Skip to main content

Со толку високи трошоци за енергија, ефикасноста на топлинската пумпа воздух-воздух е значајна

Човек со својот преносен компјутер во дневната соба

Енергетската ефикасност е во прв план во размислувањето на многу сопственици на станбен простор бидејќи размислуваат за заштита на планетата и за намалување на нивните сметки. Ако размислувате да инсталирате топлинска пумпа воздух-воздух (исто така позната и како клима уред) за греење и ладење на домот, разумно е да имате идеја колку електрична енергија ќе потроши.

Што ја определува потрошувачката на енергија на топлинска пумпа воздух-воздух?

Многу фактори влијаат на потрошувачката на енергија и трошоците за работење на топлинската пумпа воздух-воздух, вклучувајќи:

  • Колку е добро изолиран домот и колку добро задржува топлина или останува ладен.
  • Неговата положба и ориентација. Ако е заштитен од сонце и ветер, можеби ќе биде потребна помалку енергија за ладење и греење. Ако е свртен кон југ, со многу прозорци, може да се загрева повеќе во лето (потребно е повеќе енергија), но да биде потопло во зима (затоа треба помалку енергија).
  • Колку е голем просторот. Во поголеми простори потребно е повеќе напојување за греење и ладење.
  • Колку луѓе живеат во домот и какви се нивните потреби. На бебињата и постарите лица можеби им е потребна потопла куќа во зима или повеќе им прежи топлината во лето. Исто така, зависи колку време поминувате дома, на пример, ако одите на работа.
  • Ако имате ролетни или пердиња коишто ја задржуваат топлината внатре или го блокираат сонцето.
  • Ако имате фотонапонски соларни плочи за да обезбедите „бесплатна“ електрична енергија.

Типот, големината и капацитетот на топлинската пумпа воздух-воздух се исто така важни. Ако се премногу мали, нема да бидат делотворни или ефикасни. Можеби ќе треба да работат понапорно за да ја загреат и ладат собата, да користати повеќе енергија, по повисоки трошоци, со помала придобивка за постигнување удобна температура. Ако се преголеми, ќе создадат вишок проток на воздух, што може да предизвика сушење на воздухот. Повторно, тоа е неефикасно и скапо и може да е непријатно.

Човек чита на масата додека ужива во совршена температура во својот дом
Бела дневна соба со кауч и високоѕидно климатско решение над него

Како можам да научам повеќе за ефикасноста на топлинската пумпа воздух-воздух и потрошувачката на енергија?

Сите електрични и електронски уреди коишто се продадени во ЕУ имаат оценка за енергетска ефикасност. Тие се движат од A+++ (најефикасни) до D (најмалку ефикасни), за да можете да направите информиран избор. Енергетските ознаки за сите производи на Daikin можете да ги пронајдете на нашата веб-страница.

Исто така, постојат оценки за сезонска ефикасност за производи за греење и ладење што мора да ги користат сите производители на единици коишто се продаваат во ЕУ. Односот на сезонска енергетска ефикасност (SEER) се однесува на енергетската ефикасност при ладење, а сезонскиот коефициент на перформанси (SCOP) се однесува на енергетската ефикасност при греење. Тие ја мерат ефикасноста во стандардна околина и годишна потрошувачка на енергија.

Можете сами да ја процените потрошувачката на енергија на топлинската пумпа: повеќето производители ја наведуваат годишната потрошувачка на нивните модели во киловат-часови на нивните веб-страници или во нивните брошури. Ако знаете колку наплаќа вашиот снабдувач по киловат-час, можете приближно да пресметате колкава ќе биде вашата сметка - имајќи ги предвид горенаведените променливи.

Дознајте повеќе за ефикасноста на топлинската пумпа воздух-воздух во опсегот на производи на Daikin.