Skip to main content

Бидете инспирирани од светот на топлинските пумпи на Daikin: гледајте, учете и истражете како нашите решенија можат да го трансформираат вашиот дом

Daikin Emura, дизајнерско решение за станбено живеење - Милано

Да го погледнеме овој стан во центарот на Милано, реномираната италијанска престолнина за дизајн и мода. Дали ја забележавте новата бела Daikin Emura на ѕидот? Елегантен дизајн кој се вклопува прекрасно во ентериерот.

Надворешно инсталирање Daikin Emura
Надворешно инсталирање Daikin

Семејство Wezeman-Leiden

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua.

Надворешно инсталирање Daikin

Семејство Wezeman-Leiden

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua.

Ве интересираат повеќе семејни приказни?

Повеќе информации

Можете да добиете совет за тоа кој тип топлинска пумпа најдобро одговара за вашиот дом од инсталатер на Daikin, персонал во главната продавница или советувајте се со нашиот навигатор за станбени решенија.

Поголемиот дел од топлинските пумпи се со внатрешна и надворешна единица. Секоја единица произведува звук кога работи, овој звук вообичаено се мери во dBA, а овие нивоа се движат од 0 dBA до 140 dBA.

Кога ги гледате нивоата на звук, ќе ги видите и спецификациите дадени за ниво на јачина на звук и ниво на притисок на звук.

Ниво на јачина на звук е нивото на звук мерено директно на изворот.

Ниво на притисок на звук е нивото на звук мерено на одредено растојание (обично 1,5-2 метри) од изворот.

Внатрешните единици на топлинските пумпи на Daikin вообичаено произведуваат ниво на притисок на звук од околу 30 dBA, што може да се спореди со звукот на човек кој тивко шепоти.

Надворешните единици, бидејќи се достапни во поголем број димензии, се движат во нивоа на притисок на звук помеѓу 40 dBA и 62 dBA, што можат да се споредат со звуците на цвркот на птици и луѓе кои разговараат.

Вообичаениот работен век на топлинска пумпа е помеѓу 15 и 20 години, иако тоа зависи од голем број фактори. На пример, одржување. Иако топлинските пумпи се решение коешто бара малку одржување, годишна проверка од инсталатер или сервисен партнер ќе помогне да се продолжи нивниот работен век.

Не! Понатаму, нашите топлински пумпи воздух-воздух (исто така познати и како клима уреди) можат да помогнат да се намалат симптомите на алергија. Daikin вградува повеќе филтри во сите свои единици за климатизација: дезодорирачки филтри од титаниум апатит, сребрени филтри за отстранување алергени и Flash Streamers за отстранување прав и заробување на бактериите. Со соодветно одржување на климатизацијата и сè додека редовно се чистат, овие филтри на сите ќе им обезбедат почист и поздрав воздух за дишење.

Каква е функцијата на прочистувачот на воздух?

Прочистувач за водух може да отстрани загадувачи, алергени и други контаминирачи од воздухот. Со користење комбинација од технологии како што се електростатички филтри HEPA, филтри со активен јаглен и јонизатори, прочистувачите на воздухот помагаат да се фатат и неутрализираат загадувачите, со што го прават воздухот што го дишете значително почист.

Петте придобивки од користење прочистувач на воздух

Постојат многу предности кога имате прочистувач на воздух во домот или во канцеларијата, меѓу кои:

- Подобрување на квалитетот на внатрешниот воздух со отстранување на загадувачите како прав, полен, првут од миленичиња, спори од мувла и чад од воздухот.

- Намалување на симптомите на алергии и астма со отстранување на алергените од воздухот.

- Намалување на непријатните мириси како чад, мириси од готвење и хемикалии со употреба на филтри со активен јаглен и други технологии за прочистување.

- Подобреното спиење е друга важна придобивка од прочистувачот на воздух. Овозможува почиста и поудобна околина за спиење со тоа што ги отстранува загадувачите и алергените од воздухот.

- Се создава поудобен и попријатен простор за работење или за живеење без загадувачи и алергени во воздухот.

Да, топлинските пумпи можат да се поврзат на стари или нови радијатори.

Ако веќе имате радијатори во домот, високотемпературните топлински пумпи или хибридните топлински пумпи (ако заменувате бојлер на гас) можат лесно да се поврзат со нив и да ги користат постоечките цевководи без потреба од замена на радијаторите или дополнителни изведби.

Постојат четири главни начини на кои еден систем за вентилација може да ги намали трошоците за живеење. Тоа се:

1) Заштеда на енергија: HRV-систем (којшто е најсилен начин за намалување на трошоците) помага со заштеда на енергија. Пренесува топлина од излезниот воздуј во свежиот воздух и ја одржува температурата стабилна. Ова ја намалува потребата за греење и ги намалува трошоците за енергија.

2) Намалена потреба од греење и ладење: Со размена на надворешен воздух и отстранување непроветрен внатрешен воздух, системот за вентилација помага да се намалат оптоварувањата на греење и ладење во HVAC-системот. За возврат, тоа помага да се продолжи работниот век на HVAC-опремата. Тоа понатаму ги намалува трошоците за одржување.

3) Намалени на алергии и астма: Централизираниот HRV-систем Duco помага да се намалат симптомите на алергија и астма со отстранување на штетните честички од воздухот.

4) Ниски трошоци за одржување: Трошоците за одржување на системот Duco се ниски, а системот е изграден од висококвалитетни материјали и со напредна технологија, поради што е издржлив и долготраен.

Ве интересира повеќе?