Како да ја користите ефикасно топлинската пумпа воздух-воздух?
Следете ги нашите пет совети за да ги добиете најдобри резултати
Топлинските пумпи воздух-воздух (исто така познати и како клима уреди) се енергетски ефикасно решение за греење и ладење дури и за домови во многу топли или ладни клими - до -25˚C. Еве неколку начини за оптимизирање на системот за да постигнете удобни температури во текот на целата година.
Топлинските пумпи се најефикасниот енергетски начин за греење на домот во зима - многу повеќе отколку користење бојлер или печка. Тие можат да работат како клима уреди во лето. За да го добиете најдоброто од нив, запомнете:
да стремите кон стабилност
Наместо да ја зголемувате или намалувате поставената температура за да добиете моментален налет на топол или ладен воздух, обидете се да ја одржувате на постојана, удобна температура. На тој начин обезбедувате максимална енергетска ефикасност. Автоматскиот режим е вообичаено добар начин за одржување постојана температура бидејќи системот автоматски ќе грее или лади по потреба. Поставете ја температурата на поинакво ниво во лето отколку во зима за да не се чувствувате премногу топло или студено за тој период од годината и непотребно да ја трошите енергијата. Температура од 21˚C може да е пријатна кога надвор е ледено, но ќе ви биде ладно во топол ден.
Внатрешната единица на топлинската пумпа воздух-воздух ја мери собната температура. Бидејќи топлината се зголемува, можеби ќе треба да поставите повисока температура за единиците коишто се поставени високо на ѕидот или во таванот, отколку за парапетните единици. Запомнете, поставување удобна температура со помош на топлинска пумпа воздух-воздух може да се разликува од температурата што ја поставувате кога користите бојлер.
да ги разберете различните режими
Системот има разни режими за различни сценарија. Иако о повеќето случаи треба да користите автоматски режим, понекогаш можеби ќе треба да се префрлите на друг режим. На пример, ако сте запалиле оган или ако во ладен ден влегува многу сончева светлина низ прозорците, автоматскиот режим можеби не е најсоодветната опција бидејќи може да се обиде да ја излади собата. Во тој случај, поставете на режим Heat. Во многу топли денови изберете режим Cool или изберете режим Fan ако сакате поголема циркулација на воздух. Исто така, има и режим Dry за одвлажнување на собите.
да се затворени вратите и прозорците
Сакате да одржите стабилна температура и да избегнете единиците да се обидуваат да ја греат или ладат надворешноста! Затворените врати во домот исто така може да помогнат да се одржи температурата што сте ја поставиле за секоја соба (ако, на пример, сакате дневната соба да биде потопла од спалната соба). Ова исто така ќе спречи топол, влажен воздух да излегува од бањата и да го активира режимот ладење или одвлажнувачот (режим Dry) во друга соба.
да внимавате на протокот на воздухот
Можете да го пренасочите протокот на воздух или да ја промените брзината на вентилаторот на внатрешните единици на топлинската пумпа за да го шири загреаниот или изладениот воздух понатаму низ собата. Насочете го воздухот во отворен простор кога е тоа можно: ако пречи мебел, тој нема да циркулира толку ефикасно. Слично, на надворешната единица на топлинската пумпа ѝ е потребен простор наоколу: поставете ја подалеку од големи растенија и грмушки.
да не заборавите да чистите и одржувате
За да го одржите системот во топ форма, чистете ги редовно филтрите за прав на внатрешните единици. Внимавајте да нема лисја и други остатоци околу надворешната единица. Ако живеете во област каде што паѓа многу снег, треба да ја инсталирате единицата подигната над тлото. Можеби ќе биде потребен и заштитник од снег. Покрај ова, професионално лице треба да го сервисира системот секоја година.


Накусо, за ефикасно греење и ладење на воздухот:
- Користете ја топлинската пумпа воздух-воздух за греење во зима наместо бојлер или печка
- Одржувајте постојана температура
- Внимавајте да нема нечистотија и лисја околу надворешната единица на топлинската пумпа
- Чистете ги редовно филтрите за прав на внатрешната единица на топлинската пумпа
- Професионално лице треба да ја сервисира топлинската пумпа воздух-воздух секоја година