


Енергетски ефикасна
Со оцена за сезонска ефикасност A++ за греење и ладење, Daikin Sky Air значително ја намалува потрошувачката на енергија преку иновативните технологии.
- Променливата температура на разладното средство автоматски ја прилагодува температурата на разладното средство според оптоварувањето
- Единиците со автоматско чистење ја зголемуваат заштедата за 50% во споредба со стандардни касетни единици и скриени тавански единици
- Топлотната пумпа користи обновлива енергија за да овозможи греење во зима и ладење во лето

Технологија Bluevolution
Исто така, системот Sky Air е достапен со технологијата Bluevolution со најмала емисија на јаглеродни гасови. Погледнете го асортиманот на технологијата Bluevolution и дознајте повеќе за придобивките од употребата на разладното средство R-32.
- Удобност
- Доверливост
- Контрола
Создаден за да овозможи удобност
Сензорите за на под и за присуство го насочуваат воздухот настрана од вас, за да се создаде совршен проток на воздухот, а променливата температура на разладното средство спречува провев. Дизајниран со технологија на тивко работење, системот Sky Air работи толку тивко што заборавате дека воопшто постои.
Квалитетни производи и персонал
Нашата политика на производство без дефекти значи дека постојано ја тестираме секоја единица за време на производството, за да се увериме дека ќе работи совршено во годините што доаѓаат. Исто така, ја имаме најголемата мрежа за поддршка, за да може во секое време сертифициран техничар на Daikin да биде подготвен да ви помогне.

Постојано под контрола
Со услугата Daikin Cloud, можете лесно да го контролирате системот и да ја надгледувате потрошувачката на енергија од секаде и во секое време. Дознајте повеќе
Целосно решение за климатизација на вашата продавница
- Намалете ја загубата на топол и ладен воздух преку влезот со нашите воздушни завеси Biddle зголемете ја заштедата на енергија за до 72% во споредба со решенијата на струја
- Уживајте во свежиот воздух со системите за вентилација со помош на ефикасното враќање топлина
- Уникатната касетна единица со автоматско чистење собира прав и нечистотии за да ја зголеми работната ефикасност за до 50% и значително да ги намали трошоците за одржување
- Скриените тавански единици се вклопуваат беспрекорно во вашиот ентериер и ослободуваат простор за полици и екрани
- Услугата Daikin Cloud ви овозможува да управувате со повеќе места од секоја локација


Флексибилно решение
Може да се прилагодува за мали до средни комерцијални примени.
Дизајниран за вашиот ентериер
Најширокиот достапен асортиман на внатрешни единици. Изберете го најдоброто грејно/разладно тело за вашиот простор.

Опремена со иновативна технологија
Системот Sky Air е опремен со функцијата за променлива температура на разладно средство, уникатна технологија што интуитивно ја прилагодува температурата на разладното средство, врз основа на временските услови и потребите на објектот.
Освен што овозможува системот Sky Air да работи со најголема ефикасност во секое време, функцијата за променлива температура на разладното средство ја подобрува удобноста преку создавање повисока температура на протокот на воздухот за да се одржи стабилна атмосфера без провеви и да ви помогне да ги задржите купувачите подолго време во продавницата.
Флексибилна и лесна инсталација
Надворешните единици се компактни и лесно се инсталираат на ѕид, на покрив или на тераса. Sky Air е исплатливо решение за нови објекти и идеална замена за старите и помалку ефикасни системи, затоа што ја користи постоечката цевна инсталација и инсталацијата за струја, а поради тоа не треба да се кршат ѕидовите.
Благодарение на опцијата за заштита од бучава звукот при работа се намалува за до 10 dB(A), со што примената на топлинските пумпи е многу флексибилна, дури и на места чувствителни на бучава.


Широк опсег на решенија за филтрација како дополнителна опција
- Технолгијата за автоматско чистење филтер овозможува помали трошоци за работа, поголема достојност и поудобен внатрешен простор
- Опремата за UV Streamer отстранува 99,9 % од вирусите и другите загадувачи на воздухот, благодарение на уникатниот пристап на принципот „Зароби и исчисти“
Нашите водечки решенија Sky Air
Дознајте повеќе
-
121 - Commercial Solutions CataloguePDF | 2.59MB
-
100 - Sky Air product catalogue for professionalsPDF | 46.69MB