Како функционира инсталирањето топлинска пумпа воздух-воздух?
Размислувате да инсталирате топлинска пумпа воздух-воздух? Еве што треба да знаете.

Инсталирањето топлинска пумпа воздух-воздух (исто така позната и како клима уред) е посебен процес. Треба да го врши професионално лице кое може да ве советува за соодветноста и спецификацијата, и да инсталира квалитетни единици со минимални препреки за максимална ефикасност.
Како функционира инсталирањето топлинска пумпа воздух-воздух?
Има шест главни чекори за инсталирање топлинска пумпа воздух-воздух:
- Чекор 1: Инсталирање на внатрешната(ите) единица(и) на топлинската пумпа. Прво, изведувачот ќе ги инсталира внатрешните високоѕидни, парапетни или скриени тавански единици на топлинската пумпа, коишто се дизајнирани да емитираат топол или ладен воздух во собите.
- Чекор 2: Поставување пристапни точки во домот. Следно, тие ќе создадат пристапна(и) точка(и) за поврзување на внатрешната(ите) единица(и) со надворешната единица преку дупчење отвор во ѕидот за електричните жици и одводните цевки.
- Чекор 3: Инсталирање на надворешната(ите) единица(и) на топлинската пумпа. Потоа, тие ќе ја инсталираат надворешната единица на топлинската пумпа и вообичаено ќе ја постават странично на домот. Во поладни места, единицата мора да биде подигната над тлото, над место каде што би можело да се таложи снег.
- Чекор 4: Поврзување електрични жици. Потоа, тие ќе ги поврзат електричните жици. Жиците треба да бидат изолирани.
- Чекор 5: Поврзување на цевководот. Тие ќе ги поврзат цевките за разладување коишто пренесуваат топол гас или ладна течност со внатрешните единици и одводните цевки коишто ја отстрануваат кондензацијата. По потреба, и тие исто така треба да бидат изолирани.
- Чекор 6: Фаза на тестирање квалитет. На крајот ќе извршат детално тестирање на целиот систем за да се осигураат дека тој работи оптимално пред употреба.


Што треба да знаете пред да инсталирате топлинска пумпа воздух-воздух?
Одлучете дали сакате да греете и ладите само една соба (ќе ви треба „парен систем“) или многу соби (ќе ви треба систем „multi“). Исто така, имајте ги предвид и потребите за топла вода. Со системот „multi“ на топлинската пумпа воздух-воздух, исто така можете да поврзете мал резервоар за топла санитарна вода од 90l или 120l, идеален за куќи со површина до 80m².
Изберете висококвалитетен систем на топлинска пумпа којшто ќе биде сигурен и долготраен, со висока оценка за енергетска ефикасност.
Проверете дали домот е добро изолиран и дали просторот околу внатрешните и надворешните единици е чист. Потребен им е доволно проток на воздух со цел системот да работи што е можно поефикасно.
Топлинската пумпа воздух-воздух зема 80% од потребната енергија од надворешниот воздух. Само 20% доаѓа од електрична енергија. И покрај тоа, ќе ви треба постојано снабдување со електрична енергија за работа на системот.
Инсталирајте ја професионално топлинската пумпа воздух-воздух
Користете професионален изведувач за да ја инсталира топлинската пумпа воздух-воздух.
Пред да започне, инсталатерот на топлинската пумпа ќе го провери домот за да провери дали е соодветен за топлинска пумпа воздух-воздух. Тие треба да препорачаат каков тип на систем и каква големина на топлинска пумпа ви се потребни. Тие ќе ве советуваат каде да се постави надворешната единица и ќе разговараат со вас за тоа какви внатрешни единици да се инсталираат: високѕидни, парапетни или скриени во тавани.
Сега вашиот дом може да биде топол или ладен колку што сакате во текот на годината и можете да се опуштите во целосна удобност.