

Дали постои магичен број?
Најчестиот совет е дека температурата околу 21-22 °C е идеалната и најздравата внатрешна температура, низ целата година. Но тоа е индивидуално за секого – потоплата околина можеби е подобра за бебиња, постари луѓе и болни лица. На други им е жешко поголемиот дел од времето им е топло при „нормалните“ температури.
Затоа, кога се обидувате да ја најдете „идеалната“ температура, првото прашање што треба да си го поставите е колку топол треба да биде вашиот дом за вас и за другите што живеат под истиот кров и да се обидете да најдете некаква средина што ќе им одговара на сите.
Што ако е претопло?
Околината во којашто живееме директно влијае врз нашето здравје – често не можеме да заспиеме кога е претопло. Децата особено се чувствителни на собна температура – за некои премногу топол воздух (а со тоа и пресув воздух) предизвикува потешкотии во дишењето, што доведува до посериозни респираторни проблеми.
И постарите луѓе потешко се справуваат со превисока собна температура, а преголемата топлина се смета за силен фактор при предизвикувањето инфаркт, срцев удар или астма.
Преголемата топлина предизвикува и поголеми трошоци. Дури и оние што не се засегнати со пари не треба да користат непотребна количина од изворите за греење.
Што ако е преладно?
Некои луѓе знаат по некој што сака да им кажува на луѓето да се „стуткаат“ место да користат греење–тоа е штедлив пристап на работите во животот.
Другиот аспект овде е удобноста. И прениската температура може да предизвика потешкотии при спиењето и при концентрацијата за учење и работа. Треба да го имате ова предвид ако живеете со некој што е студент или што работи од дома.
Прениската температура може да предизвика болки во мускулите и замор, затоа што телото не може да се релаксира кога постојано се напрега од ниската температура. И апетитот се зголемува кога времето е поладно, па се случува да се прејадеме кога се обидуваме да се згрееме. Тоа е можеби и причината што често се обидуваме да ги симнеме „зимските килограми“ кога ќе дојде пролет!
Како да ги постигнеме вистинските услови?
Како што наведовме претходно, „вистинската“ температура зависи од домаќинството. Инсталирањето висококвалитетен климатизер со повратен циклус значи еден чекор понатаму, но потребно е и да го спречите провевот во домот, да ја проверите изолацијата, да поседувате доволно лесна постелнина и да го поставите термостатот на долниот крај од договорениот опсег на температура. Не можете да ги контролирате годишните времиња, но можете да ја контролирате удобноста во вашиот дом.
Дали знаевте?
Климатизер со повратен циклус е познат и како „топлотна пумпа“. Едноставно презема топлина од надворешниот воздух и сред зима и го внесува внатре преку разладно средство за да го згрее (или олади) воздухот пред да го распредели низ просторијата. Топлотните пумпи се ефикасен начин да го згреете домот преку зима.