Skip to main content

Главните фактори што одлучуваат дали е подготвен вашиот дом за инсталирање топлинска пумпа

Сопственик на дом работи во удобна домашна канцеларија загреана со енергетски ефикасна топлинска пумпа

Топлинска пумпа може да се инсталира скоро во секој имот, но ефикасноста, перформансите и исплатливоста зависат од подготовката, изолацијата, загубата на топлина, дизајнот на системот... Во овој прирачник ќе дознаете што треба за еден објект да биде соодветен за топлинска пумпа, кои се можните надградби и како да одлучите дали вашиот дом е подготвен веднаш или треба прво да се подготви.

Топлинските пумпи објаснети на едноставен начин

Топлинската пумпа ја пренесува топлината од надворешната околина во вашиот дом за да ви овозможи греење, а во многу случаи и топла вода. За разлика од бојлер, не создава топлина со согорување гориво. Наместо тоа, ја пренесува постојната топлина, поради што е многу ефикасно решение за греење.

Ако не ја разбирате технологијата, нашиот прирачник, за тоа како работи топлинска пумпа, го објаснува процесот чекор по чекор.

Двата најчести типови се:

  • Топлинските пумпи со воздух како извор на енергија што црпат топлина од надворешниот воздух, дури и при -15°C и создаваат до 4 kW топлина за секој 1 kW потрошена електрична енергија.
  • Геотермалните системи што црпат топлина од закопани цевки со солена вода што циркулира низ подземни водови.

Двата типа користат разладно средство што апсорбира топлина при ниски температури, коешто се компресира за да му се зголеми температурата пред да ја ослободи во вашиот дом. Во некои модели, процесот може да се одвива во спротивен тек за ладење.

Затоа што ја преместуваат топлината, а не ја создаваат, голем дел од топлинската енергија доаѓа од околината, со што се намалува зависноста од електрична енергија.

Што всушност значи „погодно за топлинска пумпа“?

Погодноста на топлинската пумпа не е само едноставен одговор да-или-не, туку опфаќа повеќе точки во зависност од тоа колку добро работат овие елементи заедно.

Три фактори се најважни:

  • Изолација (загуба на топлина) – ја задржува топлината внатре
  • Радијатори/подно греење – како се распределува топлината
  • Дизајн на системот – правилно поставување на целиот систем

Домот обично е погоден за топлинска пумпа кога:

  • Загубата на топлина е мала поради добра изолација, ефикасни прозори и ограничен провев
  • Грејните тела можат да работат со ниска температура (пр. подно греење или радијатори со соодветна големина)
  • Има доволно простор за опремата, заедно со надворешната единица и, ако е потребно, за цилиндарот за вода
  • Системот може соодветно да се дизајнира и да има соодветна големина за потребите од греење на имотот
  • Домот може да се загрева постојано наместо во краткотрајни силни интервали
  • Сите пропусти во перформансите можат да се подобрат исплатливо преку надградби, како изолација или замена на радијаторите

Споредба помеѓу типовите топлински пумпи

Кога ќе бидете сигурни дека домот е подготвен за топлинска пумпа, следниот чекор е да одлучите кој тип најдобро одговара на имотот и буџетот.

Карактеристика

Топлински пумпи со воздух како извор на енергија

Топлински пумпи со земен извор

Најдобро за

Урбани и приградски домови со ограничен простор

Рурални домови со големи градини

Почетни трошоци

Ниски

Високи (поради копање во земја)

Време на инсталирање

Брзо (вообичаено 1–2 дена по подготовката)

Долго (треба да се копа и да се дупчи)

Сложеност на инсталација

Поедноставна

Посложена (ровови или дупки + процена)

Потребен надворешен простор

Мал (големина на единица на голем климатизер)

Голем (површина за ровови и дупки)

Потребен внатрешен простор

Простор за внатрешна единица, топла санитарна вода, контроли

Слични внатрешни услови

Ниво на бучава

Надворешната единица создава бучава—треба внимателно да се позиционира

Многу тивко (нема откриена надворешна единица со вентилатор)

Позиционирање

Потребен е добар проток на воздух, растојание од прозори/врати; избегнувајте растенија и тесен простор

Површината мора да биде соодветна; избегнувајте корења од дрвја; важни се условите на почвата

Погодност според локација

Идеално за градови и предградија

Најдобро за рурални и големи имоти

Ефикасност

Добра, но варира според температурата на надворешниот воздух

Повисока и попостојана низ целата година

Перформанси при студено време

Помала ефикасност при многу ниски температури

Одржува ефикасност поради стабилната подземна температура

Одржување

Малку

Многу малку

Севкупна предност

Пониски трошоци и полесно инсталирање

Подобра ефикасност и стабилност на подолг период

Најважно: За повеќето европски сопственици, топлинската пумпа со воздух како извор на енергија е најпрактичната опција затоа што за неа е потребен помал простор, пониски почетни трошоци и поедноставно инсталирање. Геотермалните топлински пумпи овозможуваат попостојана ефикасност, но за нив е потребен поголем надворешен простори и повисоки трошоци за инсталирање.

