Skip to main content

Последна промена: 21 декември 2022 година

Daikin Europe N.V. е во целосна сопственост на јапонската фирма Daikin Industries Ltd. Групацијата Daikin произведува, продава, дистрибуира и рекламира опрема за климатизација, греење, вентилација и разладување и деловни решенија, заедно со своите европски подружници.

Daikin Europe N.V., заедно со своите европски подружници (во понатамошниот текст, „DENV-G“, „ние“, „нас“, „наш“ и т.н.) и матичната фирма Daikin Industries Ltd. (во понатамошниот текст, „DIL“), целосно се посветени на заштитата на личните податоци преземени од податочните субјекти (во понатамошниот текст, „корисник“, „вие“, „ваш“) без интернет, преку хартија, договори, изјави (во понатамошниот текст, „формулари“) или на интернет преку веб-страницата www.daikin.eu (во понатамошниот текст, „веб-страница“) и преку, но не и ограничено на, (веб) апликациите, софтверот и дигиталните алатки на DENV-G (во понатамошниот текст, „апликации“).

Во согласност со европската општа регулатива за заштита на податоци (ЕУ) 679/2016 (GDPR), со цел:

  • да овозможиме транспарентност за личните податоци што ги преземаме без интернет, преку формулари или на интернет преку веб-страницата и/или апликациите;
  • да овозможиме транспарентност при користењето на собраните лични податоци;
  • да им помогнеме на податочните субјекти да ги користат своите права;
  • затоа, ја утврдивме политиката за заштита на податоци.

Заштитата на вашите лични податоци ни значи. Нашата цел е да ги обработуваме вашите лични податоци на законски, соодветен и транспарентен начин.

Внимателно прочитајте ги политиката за заштита на податоци и нејзините главни важни термини, што се наоѓаат во овој документ со големи букви.

Во врска со ова, ако имате какви било прашања или забелешки, контактирајте нè.

1. УПРАВУВАЧИ СО ПОДАТОЦИ, ЗДРУЖЕНИ УПРАВУВАЧИ СО ПОДАТОЦИ И ОБРАБОТУВАЧИ

Daikin Europe N.V. и нејзините европски подружници коишто се основани во рамките на Европската унија, подлежат на Општата регулатива за заштита на податоци (ЕУ) 679/2016 (GDPR) и на кои било претстоечки закони во примена на горенаведената регулатива, кои стапуваат на сила во земјата-членка во којашто се основани.

УПРАВУВАЧИ СО ПОДАТОЦИ

Ве информираме дека сите лични податоци што ќе ги внесете преку формулари или на интернет преку веб-страницата и/или апликациите, се користат за долунаведените цели од страна на Daikin Europe N.V., со регистрирано седиште на Zandvoordestraat 300, B-8400 Oostende (матичен број 412.120.336), во нејзиното својство на управувач со податоци (погледнете важни термини).

Европските подружници на Daikin Europe N.V.имаат својство на управувачи со податоци во однос на обработката на личните податоци преземени преку формулари или на интернет преку веб-страницата и/или апликациите.

ЗДРУЖЕНИ УПРАВУВАЧИ СО ПОДАТОЦИ

Во иднина е можно Daikin Europe N.V., заедно со DIL, врз основа на писмен договор, заедно да утврдат цели и средства за обработка на личните податоци како здружени управувачи со податоци.

Во иднина е можно Daikin Europe N.V., заедно со своите европски подружници, врз основа на писмен договор, заедно да утврдат цели и средства за обработка на личните податоци како здружени управувачи со податоци (на пример, но не ограничувајќи се на, во секој случај подружницата е особено вклучена во обработката на лични податоци на локално ниво за развој на проект).

Во горенаведените случаи, податочните субјекти, чии лични податоци треба да се обработат од страна на здружените управувачи, ќе бидат соодветно известени.

ОБРАБОТУВАЧИ НА ПОДАТОЦИ

Daikin Europe N.V. може да има улога и на обработувач на податоци во име на своите европски подружници за секоја обработка на лични податоци од формулари или на интернет, контролирана од страна на европските подружници.

Претставништвата на Daikin Europe N.V. може да имаат улога на управувачи со податоци во име и под инструкции на Daikin Europe N.V. ако се воспоставени договори за обработка на податоци.

2. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ШТО ГИ ПРЕЗЕМАМЕ И ЦЕЛИ

DENV-G, до степен којшто е неопходен, ги презема, обработува, регистрира, складира и пренесува личните податоци на податочните субјекти внесени без интернет преку формулари или на интернет преку веб-страницата и/или апликациите додека, на пример, но не ограничувајќи се на: ја посетуваат веб-страницата; користат апликации; пополнуваат формулари на хартија или преку интернет; пријавуваат несообразност; стапуваат во контакт со DENV-G; поднесуваат пријави за работа; кликаат на копчиња од друштвени мрежи; доставуваат повратни информации (на пр., на формулари, производи, апликации, веб-страница, корисничка служба); одговараат на анкети и други активности.

Лични податоци се преземаат на доброволна или на задолжителна основа. Ако е задолжително да доставите лични податоци, тоа ќе биде соодветно обележано. Ако податочниот субјект не ги внесе или одбие да ги внесе личните податоци што DENV-G ги обележала како задолжителни, DENV-G нема да може да продолжи да го извршува процесот или активноста побарана од податочниот субјект.

Пример за лични податоци што се означени како задолжителни е ситуацијата во којашто податочниот субјект сака да поднесе формулари за регистрација. Во овој случај, на DENV-G ѝ требаат некои лични податоци за да го обработи поврзаното барање за регистрација. Ако податочниот субјект сака да се регистрира, но не ги доставува личните податоци означени како задолжителни, DENV-G нема да може да го прифати и обработи барањето за регистрација.

DENV-G може да преземе лични податоци со или без согласност од соодветниот податочен субјект ако: 1) мора да се исполни правна обврска; или 2) треба да се изврши или ќе се изврши договор во кој податочниот субјект зазема една страна; или 3) постојат законски, јавни или витални интереси што треба да се заштитат; или 4) официјален орган побарал од DENV-G да обработи лични податоци.

DENV-G може дополнително да ги обработува вашите лични податоци само:

  • ако целта на понатамошната обработка е во согласност со првичната цел на преземањето на вашите лични податоци;
  • ако се согласите на понатамошна обработка за нова цел, којашто не е во согласност со првичната цел на преземањето на вашите лични податоци.

Подолу, под потпараграфите 2.1. и 2.2., можете да ги погледнете личните податоци што ги преземаме и целите за коишто ги преземаме.

2,1. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ШТО ГИ СОБИРАМЕ ОД ВАС ИЛИ ОД ТРЕТИ СТРАНИ.

Можеби од вас ќе се побара, во зависност од целта на секоја обработка и до степен којшто е неопходен, да внесете поинакви лични податоци вклучувајќи, но не ограничувајќи се на име, презиме, датум и место на раѓање, наслов, адреса, телефон, мобилен телефон, адреса на е-пошта, јазик, држава, националност, лична карта, број на возачка дозвола, национален регистарски број, број на пасош, биографски информации, работодавач, занимање, број на клиент, URL од личен профил на друштвена мрежа, кредитна картичка, приоритети, интереси и повратни информации.

Во зависност од намената на секоја обработка и до степен којшто е неопходен, можеби од вас ќе се побара да внесете некои специјални категории на лични податоци (на пр., членство во синдикат, лични податоци во врска со здравствената состојба). DENV-G ќе ги обработи специјалните категории на лични податоци во согласност со GDPR врз основа на: 1) експлицитна согласност на податочниот субјект; или 2) исполнување законски обврски и/или правата на управувачот или податочниот субјект согласно закон за вработување или за социјална безбедност; или 3) витални интереси на податочниот субјект; или 4) спроведување, применување или бранење правни побарувања; или 5) важен јавен интерес.

Личните податоци што ги внесувате ги користиме и кон трети страни, на пример, кон даватели на услуги или лични податоци што спаѓаат во јавниот домен, како на пример, често признавани лични податоци, лични податоци видливи на вашата веб-страница или блог или поставени на вашиот јавно достапен профил на друштвена мрежа.

DENV-G може да добие лични податоци и преку трети страни после спојување, купување или друга постапка на трансформација.

2.1.1 Цели за собирање лични податоци.
Откако ќе ги собереме, гореспоменатите лични податоци ги користиме за разновидни цели. Пронајдете ги наведени подолу:

Деловна администрација и управување со купувачи.

