Колку може да влијае слабиот квалитет на надворешниот воздух врз внатрешниот воздух
Загадувањето однадвор може да го влоши внатрешниот воздух. Нашите прочистувачи на воздух можат да помогнат

Да ги отворите прозорите и да вдишете чист воздух претставува големо задоволство. Но што ако квалитетот на надворешниот воздух е низок? Еве како може прочистувач на воздух од Daikin да го измени воздухот што го дишете во вашиот дом
Загадување на внатрешниот и надворешниот воздух
Свежиот воздух е скапоцена работа, но и ретка ако живеете во урбана средина. Загадување, пареи, алергени и други нечистотии демнат надвор и можат да влијаат врз вашето здравје, особено ако имате алергии.
Дури и ако ги чувате прозорите и вратите затворени, надворешниот воздух може да влијае на вашиот дом затоа што загадувањето може да навлезе во објектите преку процепи и вентилација. Правот и поленот, како и гасните загадувачи како јаглерод моноксид, сулфур диоксид и азот диоксид може да навлезат внатре и да влијаат врз вашето здравје. Загадувањето на внатрешниот и надворешниот воздух се често поврзани.
Кои се ефектите од слаб квалитет на воздухот?
Можете веднаш да ги забележите ефектите врз здравјето од слабиот квалитет на воздухот, но долготрајната изложеност може да доведе до разни здравствени проблеми, како респираторни болести, главоболка и дразнење на очите, носот и грлото. Во некои случаи може да ги поттикне веќе постојните заболувања, како астма.
Ако имате тешкотии во спиењето, причина за тоа може да биде загадувањето на внатрешниот и надворешниот воздух. Алергените како бактерии, габи и грини можат да предизвикаат често кивање, затнат нос, растечен нос и болно грло за сите кои подлежат на нив. Па така, кога си легнувате, дишењето може да ви биде отежнато, а спиењето нарушено, поради што ќе се чувствувате уморни цел ден.


Решенија за подобрување на квалитетот на воздухот
Прочистувач на воздух е совршено решение за подобрување на квалитетот на внатрешниот воздух затоа што може да помогне во спречување на ефектите од надворешната средина. Може да ги филтрира малите честички, поленот и гасните загадувачи од воздухот.
Секој прочистувач на воздух од Daikin содржи извонреден електростатички HEPA-филтер којшто трае десет години и може да ги отстранува малите честички како прав, полен и првут од миленичиња.
Бројни се придобивките од употребата на прочистувач на воздух за намалување на загадувањето и иритирачките супстанци. Прочистувач на воздух може да ги намали симптомите на астма, да ги уништи токсичните хемикалии од внатрешната средина и да ги отстрани непријатните мириси.
Друга придобивка од подобрување на квалитетот на воздухот во домот е тоа што вашето семејство е помалку изложено на болести како обична настинка и грип. Без прочистувач, сите го дишат истиот воздух, па ако има вируси наоколу, веројатноста е голема дека ќе се рашират. HEPA-филтрите на прочистувачите на воздух ги заробуваат овие бактерии и вируси и ги спречуваат болестите што се пренесуваат преку воздух.
Подготвени сте да се справите со слабиот квалитет на воздухот во вашиот дом? Откријте ги нашите решенија за прочистување воздух!