Skip to main content

За да го извлечете максимумот од топлинската пумпа во поглед на ефикасност и заштеда на трошоци, важно е таа да се одржува и сервисира редовно и правилно

Инсталатер поставува внатрешна единица Stylish на ѕидот

Топлинските пумпи воздух-воздух (исто така познати и како клима уреди) работат поинаку од стандардниот бојлер или систем за греење. Важно е да вршите редовни проверки и годишни сервиси за да се уверите дека топлинската пумпа работи што е можно поефикасно.

Редовно одржување топлинска пумпа за долг работен век

Топлинските пумпи воздух-воздух се единствени решенија за контрола на температура за коишто не е потребно многу одржување како за традиционалните системи на греење. Сепак, ако сакате да го извлечете максимумот од единицата, следете ги овие едноставни техники за нега и сервисирајте ја секоја година.

Редовното сервисирање, честото одржување и рутинското чистење на системот ќе го продолжат работниот век и ќе ја одржат енергетската ефикасност. Впрочем, редовните проверки долгорочно се многу поисплатливи одошто ад хок поправки. Тие ја подобруваат ефикасноста, ја намалуваат потрошувачката на енергија и ја минимизираат можноста од расипување на системот. Грижете се топлинската пумпа воздух-воздух и таа може да трае со децении.

Чиста единица е среќна единица

Чистењето е една од наједноставните форми на превентивно одржување на топлинската пумпа и гарантира дека вашиот систем работи ефикасно, а вашиот воздух останува здрав. Повеќето топлински пумпи воздух-воздух имаат достапни филтри за воздух и дезодорирачки филтри коишто можете лесно да ги отстраните и исчистите. Само следете ги овие седум чекори:

  1. Исклучете ја единицата
  2. Кренете ја плочата за да пристапите до филтрите.
  3. Внимателно откачете и отстранете ги филтрите за воздух.
  4. Откачете ги или извлечете ги плочите на дезодорирачкиот филтер.
  5. Нежно поминете со четка врз филтрите користејќи соодветен додаток на правосмукалката или исплакнете ги со млака вода и слаб детергент.
  6. Оставете ги да се исушат, подалеку од директна сончева светлина, а потоа вратете ги во единицата.
  7. На крај, избришете ја надворешноста на затворената единица со чиста и мека крпа.

Ефикасно работење

Правилно одржуваната топлинска пумпа подобро го оддржува воздухот во домот на одредена температура и го распределува рамномерно. Еве неколку други едноставни совети за да се осигурате дека топлинската пумпа воздух-воздух работи ефикасно:

  • Проверете дали секогаш има проток на воздух околу топлинската пумпа, внатре и однадвор. Проверете дека ништо не ја блокира.
  • Поставете ги соодветно протокот на воздухот и насоката.
  • Прозорците и вратите нека бидат затворени.
  • Поставете ја топлинската пумпа на соодветна температура.
  • Проверувајте редовно дали има протекувања или измени во протокот на воздухот.

Редовно професионално одржување

Препорачуваме сервисирање еднаш годишно од страна на квалификуван инженер. За време на сервисирањето топлинска пумпа, техничарот ќе спроведе сеопфатна ревизија на системот, вклучувајќи:

  • ќе го дополни средството за разладување ако е при крај
  • ќе го измери протокот на воздухот за да се увери дека е доволен.
  • ќе провери нечистотија на филтрите и други делови
  • ќе провери какво било абење.
  • ќе се увери дека далечинскиот управувач работи правилно.

Превентивното одржување на топлинската пумпа воздух-воздух е најдоброто нешто што можете да го направите за да ги намалите трошоците за работа, да избегнете скапи поправки и да ја обезбедите нејзината постојана сигурност – за да можете да продолжите да уживате во придобивките во наредните години.

Човек ја преминува дневната соба и ужива во ладен воздух
Стилски ентериер со високоѕидна единица за климатизација