Топлински пумпи воздух-вода
Топлинските пумпи воздух-вода се комплетни системи што овозможуваат греење, ладење и топла санитарна вода. Користат до 75 % обновлива енергија од надворешниот воздух, помагаат да се намали потрошувачката не енергија и трошоците за работа. Можат да се комбинираат со многу постојни и нови грејни тела, поради што се погодни за нови домови, реновирања и замена на бојлери, во зависност од потребите на вашиот дом.
Мешани топлински пумпи
Мешаните топлински пумпи ги комбинираат технологиите воздух-воздух и воздух-вода. Комбинирајте греење и ладење воздух-воздух со топла санитарна вода и спојки за подно греење или радијатори. Погодни за новоизградени домови.
Геотермални топлински пумпи
Геотермалните топлински пумпи користат обновлива енергија од земјата за да овозможат ефикасно греење и ладење и топла санитарна вода. Затоа што немаат надворешна единица, овозможуваат дискретно решение за нови објекти и за реновирање, каде има доволно простор.