DENV-G мора да може да ги извршува договорите навремено и соодветно и да ги изведува сите потребни статутарни и сметководствени процеси. Според тоа, DENV-G ќе има потреба од некои лични податоци внесени од податочните субјекти на хартија преку формулари или на интернет преку веб-страница или апликации. Во согласност со регулативата (ЕУ) 679/2016, со цел извршување на договорите, не е потребна согласност од податочниот субјект којшто зазема или ќе зазема страна во договорот. Согласноста од податочниот субјект не е потреба во случај кога треба да се исполни законска обврска.

Кога се работи за управување со односите со купувачите и за извршување на корисничките услуги, DENV-G користи лични податоци (на пр., име, држава, националност, адреса на е-пошта, број на клиент, податоци за кредитна картичка) за:

  • да процени дали ќе биде исплатливо да продава производи или да нуди услуги на купувач пред да склучи договор; или
  • да ги обработи писмените барања на купувачите, нарачките за производи и услуги од купувачите и барањата за повраток на средства; или
  • да ги идентификува или да им се обрати на купувачите за попуст; или
  • да ги информира купувачите за правата на потрошувачите и за дополнителните услуги во врска со купениот производ или услуга; или
  • да ги информира купувачите за промотивните кампањи и настани на Daikin и за да им испрати соодветни покани; или
  • да управува со пристапот до имотот, веб-страницата или апликациите на DENV-G; или
  • да организира и извршува интервенции за сервисирање за купувачите и инсталатерите; или
    да ги информира купувачите за приближување на крајниот рок за одржување.

Дистрибуција на производи.

DENV-G користи лични податоци за дистрибуција на производи, врз основа на исполнување договор/ законска обврска и особено за:

  • да им помогне на нашите европски подружници при дистрибуцијата на производите и доставувањето на услугите преку овластени агенции, деловни партнери, веб-страницата и/или преку апликациите; или
  • да им помогне на дистрибутерите при доставувањето производи, резервни делови и услуги (на пример, личните податоци се дел од белешките за испорака коишто се дел од транспортот на купените производи); или
  • да ги оптимизира продажбите и услугите преку анализа на понудите за купувачите; или
  • да ја подобри и зацврсти дистрибуцијата на нашите производи и услуги; или
  • да ги искористи техничките податоци од инсталациите или статусот на договорите и проектите; или
  • да организира или спроведе обука за купувачите, инсталатерите, вработените и подизведувачите.

Администрација за снабдувачи.

DENV-G користи лични податоци за да ги води записите на снабдувачите и давателите на услуги, за да ги регистрира и управува со нарачките, деловните трошоци и фактурите издадени од снабдувачите или давателите на услуги, врз основа на исполнување договор/законска обврска.

Директен маркетинг.

Како водечки произведувач и снабдувач на опрема за греење, вентилација и климатизација (заедно со топлински пумпи и системи за разладување) и деловни решенија, DENV-G може да ви достави информации скроени за вас и вашите потреби (на пример, преку вашите детали за трансакција, DENV-G може да ве информира за услугите, понудите и предлозите во врска со купениот производ. Ова се вика „директен маркетинг“).

DENV-G користи собрани лични податоци, јавно достапни лични податоци (на пр., информации достапни на интернет, преку резултати од истражувања, резултати од друштвени мрежи) или лични податоци добиени од трети страни (на пр., интернет-оператори) за директен маркетинг и за да привлече нови купувачи.

DENV-G извршува директен маркетинг и за организирање внатрешни настани, патувања, презентации и состаноци за вработени, купувачи и деловни партнери.

DENV-G врши директен маркетинг преку разни медиуми, вклучувајќи, без ограничување, испраќање пораки преку мобилен телефон, анкети, е-пошта, веб-страницата, реклами на интернет, база на податоци, апликации и настани.

DENV-G врши директен маркетинг врз основа на својот легитимен интерес за постигнување деловни цели

DENV-G може да врши директен маркетинг при експлицитна согласност на податочниот субјект. Ако не сакате да добивате строго персонализирана понуда, не треба да се согласите да добивате директен маркетинг кога ќе бидете прашани.

DENV-G се посветува да ги достави информациите од директниот маркетинг на јасен и соодветен начин и преку канал назначен од примачот за да не биде премногу вознемируван.

Подобрување на квалитетот на производите и услугите.

