

Алмакос Клима ДООЕЛ
Компанијата Almakos Klima ДООЕЛ е основана на 12.02.2012 год. во Гостивар како официјален претставник и агент за продажба за DAIKIN AIRCONDITIONING CENTRAL EUROPE за териториите на Албанија, Македонија и Косово.
Дејност
Основна дејност на компанијата е давање техничка, логистичка, продажна и маркетинг поддршка на овластените DAIKIN партнери на пазарите на кои работи.
Компанијата Almakos Klima е одговорна за обезбедување на континуирана едукација на своите партнери, дизајнери и сите други кои доаѓаат во контакт со DAIKIN.
Визија и мисија
Визија на компанијата Almakos Klima е остварување на водечката позиција на брендот DAIKIN на пазарите на Албанија, Македонија и Косово. Водени со еден цел, дека квалитетот треба да е достапен за секого, работиме да ги задоволуваме потребите на секој потрошувач, без разлика дали станува збор за резиденцијален, комерцијален или индустриски сегмент. Ние не нудиме производ, ние обезбедуваме решение.
Мисијата на Almakos Klima е позиционирање на брендот DAIKIN на пазарот како симбол на квалитет, сигурност и долготрајност, кој благодарение на врвните технологии, им овозможува на корисниците оптимална комфора во однос на контролата на внатрешниот клима. Покрај тоа, работиме на зголемувањто на свеста за искористувањето на обновливите извори, а со тоа и на енергетската ефикасност, водејќи сметка и за зачувување на животната средина.
Нашата мисија
Посветени сме да овозможиме висококвалитетни производи за да создадеме удобна и одржлива внатрешна атмосфера за сите луѓе и региони во светот.
Суштинските вредности на Daikin Europe Group се:
- Апсолутен кредибилитет - посветеност во градењето односи засновани на доверба и искреност со купувачите, колегите, бизнис партнерите и заедниците.
- Деловно управување - посветеност во воздигнување на компанијата со охрабрување и наградување на поттикот и одличната работа на сите вработени.
- Хармонични меѓусебни односи - посветеност на работно место во кое сите заедно работат со посветеност да ги совладаат целите на и предизвиците на Daikin
Корпоративна општествена одговорност (CSR)
Како дел од глобалната Daikin Group, Daikin Europe се стреми да биде лидер во светот во секој аспект од својот бизнис. Корпоративната општествена одговорност не е само добронамерна иницијатива на Daikin. Вградена е во гените на компанијата и ја оформува нејзината корпоративна култура. Суштинските вредности, групната филозофија и прирачникот за корпоративна етика опишуваат како Daikin сака да го води бизнисот и да ги презема одговорностите за себе и за другите.
Групна филозофија
Менаџментот на Daikin формулираше јасна групна филозофија за да создаде основен начин на размислување, што ќе го поседуваат сите во Daikin Group. Групната филозофија на Daikin ги поттикнува сите во групацијата да создаваат нови идеи и предлози, да донесуваат одговорни одлуки и да преземаат флексибилни мерки во врска со нивната работа.
Корпоративна етика
Корпоративната етика на Daikin е израз на основните вредности и претставува урнек за донесување одлуки. Лична одговорност и обврска на секој член на Daikin Europe Group е да ги почитува високите етички и правни експлицитни и имплицитни стандарди на водење на работите, без разлика дали се уредени со закон.
Дознајте повеќе
-
About Us BrochurePDF | 6.56MB