Skip to main content

Пет придобивки од инвестирање во прочистувач на воздух за вашиот дом

Далматинец лежи на подот во дневната соба до прочистувач на воздух

Прочистувачите на воздух се вредна инвестиција за сите што сакаат да го подобрат квалитетот на воздухот во домот или канцеларијата. Еве пет причини зошто прочистувачите на воздух се вредна инвестиција:

1. Прочистувачите на воздух можат да ви го подобрат здравјето

Слабиот квалитет на воздухот може да доведе до разни здравствени проблеми, како на пример респираторни нарушувања, главоболки и дразнење на очите, носот и грлото. Прочистувачите на воздух – особено оние што содржат извонредни електростатички HEPA-филтри - можат да помогнат да се намали изложеноста на загадувачи и алергени, а со тоа да ги намалат симптомите и да ја подобрат севкупната благосостојба.

2. Можат да го намалат изложувањето на загадувачи и алергени

Прочистувачите на воздух од Daikin содржат филтри и технологии што можат да заробат голем број загадувачи и алергени, како прав, полен, првут од миленичиња, спори од мувла и штетни органски соединенија (VOC). Прочистувачите на воздух можат многу да придонесат за луѓето со алергии или со астма, кои се чувствителни на овие честички.

3. Можат и да го подобрат квалитетот на воздухот за чувствителните лица

Лицата со нарушен имунитет, децата, постарите, бремените жени или сите што закрепнуваат од некоја болест можат да имаат придобивки од почист воздух и да бидат помалку изложени на загадувачи. Поподложни се на инфекции од вируси и бактерии што се пренесуваат преку воздух, па чистиот воздух ќе им помогне многу.

4. Прочистувачите на воздух ги намалуваат непријатните мириси

Некои од прочистувачите на воздух содржат филтри со активен јаглен што можат да помогнат во отстранување на непријатните мириси, како чад од цигари, мириси од готвење и хемикалии за домаќинство или непријатни мириси од миленичиња.

5. Можат да ви помогнат да заштедите пари на подолг период

Инвестирањето во прочистувач на воздух може да ви заштеди пари на подолг период затоа што може да ја намали потребата од медицински третмани за здравствени проблеми поврзани со слаб квалитет на внатрешниот воздух. Можат да го продолжат работниот век на системите за греење, за вентилација и за климатизација (HVAC) со намалување на количината прав и други загадувачи во каналите за воздух. Со филтри што имаат работен век од десет години, ќе бидете спокојни затоа што не треба да се менуваат секоја година.

Две млади сестри седат на кујнски столици и се смеат
Семејство со две деца и далматинец се релаксираат во дневната соба со добар квалитет на воздухот

Па, дали прочистувач на воздух е добра инвестиција? Ако сакате да го подобрите квалитетот на воздухот во домот или канцеларијата и да си го заштитите здравјето, одговорот е исклучиво „Да“. Прочистувачите на воздух можат да помогнат и да се намалат симптомите на алергии и астма, да се намали изложеноста на прав и влакна од миленичиња и да се отстранат загадувачите и алергените.

Погледнете ги прочистувачите на воздух од Daikin и искусете ги овие придобивки и вие самите