DENV-G, врз основа на својот легитимен интерес да врши деловна активност или на согласноста на податочните субјекти, користи лични податоци преземени преку формулари, пријави за работа, анкети, прашања, коментари и повратни информации поднесени до DENV-G или други фирми од групацијата Daikin за: да ги подобри своите производи и услуги; да спроведе понатамошни анкети; да развие модел за анализа, ризик, маркетинг и друго, и да создаде статистика. DENV-G ги користи и вашите детали за трансакција за да развие глобални модели и да изврши анализа.

Пример: DENV-G можеби ќе треба да обработи податоци од онолку луѓе колку што купиле некој производ на Daikin или се пријавиле за некоја услуга.

За таа цел, DENV-G се посветува што е можно повеќе за да збере лични податоци во анонимна или псевдоанонимна форма за да се увери дека овие лични податоци не може лесно да се препознаат како ваши или дека повеќе не може да се препознаат како ваши.

Обработувањето лични податоци за статистички цело е особено оправдано од желбата на DENV-G да овозможи стратешки избор за да влијае подобро на пазарот и да ви понуди подобри производи и услуги.

Личните податоци може да се користат и за процена, поедноставување и подобрување на процесите на DENV-G, на пример, за оптимизација на кампањи, постапки и продажби, без интернет или на интернет преку веб-страницата и/или апликации.

Пример: ако не сте завршиле некоја постапка или продажба, можеби ќе стапиме во контакт со вас за да го дознаеме проблемот и дали можеме да ви помогнеме. Во овој случај го ограничуваме нашиот контакт на обезбедување техничка и административна поддршка за соодветната постапка или процес.

Регрутација и избор.

Со цел регрутација на кадар, DENV-G собира лични податоци, како што се, но не ограничувајќи се на име, е-пошта, телефонски број, биографски информации, URL од профил на друштвена мрежа од отворени кандидати и потенцирани кандидати што се пријавени за, на пример, работни места, меѓународна програма за обука или стажирање. Оваа постапка е дозволена поради тоа што кандидатите доброволно преземаат чекори за да склучат договор со DENV-G.

Личните податоци доставени од кандидатите (преку пополнување формулари или регистрирање и создавање лични сметки на веб-страницата или кога ги користат апликациите) ќе се користат за обработка на апликации, стапување во контакт со кандидатите за активности поврзани со управување со човечки ресурси, управување со процеси за најмување (на пр., кога ги повикуваме кандидатите на интервју и на писмен тест) и за процена на договори за вработување.

Личните податоци на кандидатите коишто не биле најмени на крајот на изборниот процес се бришат после 1 година од датумот на соопштување на негативниот исход на изборот, освен ако кандидатите побарале итно откажување на нивните податоци после таквото соопштување.

Администрација за персонал и плата.

DENV-G користи лични податоци, врз основа на исполнување договор (за вработување), со цел управување со персонал и особено за:

  • управување и водење записи од договорите за вработување и платен список; и/или
  • исплаќање плати; и/или
  • водење записи за присуство, патување и обука на вработени; и/или
  • комуникација со агенции за здравствено осигурување; и/или
  • да се овозможи осигурување, деловен имот плата за вработените во врска со перформансите.

Книговодство и сметководство.

DENV-G користи лични податоци, врз основа на исполнување договор за да се води книговодство и сметководство и со цел за:

  • водење записи од трансакции; или
  • издавање фактури од продажба и услуги; или
  • пополнување даночни изјави и слични формулари за исполнување даночни обврски; или
  • создавање статистика врз основа на записите од трансакции (на пример во однос на бројот на остварени трансакции и во која област); или
    сообразност со важечката легислатива и со законските услови на национално, европско и меѓународно ниво.

Правни побарувања и судски расправи.

Личните податоци можеме да ги користиме како доказ за утврдување, користење и зачувување на правата на DENV-G или на оние што ги претставува (на пр., при судски расправи) пред секоја надлежност на секој суд (на пример, меѓу другото, правото на DENV-G да се брани себеси од нелојална конкуренција или правото на DENV-G да побара плаќање на неплатена фактура).

Спречување измама или криминал.

Личните податоци можеме да ги користиме и за да спречиме, забележиме или истражиме криминал и кибер-ризици за легитимен интерес или кога тоа ќе го побара официјален орган.

Корпоративни бизнис и одржување.

