


Кровна единица за продавници и стоковни куќи
Продавниците и стоковните куќи имаат потреба од предизвикувачки дизајн поради ограничениот простор и комплексната структура со различни катови и простории. Кровните единици на Daikin нудат решение:
- Водот може да се поврзе на повеќе места (напред, лево, десно, долу) за да се оптимизира просторот за инсталација.
- EC-вентилаторите со голема ефикасност не треба да се оддржуваат, со што ги намалуваат прекините во работата на системот поради одржување.
- Регулаторот за вадење на воздухот и вентилаторот спречуваат да се создаде преголем притисок во објектот и да се создаде оптимално струење на воздухот.
- Може да се гарантира внатрешен воздух со висок квалитет благодарение на вграденото решение за свеж воздух и повеќето можности за филтрирање на воздухот.

Кровна единица за складишта и индустрија
Складиштата или индустриските примени може да претставуваат сериозни HVAC-предизвици за управници и инженери на објекти поради својата големина и уникатниот дизајн. Кровните единици на Daikin нудат решение:
- Комплет внатрешна и надворешна единица и фабрички наполнето разладно средство овозможуваат исплатлива инсталација.
- Висок НСП до 800 Pa овозможува подолг вод за подеднакво распределување на воздухот низ голема просторија.
- Scroll-компресорот и слободното ладење овозможуваат високо ефикасна работа 24/7.
- Алармот за затнат филтер означува кога треба да се чисти филтерот и овозможува оптимална работа и помала потрошувачка на енергија.

Помала емисија на CO2 и најдобра ефикасност на пазарот
Од пуштањето на Ururu Sarara во продажба во 2013 година, првиот климатизер во светот со разладното средство R-32, се потрудивме да го збогатиме нашето портфолио со разладни средства со понизок GWP. Пуштањето во продажба на новата серија кровни единици, најново портфолио наменето исклучиво за употреба со разладното средство R-32, го продолжува постојаниот развиток. Еволуција.

Широк асортиман за да се задоволат вашите потреби
Единици на залиха (MTS)

48 претходно дефиницирани единици достапни на залиха
- Брза испорака
- 3 верзии Основна, 2 регулатора и 3 регулатора
- Достапно е термодинамичко враќање на топлината на цел асортиман FC3
- Поголем капацитет за до 100 kW!
- Достапно со широк асортиман стандардни вградени функции
Единици по нарачка (MTO)

Целосно приспособливи единици за максимална флексибилност
- Скоро бесконечен број можности за конфигурирање благодарение на големиот избор на опции
- 4 верзии Основна, 2 регулатора, 3 регулатора и 4 регулатора
- Достапно е термодинамичко враќање на топлината на цел асортиман FC3
- Разменувач на топлина со плоча со голема ефикасност, достапен со асортиманот RS4
- Поголем капацитет до 100 kW!
- Достапно со широк асортиман стандардни вградени функции
- Лесен избор преку софтверот: rooftop.daikin.eu
Стандардни вградени функции на сите единици
- Зголемен опсег на капацитет до 190 kW!
- Компресори со инвертор
- Панели од 25mm со двојна облога
- Екран на допир во боја
- Вградена поврзливост

Зголемен опсег на капацитет до 190 kW!
- Поголема флексибилност за да се задоволат поголеми проекти со помала зафатнина
Компресори со инвертор
- Голема сезонска ефикасност низ целата година
- Достапни модели до 120 kW
Панели од 25mm со двојна облога
- Овозможуваат долготрајност и добра термичка и звучна изолација
Екран на допир во боја
- Интуитивен
- Подобра визуелизација на параметрите на единицата


Вградена поврзливост
- Директно вградување во интелигентниот управувач на допир на Daikin BMS (преку протоколот BACNET)
- Лесно вградување во BMS-системи од трето лице преку етернет-порта (BACnet TCP/IP и Modbus TCP/IP) или порта со 3 кабли (Modbus преку RS485)
4 линии за да одговараат на вашите потреби
UATYA-BBAY1

Голема флексибилност при инсталација и лесно сервисирање
- Концепт „приклучи-и-пушти“ за лесна инсталација
- Голема ефикасност
- Променливо враќање и довод на воздух
- Директно интегрирање со BMS на Daikin или на трето лице
- Фабрички наполнето разладно средство
UATYA-BFC2Y1

Верзија со 2 регулатора, со вградено решение за свеж воздух
- Слободно ладење со свеж воздух до 100%
- Подобрен квалитет на воздухот
- Заштеда на енергија со свеж надворешен воздух за ладење на објектот
- Ги опфаќа сите функции на основниот модел
UATYA-BFC3Y1

Верзија со 3 регулатора, со вградено решение за свеж воздух и вадење на воздухот
- Вградениот регулатор за вадење на воздухот спречува преголем притисок
- Термодинамичко враќање топлина, враќање изгубена топлина
- Ги опфаќа сите функции на моделот FC2
UATYA-BRS4*

Верзија со 4 регулатора, со вградено решение за свеж воздух, вадење на воздухот и враќање топлина
- Разменувач на топлина со плоча со голема ефикасност, што враќа вишок топлина
- Бајпас-регулатор за размена на топлина со плоча или слободно ладење
- Ги опфаќа сите функции на моделот FC3
- Достапно само како модел по нарачка

Софтвер за избирање кровна единица
- Пристап преку прелистувач или облак до вашите проекти од секаде,...
- Платформа (Windows, Mac,...) и хардвер (лаптоп, десктоп, таблет) независно
- Без потреба од локална инсталација или ажурирања
Дознајте повеќе
-
117 - Rooftop leafletPDF | 7.93MB