Касетна единица за дување во сите насоки со автоматско чистење

Касетна единица за дување во сите насоки

Технологијата за кружен проток на воздух од 360° на Daikin овозможува најдобра удобност на пазарот и ја зголемува енергетската ефикасност за до 50%.

касетна единица за дување во сите насоки инсталација продажба

Паметните технологии создаваат удобна атмосфера

Со проток на воздух од 360°, никогаш нема да почувствувате ладен провев или непостојано дување. Интелигентното око го забележува и го насочува протокот на воздух настрана од луѓе, а подните сензори овозможуваат еднаква температура од подот до таванот.

Висока ефикасност на касетната единици за дување во сите насоки на Daikin

Зголемената енергетска ефикасност ја зголемува заштедата

Касетната единица за дување во сите насоки е опремена со уникатен панел со филтер со автоматско чистење што ги намалува трошоците за одржување и ја зголемува енергетската ефикасност за до 50% во споредба со нормални касетни единици. Интелигентното око ја вклучува касетата во режим за заштеда на енергија автоматски или ја исклучува кога ќе забележи празна соба, со што се намалуваат трошоците за енергија до 27%.

flexible_solutions_roundflowcassette.png

Флексибилниот дизајн се вклопува во секоја просторија или инсталација

Со најмалата висина за инсталација на пазарот, касетната единица за дување во сите насоки се вклопува беспрекорно во вашиот таван. Нејзиниот флексибилен дизајн овозможува проток на воздух во 2, 3 и 4 насоки, за да можете да ја инсталирате во ќош, блиску до ѕидот или во соби со неправилна форма.

Лесно одржување

Опремена со специјален филтер со автоматско чистење, касетната единица за дување во сите насоки гарантира постојано работење и ја зголемува ефикасноста за до 50%. Правот што се собира при дневното автоматско чистење се собира во кутија, којашто може да собере прав собиран до 12 месеци.

Заборавете на скалите и техничарот за чистење. Сè што треба да направите за да го извадите правот од кутијата е да поврзете нормална правосмукалка.

easy_cleaning.jpg

Вистинска заштеда

Вулверхемптон, Обединето Кралство

По инсталирање на касетата со автоматско чистење, овој склад покажа 50% намалување на потрошувачката на енергија во споредба со претходно стандардно решение.

roundFlowCasette_savings.png

Создадена за удобност

Интелигентното око користи сензори за присуство за да забележи и да го пренасочи воздухот настрана од луѓе за да ги елиминира ладните провеви. Системот автоматски се вклучува на режим за заштеда на енергија или се исклучува кога ќе забележи празна соба. Дополнителните подни сензори се грижат температурата да остане постојана од подот до таванот.

касетна единица за дување во сите насоки сензори

Балансиран проток на воздух

Работата со агол од 360° овозможува совршено балансиран проток на воздух и истовремено ги отстранува мртвите точки. Системот за вертикално автоматско нишање автоматски го доставува воздухот подеднакво низ целата соба и ги намалува флуктуациите на температурата. Ова резултира со помалку циклуси на вкл/иск, со што се намалува потрошувачката на енергија и ја зголемува заштедата.

Најголем избор на панели на пазарот

Достапна во бела и црна боја, касетна единица за дување во сите насоки може да го задоволи секој ентериер.

7 различни панели во дизајн-верзија, верзија со автоматско чистење и стандардна верзија одговараат на сите потреби и околини.

Панели од дизајн-верзијата во бела и црна боја

Панели од дизајн-верзијата во бела и црна боја

› Нова линија на панелите од дизајн-верзијата, што ги кријат решетките за внесување воздух, за подобар стилски изглед

› Со проток на воздухот во 360°, широки капаци и дополнителни интелигентни сензори

Панели со автоматско чистење во бела и црна боја

Панели со автоматско чистење во бела и црна боја

› Уникатната касетна-единица на Daikin со автоматско чистење, пошироки капаци и дополнителни интелигентни сензори

› Панел со поситна мрежа за места со прав (на пр., бутици и книжари)

Стандардни панели во бела и црна боја

Стандардни панели во бела и црна боја

› Уникатната касетна-единица на Daikin за дување во сите насоки со проток на воздухот во 360°, со пошироки капаци и дополнителни интелигентни сензори

Слични производи

Дознајте повеќе