DENV-G ги пренесува и/или здружено ги користи личните податоци преземени со DIL и/или други фирми од групацијата Daikin и/или своите деловни партнери само по потреба и за создавање периодични извештаи во врска со резултатите и деловните аспекти, деловните планови и корпоративните стратегии. Обработката се заснова на легитимен интерес на DENV-G за водење деловна активност.

DENV-G ги обработува личните податоци на европските граѓани што се собрани легитимно од страна на друга фирма од групацијата Daikin, освен ако нема правни пречки (на пр., должност за доверба или извршување во легислативата за заштита на податоци).

DENV-G е посветена да ги примени сите соодветни мерки за заштита на личните податоци во однос на комуникацијата внатре во групацијата, во согласност со регулативата (ЕУ) 679/2016.

2,2. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ШТО ГИ ПРЕЗЕМАМЕ ПРИ ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА И/ИЛИ АПЛИКАЦИИТЕ.

2.2.1 Цели за собирање лични податоци.

Кога ги посетувате веб-страницата и/или апликациите, DENV-G собира некои од вашите лични податоци за следните намени:

Олеснување на користењето на веб-страницата и/или апликациите.

Со собирање на некои лични податоци (на пр., IP-адреса, податоци за најавување) врз основа на согласност од податочниот субјект или легитимен интерес, DENV-G може да ги приспособи веб-страницата и/или апликациите според вашите потреби.

Преку користењето колачиња, DENV-G ќе собере автоматски некои лични податоци, како што се, но не ограничувајќи се на информации во врска со уредот (на пр., IP-адреса, тип на прелистувач), информации за најавување (на пр., пребарувања), информации за геолокализација (на пр., преку пристапна точка за Wi-fi) со цел да помогне при користењето на веб-страницата и/или апликациите и да ви овозможи нивно поудобно користење.

Пример: за да го поддржиме или поедноставиме процесот за ваша идентификација, ги чуваме вашите корисничко име и лозинка преку колаче за да не мора да ги внесувате податоците за идентификација или личните детали при секоја посета.

DENV-G користи различни типови колачиња: неопходни, функционални, следење на социјални додатоци, рекламирање од трета страна, аналитика од прва страна. Прочитајте повеќе за колачињата, што се тие, какви типови користиме и зошто ги користиме во нашата „Политика за колаче”.

Надгледување на интересите и приоритетите на податочните субјекти.

DENV-G, во рамките на својата веб-страница и/или апликациите, врз основа на согласност од податочниот субјект или легитимен интерес, на систематски и редовен начин може да ги надгледува личните податоци преку технологиите за автоматско одлучување/профилирање и преку колачиња. Тоа го правиме со цел да процениме некои лични аспекти во врска со физичко лице, односно да ги анализираме и предвидиме аспектите во врска со перформансите на работа, економската ситуација, личниот избор, интересите, достојноста, однесувањето, локациите или моментите (геолокализација) на физичкото лице.

Прочитајте повеќе во нашата „Политика за колаче”.

3. ДАЛИ СОБРАНИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЌЕ ИМ СЕ ОТКРИЈАТ НА ТРЕТИ ЛИЦА?

За горенаведените цели, DENV-G може да има потреба од услуги, советување и/или помош од трети страни, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на одржување на апликациите и поправање грешки, купување апликации, сместување податоци, советување во врска со сообразност со закони и регулативи, развој на апликации, услуги за човечки ресурси, дистрибуција, услуги од интернет-оператори, создавање статистика и друго.

За таа цел, до степен којшто е неопходен, можеме да пренесуваме или откриваме лични податоци до секое физичко лице или правен субјект, подизведувачи или деловни партнери што се трети страни во однос на DENV-G или групацијата Daikin.

Секојпат кога треба да пренесеме или откриеме некои лични податоци до трети страни, освен во случај на легитимен интерес на третата страна, DENV-G ќе се погрижи да постави договор за обработка на податоци со оваа трета страна според мерките на регулативата (ЕУ) 679/2016 и ќе ја замоли третата страна да ги почитува принципите и мерките на истата регулатива и да ги почитува соодветните безбедносни стандарди.

4. ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ДО ТРЕТИ ДРЖАВИ (НАДВОР ОД ЕУ)

Во рамките на горенаведените цели, DENV-G ги пренесува и здружено ги користи собраните лични податоци, што припаѓаат на податочните субјекти во ЕУ, со DIL и/или други фирми од групацијата Daikin и/или деловни партнери формирани во кои било држави надвор од ЕУ.

