоди за зачувување. Може да ги задржиме податоците подолг период врз основа на легитимен интерес, како на пример за можни идни парници или регулаторни прашања, но тоа ќе го сториме според принципите за работа со што помалку податоци и според вашите права.

Имајте предвид дека имате право:

  • Да пристапите кон вашите лични податоци и да добиете копија.
  • Да коригирате погрешни или нецелосни лични податоци.
  • Да ги избришете вашите лични податоци при определени околности.
  • Да забраните вашите лични податоци да се обработуваат.
  • Да ја оспорите обработката на вашите лични податоци врз основа на легитимни интереси.
  • Да ги преземете вашите лични податоци во пренослив формат.
  • Поднесете жалба до институцијата за заштита на податоци во државата каде е пријавен инцидентот.

За подетални објаснувања и за примена на вашите права, обратете се до координаторите за заштита на податоци на dpc@daikineurope.com.

За повеќе информации околу нашата практика за заштита на податоци, погледнете ја нашата „Политика за заштита на податоци4“.

10. Процедура за поткажување и заштита во Европска Унија

Во Европската Унија, законите на земјите членки во ЕУ и таканаречената ЕУ-директива5 овозможуваат заштита на лицата што пријавуваат (наводни) прекршувања на законот („поткажување“).

Условите за користење на таквата заштита се следните. Запознајте се со специфичните услови на применливиот закон:

  • Сте морале да имате разумни причини да верувате дека информациите биле точни во моментот на пријавувањето и дека таквите информации спаѓале во доменот на законот;
  • Сте пријавиле внатрешно или надворешно или сте сториле јавно изложување во согласност со законот.

Внатрешно пријавување значи дека сте искористиле еден од каналите за пријавување на групацијата Daikin Europe. Се препорачува да се користи прво овој начин.

Надворешно пријавување значи дека сте поднеле пријава до надлежните власти во земјата членка на ЕУ. Овие надлежни власти се наведени во анекс 1. Можете да користите надворешен канал за пријавување откако пријавите преку внатрешен канал на групацијата Daikin Europe и овој канал не функционирал правилно.

Јавно изложување значи дека сте пријавиле директно во јавноста, на пример, преку интернет-платформа или преку друштвена мрежа или во медиумите. Ако изложувате јавно, ви следува заштита ако

  • ако прво сте пријавиле внатрешно и надворешно, но не се презела никаква мерка околу прекршувањето или
  • имате разумна причина да верувате дека постои неизбежна или очигледна опасност кон јавниот интерес или во случај на надворешно пријавување постои ризик од возвраќање.

Сите работи што спаѓаат во доменот на корпоративната етика не мора да значи дека се за поткажување. Нив ги нарекуваме „етички работи“. Заштитата што следува законски за лице што покренува етичко прашање не е иста при поткажување. Сепак, групацијата Daikin Europe ќе се однесува кон пријавените етички прашања на истиот начин: упатствата и процесите од оваа политика важат за сите пријави што сме ги примиле, без разлика дали се работи за поткажување или етичко прашање.

11. Прашања

Ако имате прашања, можете да се обратите до К. Винке, Директор и главен правен службеник, Daikin Europe N.V.

Е-пошта: vyncke.c@daikineurope.com

ANNEX 1: Релевантни надлежни власти што може да примат надворешно пријавување

АвстријаОддел за надворешно пријавување за законски прекршоци во Виена
Белгија

Федерален народен правобранител

Vlaamse Ombudsman

Народен правобранител на областа Брисел-Главен град

Ombudsfrau der Deutschsprachigen Gemeinschaft Belgiens

БугаријаКомисија за антикорупција и конфискација на нелегални имот
ХрватскаНародна правобранителка на Република Хрватска
Кипар

За идентификација на соодветен канал преку кој се пријавува, поткажувачите можат да се обратат до правен

советник и/или до канцеларијата на народниот правобранител.

