Skip to main content

Ако барате решение за ладење коешто ќе ви донесе удобност во текот на летните месеци, нашите клима уреди, исто така познати и како топлински пумпи воздух-воздух, се она што го барате.

Жена седи удобно во дневната соба благодарение на топлинските пумпи воздух-воздух на Daikin
  • Енергетска ефикасност до A+++
    Икона касичка прасе
  • Уживајте во удобноста во домот без оглед на времето
    Икона термометар
  • Подобрете го квалитетот на внатрешниот воздух
    Икона филтер Window ipv
  • Елегантниот дизајн одговара на ентериерот
    Икона дијамант

Кои се придобивките од клима уред или топлинска пумпа воздух-воздух?

Двојна удобност

Топлинските пумпи воздух-воздух можат да обезбедат ладење и греење. Уживајте во ладна спална соба во текот на летото и во топла дневна соба во текот на зимата.

Удобна температура во собата со топлинска пумпа воздух-воздух

Лади и грее многу соби

Систем „multi“ на топлинска пумпа воздух-воздух ви овозможува да поврзете до пет внатрешни единици на една надворешна единица. Внатрешните единици можат да бидат со безброј големини и стилови за да одговараат на потребите и дизајнот на просторот, и да обезбедат ефикасно греење и ладење во домот. Понатаму, можете да ја менувате температурата во секоја соба.

Multi топлинска пумпа воздух-воздух

Лесно за управување

Системот е едноставен за користење од секаде бидејќи единиците се контролираат со далечински управувач кој е лесен за користење или со апликација.

Човек седи на масата

Пониски сметки и повеќе обновлива енергија

Топлинските пумпи воздух-воздух можат да помогнат да си ги намалите грижите за сметките за енергија и за влијанието врз околината. При режим на греење, обично само 25 % од потребната енергија за работење на системот доаѓа од електричната енергија. Остатокот доаѓа од обновлив извор на енергија: воздухот.

Двојка се смее додека седи на масата

Дизајнирани да одговараат на вашиот стил

Со широк опсег на внатрешни единици, моделите на Daikin се дизајнирани да одговараат на вашиот стил и да се вклопат во ентериерот, со што ви даваат оптимална удобност во куќата во секоја сезона.

Жена во својата спална соба со модерен клима уред Daikin

Како работи систем на топлинска пумпа воздух-воздух?

Топлинска пумпа воздух-воздух се состои од две единици.

Двојка седи на удобен кауч

Внатрешната единица

Внатрешната единица на топлинска пумпа воздух-воздух е компонента од системот што се наоѓа во домот и овозможува климатизиран воздух во просториите. Со широк опсег на внатрешни единици, моделите на Daikin се дизајнирани да одговараат на вашиот стил и да се вклопат во ентериерот, со што ви даваат оптимална удобност во куќата во секоја сезона.

Надворешна единица на удобна тераса

Надворешната единица

Надворешната единица од split системот е дел од топлинска пумпа воздух-воздух што ги содржи компресорот, вентилаторот, електронската табла и разменувачот на топлина. Може да се монтира на надворешен ѕид или да се постави на кров во градина. Надворешната единица го компресира средството за разладување што зема или ослободува ладен воздух или топлина кон просторијата во или од нејзината друга внатрешна единица.

Постојат три типа внатрешни единици на топлинска пумпа воздух-воздух

Повеќе информации за климатизација

Да, и ако го реновирате имотот и се префрлите на топлински пумпи воздух-воздух со обновлива енергија, ќе ја зголемите вредноста на реновираниот дом, околината и џебот. Топлинските пумпи можат да се инсталираат во речиси секој дом. Сепак, треба да се земат предвид некои работи кои можеби треба да се решат, особено во однос на изолацијата. За да може една топлинска пумпа да функционира најефикасно, домот треба да биде добро изолиран за да може да спречи губиток на енергија што е можно повеќе. Соодветно квалификуван инженер за греење може да ве посоветува што треба да сторите во вашиот дом за да биде соодветен за употреба на систем со топлинска пумпа. Ова може да вклучува надградба на ѕидовите и кровот. Исто така, треба да се земе предвид и локацијата. Надворешната единица ќе треба да се инсталира надвор од домот и треба да се наоѓа на лесно достапно место за да можете да ја чистите единицата, да ги приспособите поставките или ја сервисирате топлинската пумпа.

