Цели за одржлив развој
Откријте ги нашите цели за одржлив развој и како обезбедуваме додадена вредност за луѓето и нивното здравје

За Daikin, целите за одржлив развој се суштествен дел од лидерството во индустријата. Корпоративната општествена одговорност е за тоа како се стремиме кон планета подобна за живеење, денес и за следните генерации. Затоа развиваме решенија коишто го подобруваат животот секој ден, додека внимателно управуваме со нашето влијание на планетата.
Три нивоа на корпоративна општествена одговорност
Во Daikin гледаме три аспекти на корпоративна општествена одговорност (КОО): создавање вредност за Земјата, создавање вредност за градовите и создавање вредност за луѓето. Посветени сме на задоволување на нашите одговорности во овие области, врз основа на целите за одржлив развој на ОН или ЦОР.
За Земјата
Работиме да ја намалиме емисијата на стакленички гасови на нето нула до 2050 година. Производството и инсталирањето на нашите производи ќе биде со неутрална емисија на јаглерод, а до 2050 година имаме за цел да испорачаме греење, ладење и разладување со неутрална емисија на јаглерод, дури и откако производот ќе биде во употреба.
Одржливите HVAC-R решенија се клуч за општество со неутрална емисија на јаглерод и тие се интегрален дел од нашата стратегија КОО. Иницијативите за кружна економија го ограничуваат притисокот врз ресурсите, така што, како одговорна деловна активност, работиме на алтернативи со ниска емисија на јаглерод за фосилните горива за греење. Посветени сме на развој на енергетски ефикасни производи поврзани со паметни мрежи коишто ги оптимизираат изворите на обновлива енергија.
Нашите топлински пумпи обезбедуваат декарбонизација, а ние сме посветени на јасни активности кога станува збор за известување за јаглерод. Уште повеќе, ние сме горди што сме на списокот Climate Change A на рамката за известување на ПОЈ (проект за откривање јаглерод). Тоа е доказ дека сме водечки во еколошката транспарентност и перформанси.
За градовите
Ние сме на врвот на технологијата на топлинска пумпа – ја прифаќаме како дел од нашата стратегија КОО. Оваа технологија ја користиме во поголемиот дел од нашата опрема, од семејни домови до хотели и болници. Нашите решенија за греење се алтернатива со ниска емисија на јаглерод за системите со фосилни горива. Во поголеми намени, можеме да ја оптимизираме климата за да постигнеме нулта енергетски згради.
Мерките како соларни панели и LED осветлување во нашите фабрики ни помагаат да ги задоволиме нашите цели за одржлив развој (ЦОР). Нашата фабрика во Остенде, на пример, е поврзана со мрежа за обновување топлинска енергија. Овие иницијативи се дел од програмата Green Heart, којашто ги подобрува еколошките и општествените перформанси на нашите фабрики.
За луѓето
Дел од општествената одговорност е да ја оставиме планетата во состојба на живот за следната генерација.
Нашата визија е глобална. Преку сосредоточување на активности коишто ја прават нашата технологија достапна за други производители, придонесуваме за намалување на емисиите на CO2 во целиот свет.
Опремата и решенијата на Daikin се дизајнирани да ги подобрат здравјето и добросостојбата. Создаваме животни и работни средини коишто придонесуваат за подобар квалитет на живот и економски развој во секоја клима. Нашите системи за вентилација и прочистување на воздухот ја зголемуваат безбедноста и го намалуваат ширењето бактерии и вируси. Нашите решенија за разладување обезбедуваат оптимални непрекинати ладни синџири, ја подобруваат безбедноста на храната и го намалуваат отпадот.
Зошто се важни одржливите цели?
Нашата стратегија КОО има за цел да развие технологии од светска класа коишто го намалуваат нашето влијание врз животната средина. Истовремено, ние создаваме вредност преку здрав и удобен начин на живот за следните генерации.
КОО е важна за нас
Daikin е индустриски лидер. Тоа значи дека имаме одговорност не само кон нашите клиенти, туку и кон нашите акционери, партнери и светот. Работиме кон деловна активност којашто дава приоритет на здравјето на планетата, а не на краткорочниот профит. Нашата политика за КОО е во срцето на сè што правиме.

