

Создавање одржливи решенија за климатизација
Daikin е посветен да овозможи најефикасни и најбезбедни решенија за домовите, бизнисите и индустриите, што ќе ги задоволат потребите за ладење и греење, денес и во иднина.
Свесни сме за одговорноста да ја заштитиме околината и нашата политика и пракса внимаваат на еколошката одржливост при сè што правиме. Ги спроведуваме нашите бизниси во согласност со еколошките принципи, затоа што тоа е економски и еколошки поисплатливо.

Еколошки иницијативи на Daikin низ целиот свет
Ако сакате да дознаете повеќе за еколошките иницијативи на Daikin низ целиот свет, посетете ја веб-локацијата на Daikin Industries Ltd Corporate Social Responsibility (CSR).
Еколошоки цели на Daikin Europe N.V.
Daikin Europe има поспецифичен план за дејствување со еколошка политика и еколошки цели во поглед на ISO14000. Daikin Europe годишно известува за овие дејства во својот годишен извештај за екологија. Прочитајте повеќе >>
Нашата еколошка политика се заснова на следните фундаментални принципи:
* Хиерархија за управување со отпад според Лансинк: принципи или методи за управување со отпад, поставени од холандски член на парламент – Ад Лансинк – претставени со скала со одреден број скалила. Скалилата претставуваат хиерархија на подобрување на начините за справување со отпад на еколошки одговорен начин.
Лидери во еколошкото работење
Green Heart на Daikin
„Постапуваме со иднината на планетата на ум“
Daikin е посветен да овозможи најефикасни и најбезбедни решенија за домовите, бизнисите и индустријата, што ќе ги задоволат потребите за ладење и греење, денес и во иднина.
Свесни сме за одговорноста да ја заштитиме околината при сè што правиме и сите наши политики, постапки и процеси се развиени и имплементирани со еколошка одрлживост.
Одржувањето на околината е основна цел на Daikin. Го спроведуваме нашиот бизнис во согласност со зелените принципи, затоа што е добро и од економична и од еколошка гледна точка.


Еколошка одржливост за нашите купувачи
Чилерите на Daikin овозможуваат прецизна контрола при производството за употреба во процесите за разладување. Овозможуваат и поопширна климатска контрола при производствениот процес, како дел од целиот систем за управување со објектот.
Редовно ги информираме купувачите за најновиот напредок во нашите иновативни, енергетски ефикасни технологии и им нудиме интелигентно управувани, интегрирани решенија, што овозможуваат уште поголема финансиска заштеда и намалување на емисијата на јаглерод.
Повеќе детали може да најдете на веб-сајтот за одржливост.
-
Environmental report 2020_Product catalogue_ECPEN20-604_EnglishPDF | 2.66MB
-
SDG pioneer certificatePDF | 699.55KB
-
Certificate Super Green Heart FactoryPDF | 1.34MB