Фактори во домот што ја определуваат погодноста на топлинската пумпа

1. Изолација и губење топлина

Дали ви е потребна добра изолација за топлинска пумпа? Иако топлинските пумпи можат да работат и во скромно изолирани домови, подобрата изолација ја зголемува ефикасноста и ги намалува работните трошоци.

Изолацијата ви помага да задржите поголем дел од топлината за која плаќате, што значи дека домот останува потопол подолго време, а вашиот систем за греење нема да работи напорно. Ова е особено важно за топлински пумпи, коишто се дизајнирани да работат ефикасно со ниска и постојана температура. Во добро изолиран дом, топлинската пумпа може да одржува удобна топлина полесно и со пониски трошоци.

Ако изолацијата е слаба, топлината излегува многу брзо низ кровот, ѕидовите и подовите. Тоа ја присилува топлинската пумпа да работи почесто, со што се намалува ефикасноста и се зголемуваат сметките за енергија, како и со кој било друг систем.

Добрата работа е дека изолацијата еден е еден од најлесните начини за подобрување на перформансите. Дополнителна или надградена изолација на таванот помага да се спречи топлината да излезе низ кровот, ѕидната изолација ја намалува загубата на топлина низ надворешните ѕидови, а подната изолација може да направи забележлива разлика во домовите со провев или со неизолирани подови.

Не ви е потребна совршена изолација за да инсталирате топлинска пумпа, но со подобрување ќе добиете поудобен дом и најдобри можни перформанси од системот.

2. Пресметка на загубата на топлина

Пресметката на загубата на топлина ја определува брзината со која топлинската енергија излегува од вашиот имот. Ова е поважно од староста на имотот затоа што директно го определува потребниот капацитет за греење.

Добро одржана куќа во комплекс со надградена изолација може да има помала загуба на топлината од несоодветно дизајнирана модерна куќа. Процената на загубата на топлина се врши за секоја просторија поединечно, при што се разгледува ѕидната конструкција, спецификациите на прозорите, брзината на вентилацијата и термалните мостови.

Овие пресметки овозможуваат прецизно определување на големината на топлинската пумпа. Премалите системи тешко ги задоволуваат потребите, а преголемите единици чинат повеќе и ги менуваат циклусите неефикасно. Постарите домови можат добро да работат со топлински пумпи кога загубата на топлина е намалена со соодветни подобрувања.

3. Радијатори, подно греење и компатибилност

Компатибилноста на системот за греење значително влијае врз перформансите на топлинската пумпа, иако постојните системи може често да се приспособат соодветно.

Подното греење претставува идеална комбинација затоа што работи ефикасно при ниска температура на водата, којашто топлинските пумпи ја создаваат најекономично.

Сепак, многу домови успешно користат радијатори со топлински пумпи. Во некои случаи, постарите радијатори, што се дизајнирани за високотемпературни бојлери, можеби ќе треба да се надградат или да се зголемат за да се овозможи истото ниво на удобност при ниски температури на проток.

Многу модерни домови веќе имаат радијатори што работат добро со топлински пумпи без никаква измена. Професионална процена на загубата на топлина ќе определи што точно е потребно за вашиот имот.

Подготовка на вашиот дом за топлинска пумпа

Дали може да се постави топлинска пумпа во секоја куќа?

Технички да, во секоја куќа може да се постави топлинска пумпа, иако практичноста и финансискиот аспект се различни секаде.

Со постепен пристап, топлинските пумпи се соодветни дури и за имотите што претставуваат сериозен предизвик. Сопствениците на домовите можат прво да ја подобрат изолацијата, па да ги надградат грејните тела пред да инсталираат систем со топлинска пумпа.

Важна е професионалната процена од страна на сертифициран инсталатер. Физички невозможното инсталирање е многу ретко; вистинските проблеми се оптимизацијата и инвестицијата.

