12 совети за употреба на прочистувач на воздух во вашиот дом
Како да го добиете најдоброто од вашиот прочистувач на воздух од Daikin

Прочистувачите на воздух можат да помогнат да се намали количината на прашина, алергени и мириси во вашиот дом и да се отстранат чадот и непријатните мириси од миленичиња. Од тоа кое е најдоброто место да го поставите до тоа како да ја користите функцијата „тивок режим“ за пријатно спиење, еве некои совети за најдобра употреба на прочистувач на воздух од Daikin
1) Менувајте го филтерот на прочистувачот на воздух секои десет години
Извонредните електростатички HEPA-филтри на Daikin се долготрајни и ви овозможуваат спокојство низ цела една декада. Не само што се ефикасни при отстранување помали честички како прав и полен, туку и се многу исплатливи за цената. Само внимавајте на датумот затоа што треба да ги менувате на секои десет години. Поставете си потсетник за годината кога сте го купиле на задниот дел од единицата.
2) Правилно поставување на прочистувачот на воздух
Најдобро место а прочистувачот на воздух е во просторијата каде ќе биде најефективен, а една од добрите страни на прочистувачот на воздух од Daikin е што може лесно да се преместува. Па така можете да го поставите во дневната соба, спалната соба или секаде каде поминувате подолго време. Изберете стабилна подлога, подалеку од ѕидови и препреки за да добиете почист воздух.
3) Вклучувајте го прочистувачот на воздух редовно
Прочистувачите на воздух од Daikin се многу енергетски ефикасни па затоа добро е да бидат вклучено што е можно повеќе за да го добиете најдоброто од нив. Оставете го прочистувачот на воздух да работи и кога сте дома за да го чисти воздухот постојано. Можете да го оставите вклучен и кога сте излезени.
4) Користете го автоматскиот режим
Не знаете кој режим е најдобар? Прочистувачите на воздух од Daikin ви ја олеснуваат работата со автоматски режим што ја приспособува брзината на вентилаторот според квалитетот на воздухот. Така ќе бидете уверени дека воздухот во вашиот дом е постојано чист.
5) Обидете се со функцијата за тајмер
Ако сте зафатени, не треба да се грижите дали сте го вклучиле и исклучиле прочистувачот за воздух. Едноставно користете ја функцијата за тајмер за да се вклучува и исклучува автоматски кога сакате. Така ќе бидете сигурни дека ќе имате чист воздух кога ќе дојдете дома. Совет: поставете го да се вклучи пред да дојдете дома за да ве чека свеж и чист воздух.


6) Чувајте го прочистувачот на воздух подалеку од ѕидови и мебел
Прочистувачот на воздух од Daikin работи најефикасно кога воздухот циркулира слободно, па затоа не треба да биде близу ѕидови или други предмети и не оставајте ништо врз него.
7) Чистете го прочистувачот на воздух редовно
Прочистувачот на воздух од Daikin е лесен за чистење; само избришете го со влажна крпа за да ја отстраните прашината и некакви остатоци.
8) Користете го прочистувачот со други методи за чистење воздух
Иако прочистувачот на воздух од Daikin е ефикасен, важно е да сторите сѐ што можете за да го одржувате домот чист. Отворете ги прозорците за да влезе свеж воздух и чистете со правосмукалка и бришете прашина редовно за да не се таложат загадувачи и нечистотии. Многу растенија можат да помогнат да се исчисти воздухот, како хризантемите, коишто сакаат сончево место до прозорецот или зелените лилјани коишто се лесни за растење и за чување.
9) Изберете прочистувач на воздух што е соодветен за вас
Ако чувате саксиски растенија, ќе ви треба и прочистувач на воздух со функција за развлажување за да ги одржува здрави. Важно е почвата да не им се суши, а прочистувачот ќе се погрижи влажноста на воздухот во домот да се одржува на совршено ниво.
10) Користете „тивок режим“ кога сакате да спиете
Не треба да се грижите дека прочистувачот на воздух ќе ве држи будни цела ноќ. Прочистувачите на воздух од Daikin имаат „тивок режим“ што ги намалува брзината на вентилаторот и бучавата за да можете полесно да спиете. Дури и ако спиете лесно, ќе видите дека се многу тивки.
11) Не заборавајте го сензорот за квалитет на воздухот
Најголемиот број од прочистувачите на воздух од Daikin имаат сензор за квалитет на воздухот којшто го забележува нивото на загадувачи и ја приспособува брзината на вентилаторот соодветно.
12) Не заборавајте да го преместувате прочистувачот на воздух
Прочистувачот на воздух од Daikin е компактен и пренослив, па затоа искористете го најмногу што можете. Можеби веќе го користите во спалната или дневната соба но поставете го и во другите простории каде поминувате подолго време, како во кујната или домашната канцеларија. Тоа е одличен начин да го подобрите севкупниот квалитет во вашиот дом.