Ве информираме дека DENV-G има поставено соодветни стандардни договорни клаузули и соодветни заштитни мерки во врска со секој пренос на лични податоци помеѓу Daikin Europe и DIL. Во кој било случај на пренесување на личните податоци кон држави надвор од ЕУ, DENV-G се обврзува:

  • да овозможи соодветно ниво на заштита преку соодветни заштитни мерки и со почитување на мерките на регулативата (ЕУ) 679/2016;
  • да управува со преносот на личните податоци врз основа на:
    • a) одлуките за адекватност на европската комисија; ако не,
    • б) стандардни договорни клаузули/ обврзувачки корпоративни правила; ако не,
    • в) кодекс на однесување одобрен од релевантен орган за надгледување/официјални сертификати за безбедност.
  • да управува со преносот на личните податоци врз основа на согласност од страна на податочниот субјект чии лични податоци треба да се пренесат или врз основа на отстапувања под член 49 од регулативата (ЕУ) 679/2016 ако преносот не може да се изврши врз основа на горенаведените случаи a), б) и в).

5. СКЛАДИРАЊЕ И КРИТЕРИУМИ

DENV-G не ги чува вашите лични податоци засекогаш. Ги чуваме вашите лични податоци до степенот којшто е неопходен и само за горенаведените цели. Кога веќе нема да имаме цел, ги бришеме личните податоци, освен ако архивирањето е задолжително законски, на меѓународно, европско или национално ниво.

Почетната точка за складирање на вашите лични податоци е законскиот период за задржување (којшто вообичаено изнесува десет години и трае до истекот на договорот или до крајот на деловната врска). Периодот може да биде подолг кога е потребно да се почитуваат нашите права.

Ако нема законски наложен период за задржување, периодот може да се скрати во согласност со, но не ограничувајќи се на еден од следните критериуми: должина на договор и законски обврски; деловни и организациски потреби; долготрајна деловна врска; применување директен маркетинг; статистика.

Некои работи се појаснуваат кога ќе се погледнат на подолг временски период. Поради ова, за некои типови лични податоци можеби ќе треба подолг временски период (на пр., за оние потребни при дизајнирање модели за маркетинг и ризици).

Како што е наведено, DENV-G се посветува што е можно повеќе да работи со насобрани, анонимизирани или псевдоанонимизирани лични податоци и при сите случаи ќе ги прекине врските со лицата што е можно побрзо.

6. ВАШИ ПРАВА КАКО ПОДАТОЧЕН СУБЈЕКТ И КАКО ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ.

Ако имате прашања околу заштитата на вашите лични податоци или примената на вашите права, можете во секое време да ја контактирате во писмена форма Daikin Europe N.V. или некоја од нејзините европски подружници, да се јавите во Daikin Europe N.V. или некоја од нејзините европски подружници, да испратите посебен формулар преку редовна пошта или преку поднесување на интернет под секој дел „контактирајте нè“ на веб-страницата и/или апликациите.

Кога вашите лични податоци ќе станат предмет на обработка, имате неколку права како податочен субјект што можете да ги применувате, како што е наведено подолу.

Бидете што е можно поконкретни секогаш кога сакате да ги остварите своите права. DENV-G може да одговори правилно само на прашања поставени со доволно детали. DENV-G можеби ќе треба да го потврди вашиот идентитет колку што е можно подетално, со цел да избегне некој друг да се обиде да ги искористи вашите права.

Можете да пристапите до вашите лични податоци

Ако сакате да пристапите до личните податоци што ги обработува DENV-G за вас или ако сакате да дознаете повеќе за:

  • целите на обработката;
  • категориите на личните податоци;
  • категориите на примачите на кои личните
  • податоци се откриени или ќе се откријат;
  • предвидениот период на складирање или критериумите употребени за да се определи тој период;
  • правата на податочниот субјект;
  • правата што ги имате во однос на обработката од наша страна;
  • постоењето на автоматско одлучување, заедно со профилирање и предвидените последици;

и кои било други достапни информации за обработката на вашите лични податоци, пополнете го формуларот со кликнување овде.

Личните податоци коишто ни ги откривате преку формуларот ќе ги користиме само за верификација и обработка на вашето барање.

Ако ги користите правата за пристап, DENV-G ќе ви достави што е можно покомплетен список или копија од вашите лични податоци.

