
Централизирана контрола на повеќе зони
Комерцијалните простории имаат голема потрошувачка на енергија и често содржат различни зони, за коишто треба посебно греење, ладење, осветлување, разладување и вентилација. Интелигентниот контролер преку таблет овозможува решение за контрола на сите овие променливи од еден централизиран интерфејс или преку Daikin Cloud. Со целосно решение што може да управува со различни зони, ја зголемувате енергетската ефикасност, ја намалувате потрошувачката на енергија и ја подобрувате удобноста на вашите клиенти.

Контролирајте од една до ∞ локации со услугата Daikin Cloud.
1. Кујна - Поединечна контрола од страна на персоналот
2. Склад - Намалете ги трошоците за енергија за простории каде нема потреба од удобност со поставување поинаков, поширок опсег на температура
3. Гардероба - Прилагодени поставки за да се овозможи поголема топлина во гардеробите за максимална удобност на купувачите
4. Продажно место - Тајмерот е поставен на услови за пред, за време на и за после продажба.

Интуитивни пријатни контроли
Елегантниот екран на допир за локална контрола е дизајниран да одговара на секој ентериер, а интуитивниот интерфејс го прави системот многу пријатен за употреба.
Дури можете и да ја ограничите можноста на персоналот да ги менува поставките за оптимално користење, при што ќе овозможите максимална енергетска ефикасност и корисничка поддршка.
Поврзете се со Daikin Cloud
Контролирајте го објектот од секоја локација. Услугата Daikin Cloud може да поврзе повеќе локации на објекти и до неа може да се пристапи преку било кој уред што има интернет. Исто така, инсталаторите и техничарите имаат пристап до услугата Could за да можат далечински да се најават и веднаш да започнат со отстранувањето грешки, ако постои некаква неисправност. Пријатниот интерфејс ја олеснува контролата, а автоматското следење на потрошувачката на енергија ви помага да ги намалите трошоците на подолг временски период.