Главни работи што треба да се земат предвид пред инсталирање топлинска пумпа

Повеќето имоти можат да користат топлински пумпи, при што условите за инсталирање се различни во зависност од карактеристките на домот. Инсталатерите обично ќе проценат:

  • Простор за надворешната единица
  • Потребен е простор за цилиндар за топла вода
  • Постојни радијатори или подно греење
  • Тековни нивоа на изолација
  • Електричен капацитет и спојки

Модерните домови со подно греење или со големи радијатори се погодни за топлинска пумпа, но тоа важи и за постарите имоти, особено ако се дизајнирани со соодветни температури на проток и соодветна големина на грејните тела. Добрата изолација, како на пример, изолацијата на таванот, ѕидната изолација и двојните стакла во прозорите ги подобруваат перформансите и ефикасноста и ги намалуваат работните трошоци, но топлинските пумпи можат да работат ефективно при различни нивоа на изолација со соодветен дизајн на системот.

Владините кампањи можат да помогнат да се намалат трошоците за инсталирање, во зависност од земјата или регионот.

Список за подготовка за топлинска пумпа

Дури и ако домот веќе е подготвен, мали подобрувања можат да ја подобрат ефикасноста и удобноста.

Погледнете го овој список за проверка пред инсталирање:

  • Спречете го провевот
    Проверете ги прозорите, вратите, влезовите на цевките и капаците од таваните; запечатете ги сите процепи за да ја спречите топлината да излезе
  • Надградете ги прозорите ако е потребно
    Поставете двојно стакло за да ја подобрите удобноста и да ја намалите загубата на топлина
  • Подобрете ја изолацијата
    Додадете или надополнете ја изолацијата на таванот и надградете ја ѕидната изолација каде што е можно за да ја задржите топлината поефективно
  • Проверете ги радијаторите и грејните тела
    Надградете со поголеми радијатори во најпотребните простории или земете предвид подно греење (особено при проширување на објектот)
  • Прегледајте ги контролите за греење
    Инсталирајте или оптимизирајте ја опцијата за поделба по зони и паметните контроли за да ги загревате само просториите што ги користите
  • Проценете го напојувањето се струја
    Проверете дали вашиот дом може да поддржи топлинска пумпа. Некои имоти може ќе треба да се надградат
  • Планирајте ги подобрувањето по фази
    Не мора да сторите сѐ одеднаш: распределете ги надградбите на подолг период за да се справите со трошоците и прекините
Пар се релаксира во топла дневна соба загреана со топлинска пумпа со воздух како извор на енергија од Daikin
Семејство готви во модерна кујна со постојано греење со топлинска пумпа

Простор, распоред и практични работи што треба да се земат предвид

Покрај енергетските перформанси, врз изборот за инсталација влијае и физичкиот распоред на вашиот дом.

Поставеноста на надворешната единица треба да се обмисли внимателно. За единицата е потребен слободен проток на воздух, пристап за одржување и соодветна поставеност за послаба бучавата. Не поставувајте ги топлинските пумпи до растенија со длабоки корења или на места со слаб проток на воздух.

Условите за внатрешен простор опфаќаат хидраулична внатрешна единица и резервоар за топла санитарна вода или за привремено складирање. Право поставените цевки ја намалуваат сложеноста на инсталацијата.

Надворешните единици може да се заградат со соодветна ограда или растенија што не пречат на протокот на воздухот.

Најдобро користење на топлинската пумпа

Ако достигнете повисока енергетска ефикасност во домот, ќе се подобрат перформансите на топлинската пума, удобноста и работните трошоци. Иако се важни физичките надградби, како изолацијата, секојдневните навики играат важна улога во намалување на потребите за топлина.

За да добиете најдобри резултати од топлинска пумпа, користете паметни термостати и контроли за поделба по зони за да не ги греете празните простории.

Ефикасна употреба на топлата вода (пократко туширање, ефективна употреба на тајмерите) ги намалува потребите од топла санитарна вода. Одржувајте постојана температура наместо да го оставите имотот да се излади па потоа да го загревате повторно. Топлинските пумпи работат најефикасно кога работат постојано, а не како бојлерите, кои работат со циклуси на вклучување и исклучување.

Малите приспособувања, како затворање завеси приквечер, затворени врати помеѓу греани и негреани простории и неблокирани радијатори, придонесуваат да се намали загубата на топлина.

Кои домови може да не се погодни за топлински пумпи?

Иако во повеќето домови може да се постават топлински пумпи, малку од нив се соочуваат со вистински предизвици.

Слабо изолираните имоти без потенцијал за надградба, како заштитени објекти со строги ограничувања за зачувување, можат да имаат проблем. Но овие случаи се релативно ретки, а при некои од нив, подобрувањата како изолацијата, можат да направат домот попогоден за топлинска пумпа.