Да, топлинската пумпа воздух-воздух (исто така позната и како клима уред) може да донесе топла вода во вашиот дом. Со решението Multi+ на Daikin, греењето, ладењето и топлата вода се овозможуваат преку еден систем. Поврзува до три единици и еден резервоар за санитарна топла вода и е компатибилен со резервоар од 90 и 120 литри и широк опсег на внатрешни единици, нудејќи незаменлива флексибилност. Нашето решение Multi+ содржи интуитивен текстуален приказ на резервоарот за топла санитарна вода за надгледување и приспособување на сите поставки, заедно со поставување на распоредот и на температурата на водата.

Топлинските пумпи воздух-воздух (исто така познати и како клима уреди) на Daikin може да ви ги олеснат алергиите оти тие ги заробуваат алергените во филтерот на топлинската пумпа и го подобруваат квалитетот на воздухот што го дишете. Нашите топлински пумпи воздух-воздух не ви овозможуваат само греење и ладење, туку и ги отстрануваат загадувачите, поленот и честичките од просторијата каде дишете.

Некои единици на Daikin се опремени и со Flash Streamer и разни филтри како дезодорирачкиот филтер од титаниум апатит или сребрениот филтер за отстранување алергени, коишто можат брзо и ефикасно да ги отстранат загадувачите од воздухот.

Не! Понатаму, нашите топлински пумпи воздух-воздух (исто така познати и како клима уреди) можат да помогнат да се намалат симптомите на алергија. Daikin вградува повеќе филтри во сите свои единици за климатизација: дезодорирачки филтри од титаниум апатит, сребрени филтри за отстранување алергени и Flash Streamers за отстранување прав и заробување на бактериите. Со соодветно одржување на климатизацијата и сè додека редовно се чистат, овие филтри на сите ќе им обезбедат почист и поздрав воздух за дишење.

Со цел топлинска пумпа да функционира како што треба, неопходно е системот да е правилно инсталиран. Инсталирањето треба да го изврши само овластен техничар, на подобна локација. Површината мора да биде доволно цврста за да ги издржи тежината и вибрациите на единицата, а исто така мора да има доволно простор за проток на воздух и за поврзување цевки и кабли за напојување. Кои било растенија или грмушки во просторијата треба да се оддалечени барем еден метар од топлинската пумпа и треба да се потсекуваат редовно. Пумпата треба да е инсталирана и на место до кое може да се пристапи лесно при сервисирање или редовно одржување.

Често нè прашуваат зошто не смееме да ја поставиме топлинската пумпа внатре. Зарем не можат да се постават во мансарда или стакленик? Одговорот е, не. Тоа е затоа што после неколку часа топлинската пумпа ќе ја извлече целата топлина од заробениот воздух, ефикасно претворајќи го просторот во замрзнувач. Поради ова топлинските пумпи воздух-воздух имаат потреба од пристап до надворешен воздух со слободен проток.

Советуваме да се сервисираат еднаш годишно од страна на квалификуван инженер. Редовното сервисирање, редовното одржување и рутинското чистење на системот ќе го продолжат работниот век и ќе ја одржат енергетската ефикасност.

Еве неколку знаци дека вашата топлинска пумпа воздух-воздух (исто така позната како клима уред) има потреба од итно одржување:

Ако вашиот клима уред создава повеќе бучава од вообичаено, можеби се блокирани филтрите. Отстранете го правот со правосмукалка. Ако истата бучава продолжи и понатаму или слушнете шумолење, може да има механички проблем. Тогаш треба да се повика квалификуван техничар кој ќе ја провери единицата.

Дознајте кој модел одговара за вашиот ентериер