ЧешкаМинистерство за правда, конфликт на интереси и оддел за антикорупција
ДанскаДанска институција за заштита на податоци
ЕстонијаМинистерство за правда, Оддел за Естонска Криминална Политика
ФинскаМинистерство за правда
ФранцијаDefenseur des Droits
Германија

Тело за надворешно пријавување согласно со предлог-законот за заштита на поткажувачите во

Федералното министерство за правда на Германија (Германија)

ГрцијаНационална институција за транспарентност
УнгаријаКомесар за основни права
ИрскаGarda Ombudsman, GSOC Protected Disclosure Unit (PDU)
ИталијаAutorità Nazionale Anticorruzione (ANAC)
ЛетонијаДржавен канцелар, место за обраќање на поткажувачите
ЛитванијаКабинет на јавен обвинител
Луксембург

Институција за финансиски услуги на Луксембург - CSSF

Комисија за осигурување на Луксембург - CAA

Надлежна институција на Луксембург

Институција за регистарски работи, имоти и ДДВ на Луксембург - AED

Инспекторат за труд и рудници на Луксембург - ITM

Комисија за заштита на податоци на Луксембург - CNPD

Центар за еднакви можности на Луксембург - CET

Посредникот, како дел од својата мисија да извршува надворешни проверки на места каде луѓето се

лишени од нивната слобода

Народен правобранител за деца и младинци

Регулаторен институт на Луксембург - ILR

Независен регулатор за аудиовизуелни медиумски услуги на Луксембург - ALIA

Асоцијација на адвокати на Луксембург и Дикирх

Комора на нотари на Луксембург

Медицински борд на Луксембург

Администрација за природа и шуми - ANF

Администрација за управување со вода - AGE

Администрација за воздушна навигација - ANA

Национална служба за народен правобранител за потрошувачи

Асоцијација на архитекти и консултантски инженери - OAI

Асоцијација на овластени сметководители на Луксембург - OEC

Институт на ревизори на Луксембург - IRE

Администрација за директно оданочување на Луксембург – ACD

Малта

Надворешното пријавување во Малта се одвива директно кон една од надлежните установи наведени во законот. Тие се:

Комесар за приходи (CfR), Единица за финансиска разузнавачка анализа (FIAU), Малта

Институција за финансиски услуги (MFSA), Комесар за доброволно организирање (CVO),

Трајна антикорупциска комисија и народнит правобранител.

ХоландијаHuis voor Klokkenluiders (Холандија)
ПолскаНародниот правобранител (иако конечниот закон не е усвоен сѐ уште – јануари, 2024)
ПортугалијаЈавен обвинител
РоманијаМинистерство за правда
Словачка

Кабинет на премиерот / Оддел за спречување корупција

Кабинет за заштита на поткажувачи

СловенијаKomisija za preprečevanje korupcije
Шпанија

Agencia Valenciana Antifraude

Ministerio de Justicia

Oficina Antifrau de Catalunya

Кабинет за спречување и борба против корупција на Балеарските Острови

Oficina Andaluza contra el Fraude y la Corrupción

ШведскаИнституција за работна околина на Шведска

1 Групацијата Daikin Europe се состои од Daikin Europe N.V. и Daikin Europe Coordination Center N.V., нивните ограноци и филијали, како и ограноците и филијалите на тие ограноци и филијали.

2 Погледнете ги веб-сајтовите на ентитетите во Италија.

3 Ако се наоѓате или пријавувате инцидент во врска со Република Чешка или Унгарија, треба да се посоветувате пред да пријавувате анонимно затоа што анонимното пријавување може да не подлежи на законска заштита.

4 https://www.daikin.eu/en_us/data-protection-policy.html

5 Директива (ЕУ) 2019/1937 од Европскиот Парламент и од Советот од 23 октомври, 2019 година за заштитата на лица што пријавуваат прекршувања на законите на Унијата