Skip to main content

Намени: значи кои било софтвер, (веб) апликации, дигитални алатки коишто ги развила Daikin Europe N.V. или некоја од нејзините европски подружници;

Автоматско донесување одлука (обработка заснована исклучиво на): значи која било обработка којашто се извршува преку автоматизиран процес, при што исклучува какво било човечко влијание или интервенција во однос на резултатот на наведениот процес;

Деловни партнери: значи кое било физичко лице или која било фирма коишто се независни од групацијата DENV-G (Daikin Europe), но има одреден степен на вклученост во деловната активност на DENV-G или има комерцијално партнерство или соработува со DENV-G за производство и/или снабдување на производи/услуги брендирани од Daikin;

Колаче: значи мала датотека којашто содржи низа карактери и којашто се испраќа на уредот којшто се користел за посетување веб-страница. При втората посета на истата веб-страница, колачето може да овозможи веб-страницата да го препознае прелистувачот преку којшто настанала посетата. Колачињата може да ги складираат приоритетите на корисникот и други информации;

Групација Daikin: значи групација на фирми коишто ги контролира Daikin Industries Ltd. Овие фирми се производители и продавачи на брендираните производи и услуги на Daikin ширум светот;

Управувач со податоци: значи физичко лице или правен субјект што ги утврдува целите и средствата за обработката на личните податоци;

Обработувач на податоци: значи физичко лице или правен субјект што ги обработува личните податоци на даден субјект на податоци според упатствата на управувачот со податоци;

Службеник за заштита на податоци: значи физичко лице или правен субјект што е одговорен:

  • да ги информира и советува управувачот, неговите обработувачи и вработените за обработката на личните податоци;
  • да ја следи усогласеноста со Регулатива (ЕУ) 679/2016 (GDPR);
  • да советува за изготвување проценки на влијанието на заштитата на податоците;
  • да дејствува како точка за контакт и да соработува со органот за надзор на којшто се однесува поплаката или ја истражува обработката на личните податоци;

Податочен субјект: значи идентификувано или препознатливо физичко лице чиишто лични податоци се обработуваат вон интернет преку хартиени формулари или на интернет преку веб-страници и апликации. Препознатливо значи физичко лице кое може да се идентификува директно или индиректно, односно, со помош на идентификувач како што се име, број за идентификација, податоци за локација, интернет идентификувач или со еден или повеќе елементи коишто се карактеристични за физичкиот, физиолошкиот, генетскиот, психичкиот, економскиот, културниот или социјалниот идентититет на тоа физичко лице;

DENV-G: значи група фирми кои ја сочинуваат Daikin Europe N.V. (со регистрирано седиште во Белгија) и нејзините европски подружници. DENV-G произведува, продава и комерцијализира брендирани производи и услуги на Daikin во Европа-Близок Исток-Африка и регионите на ЗНД;

DIL: значи фирмата Daikin Industries Ltd. со регистрирана канцеларија во Јапонија, сопственик и управувач на групацијата Daikin;

Европски подружници: која било фирма основана во регионите на Европа којашто произведува, продава и комерцијализира брендирани производи и услуги на Daikin и е управувана од Daikin Europe N.V.;

GDPR: значи Регулатива за заштита на општи податоци, акроним за Регулатива (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и Совет од 27 април 2016 година, за заштита на физичките лица во врска со обработката на лични податоци и за слободното движење на таквите податоци, и укинување на Директива 95/46/ЕЗ;

IP: значи број познат како адреса на Интернет протокол (IP) којашто се доделува на кој било уред поврзан на интернет. Броевите вообичаено се доделени во географски блокови. IP-адреса честопати може да се користи за да се идентификува локацијата од каде што еден уред се поврзува на интернет.

Легитимен интерес: значи интерес на управувачот на трета страна којшто е законски и не е отфрлен од интересите или фундаменталните права и слободи на податочните субјекти, којшто бара заштита на лични податоци, особено кога податочниот субјект е дете.;

Здружен управувач со податоци: значи физичко лице или правен субјект што здружено со други ги утврдува средствата и целите за обработката на личните податоци;

Лични податоци: значи кои било информации коишто се однесуваат на идентификувано или препознатливо физичко лице („податочен субјект“);

Обработка (на лични податоци): значи секоја операција или збир на операции коишто се извршуваат на лични податоци или збирови на лични податоци, без разлика дали се или не се со автоматизирани средства, како што се собирање, снимање, организирање, структурирање, складирање, прилагодување или изменување, преземање, советување, користење, откривање со пренос, ширење или ставање на располагање на друг начин, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;

Профилирање (или правење профил): значи секој облик на автоматизирана обработка на лични податоци којшто се состои од користење лични податоци за проценка на одредени лични аспекти коишто се однесуваат на физичко лице, особено за анализа или предвидување аспекти коишто се однесуваат на работните перформанси на тоа физичко лице, економската состојба, здравјето, личните приоритети, интереси, сигурност, однесување, локација или движења;

Псевдо-анонимизација (или псевдо-анонимно или псевдо-анонимизирано): значи обработка на лични податоци на таков начин што личните податоци повеќе не можат да се припишат на одреден податочен субјект без користење дополнителни информации, под услов таквите дополнителни информации да се чуваат одделно и да се предмет на технички и организациски мерки за да се осигура дека личните податоци не се припишуваат на идентификувано или препознатливо физичко лице;

Јавен интерес: значи кој било јавен интерес утврден со закон или пропишан од службен орган;

Посебни категории на лични податоци: значи кои било лични податоци коишто откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, религиозни или филозофски верувања или членство во трговски синдикат, генетски податоци, биометриски податоци обработени за целта на посебно идентификување на физичко лице, податоци во врска со здравјето или податоци во врска со сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичкото лице;

Витален интерес: значи кој било интерес којшто е суштествен за животот на податочниот субјект или на друго физичко лице;

Веб-страница: значи веб-страницата на DENV-G (Daikin Europe N.V.'s. групација), достапна на следнава врска: www.daikin.eu