 

 

Можете да ја завршите/коригирате/избришете/забраните обработката на вашите лични податоци

Може да се случи некои лични податоци што ги чува DENV-G за вас да не се (или престанале да бидат) точни. Може да се случи и да сакате да додадете нешто на личните податоци што сте ни ги откриле. Можете да побарате да ги коригирате или комплетирате личните податоци во секое време, со кликнување овде.

Ако сакате DENV-G да ги избрише вашите лични податоци, барањето ќе биде обработено, освен ако не се појави препрека или некомпатибилност во согласност со законот или легитимните интереси за бришење. Ако сакате DENV-G да ви ги избрише личните податоци, кликнете овде.

Можете да ја добиете забраната за обработка на личните податоци во секое време, со кликнување овде.

 

 

Можете да побарате да се пренесат вашите лични податоци до вас или до трети страни

Ако вашите лични податоци се собрани по електронски пат, можете да побарате да се пренесат до вас или до трето лице, со кликнување овде.

 

Можете да ја повлечете согласноста за обработка на вашите лични податоци

Ако доставите согласност до DENV-G за обработка на вашите лични податоци, следете ја предложената постапка за да ја повлечете согласноста во секое време и на многу едноставен начин.

Ако сакате да ја повлечете согласноста, можете да го сторите тоа во секое време со кликнување овде.

 

 

Можете да поднесете приговор за обработка или да поднесете приговор за обработка со системи за автоматско одлучување

Ако не се согласувате со начинот на кој DENV-G обработува некои лични податоци, можете да поднесете приговор со кликнување овде. Приговорите ќе ги обработиме освен ако постојат валидни причини да не го сториме тоа или причини предвидени со закон (на пример, приговорот ќе биде одбиен ако обработката на личните податоци е спроведена со цел справување со измама).

Ако не се согласувате со обработката на вашите лични податоци само преку автоматско одлучување (вклучувајќи профилирање) којашто создава законски ефекти или влијае слично врз податочен субјект, можете да поднесете приговор во секое време со кликнување овде.

Ако не се согласувате со начинот на кој DENV-G ги обработува вашите лични податоци или имате други прашања во врска со ова, секогаш можете да ја контактирате управата за заштита на податоци на вашата земја на живеење (на пример, ако живеете во Белгија, можете да ја контактирате управата за заштита на податоци: www.privacycommission.be; Commission de la protection de la Vie Privée, Rue de la Presse, 35, 1000 Bruxelles).

7. СЛУЖБЕНИК ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

Следуваат податоците за контакт на службеникот за заштита на податоци на DENV-G:

  • адреса на е-пошта: euprivacy@daikin.co.jp;
  • Службеник за заштита на податоци, Osaka Umeda Twin Towers South, 1-13-1 Umeda, Kita-ku, Osaka, Japan 530-0001.

8. МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

Преку веб-страницата или апликациите, DENV-G не обработува лични податоци од физички лица под 16 години и не им нуди комерцијални понуди и не се обидува да стапи во контакт со нив, освен ако постои согласност од нивниот правен претставник.

9. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

DENV-G имплементираше соодветни безбедносни мерки за да ги одржи интегритетот и безбедноста и да спречи ненадејно и незаконско уништување, губење, изменување, неовластено откривање или пристап до личните податоци што се пренесени, складирани или на некој начин обработени, во согласност со регулативата (ЕУ) 679/2016.

10. ПРИВАТНОСТ СПОРЕД ДИЗАЈН

Пред да започне со обработка преку нови технологии, DENV-G се обврзува да спроведе процена на влијанието што го врши обработката на податоци во согласност со GDPR и да преземе соодветни мерки.

11. ПОНАТАМОШНИ ИЗМЕНИ НА ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

DENV-G редовно се залага за ги подобри своите напори за заштита на личните податоци. Оваа политика за заштита на податоци може да се измени или ажурира според идните закони, на меѓународно, европско и национално ниво.

DENV-G ќе ве извести за сите важни измени на политиката за заштита на податоци преку хартија или преку интернет (на пример, преку веб-страницата, при вашата прва посета или со секое важно ажурирање на политиката за заштита на податоци).

Во секое време можете да ја погледнете најновата верзија на нашата политика за заштита на податоци, којашто е достапна на www.daikin.eu/en_us/data-protection-policy или за секоја апликација со кликнување на делот „Политика за заштита на податоци“.