Топлинските пумпи можат да се инсталираат во станови, но може да биде потешко ако просторот е ограничен за единиците или ако има слаб проток на воздух. Заштитените згради не смеат да се менуваат, а за геотермални пумпи и пумпи со воздух како извор на енергија ќе во треба одобрение за заштитени објекти, затоа што овие пумпи содржат внатрешни и надворешни единици кои ги менуваат карактеристиките на објектот.

Топлинските пумпи не треба да се поставуваат на земја ако имотот има ризик од поплавување при силни врнежи. Но често постојат и алтернативи, како внатрешна изолација на ѕидовите за имотите од културно наследство. Овие непогодни случаи претставуваат исклучок, спротивно на правилата.

Планирање и дозволи

Повеќето инсталирања на топлински пумпи со воздух како извор на енергија спаѓаат под дозволени права за развој во многу европски држави, што значи дека не е потребна формална дозвола за планирање ако се исполнети условите. Сепак, постојат правила за нивоата на бучава, визуелното пречење и растојанието до границите на имотот.

За заштитените објекти секогаш е потребна посебна согласност. Согласност за заштитени објекти ви е потребна за геотермални топлински пумпи или топлински пумпи со воздух како извор на енергија, затоа што тие содржат внатрешни и надворешни единици што го менуваат карактерот на објектот. Имотите во заштитените области може да се соочат со дополнителни рестрикции. Потребно е одобрение од градежните регулативи за инсталирање топлинска пумпа.

Очекувања за потрошувачката на енергија, сметките и перформансите

Ако го разбирате односот помеѓу потрошувачката на енергија и ефикасноста, може да си поставите реални очекувања за работните трошоци.

Топлинските пумпи ја генерираат енергијата најмногу од околината: создаваат топлина од 4 kW за секој 1 kW потрошена електрична енергија.

Сепак, цените за електрична енергија вообичаено ги надминуваат цените за гас по единица мерка, иако сите цени зависат од тековниот пазар. Сѐ на сѐ, добро изолираните домови со ефикасни системи со топлинска пумпа имаат работни трошоци слични или помали од греење на гас, особено што сега се достапни специфични тарифи на електрична енергија за топлинските пумпи.

Перформансите варираат во зависност од сезоната: топлинските пумпи работат најнапорно во зима, кога надворешните температури се најниски. Вредноста на подолг период доаѓа од малата потреба за одржување, вообичаениот работен век од околу 15 години и заштитата од високите цени на фосилните горива.

Следни чекори и поддршка

Најдобриот начин да определите дали вашиот дом е погоден за топлинска пумпа е преку професионална процена.

Со детална процена на локацијата може да се процени и загубата на топлина, нивото на изолација, постојните грејни тела и достапниот простор за инсталација за да се определи најсоодветниот дизајн на системот.

Daikin работи со мрежа од инсталатери што можат да го проценат вашиот дом и да препорачаат решение врз основа на потребите на вашиот имот.

Заклучок

Повеќето домови можат да работат добро со топлинска пумпа, особено со неколку соодветни подобрувања. Не треба да правите сѐ одеднаш и не ви е потребен „совршен“ дом за да започнете. Едноставни чекори, како намален провев, подобрена изолација или надградени радијатори, можат да направат значајна разлика во удобноста, ефикасноста и работните трошоци.

Ако размислувате за топлинска пумпа, гледајте на неа како патување, а не како еднократна инсталација. Прво разберете како функционира вашиот дом, извршете практични подобрувања каде е најпотребно и советувајте се со професионалец за да ви дизајнира систем што ќе одговара на вашиот простор и начин на живот. Погледнете го асортиманот решенија со топлински пумпи од Daikin за да го најдете соодветниот систем за вашиот дом.

Најважно

  • Повеќето домови се погодни за топлинска пумпа
    Не се работи за типот на имотот, туку за изолацијата, грејните тела и добриот дизајн на системот.
  • Топлинските пумпи работат различно од бојлерите
    Овозможуваат постојано греење со ниска температура, па домовите што можат добро да ја задржат топлината ќе почувствуваат најдобри перформанси и удобност.
  • Изолацијата е најдоброто засилување за перформансите
    Подобрената изолација на таванот, ѕидовите или подот му помага на секој систем за греење—но претставува многу голема разлика за топлинските пумпи.
  • Можете да ја подобрите стабилноста со тек на време
    Заштитата од провев, надградените радијатори и подобрите контроли можат да се извршат постепено за да се распределат трошоците и прекините во работата.
  • Професионалниот дизајн и определбата на големината се многу важни
    Прецизната пресметка на загубата на топлина и стручното инсталирање му овозможуваат на системот да работи ефикасно и да ги задоволи потребите на вашиот дом