Дали можете да греете или ладите повеќе соби со топлинска пумпа?
Можете да греете или ладите повеќе простори – еве како

Топлинските пумпи воздух-воздух (исто така познати и како клима уреди) се неверојатно флексибилни и разновидни: тие можат да греат или ладат повеќе соби одеднаш. Вие само треба да го изберете вистинскиот тип на систем, со вистинскиот број внатрешни единици на топлинска пумпа за оптимална удобност – секаде. Еве ги вашите опции.
Колку соби можам да греам или да ладам со топлинска пумпа воздух-воздух?
Топлинските пумпи воздух-воздух можат да греат или да ладат повеќе соби. Тие работат на систем split. Надворешната единица е поставена на надворешноста на домот, којашто е поврзана со една или повеќе внатрешни единици. Единиците извлекуваат топлина од надворешниот воздух и го распределуваат воздухот на соодветната температура во вашиот дом.
Има три типа системи за избирање.
Парен систем. Се состои од една надворешна и една внатрешна единица. Ви овозможува да греете или ладите еден простор и може најдобро да функционира за помали домови со распоред од отворен тип.
Можете да изберете високоѕидна, парапетна или скриена таванска внатрешна единица. Сите модели на Daikin се дизајнирани да се вклопат беспрекорно во ентериерот.
Систем multi. Надворешната единица може да се поврзе со најмногу пет внатрешни единици, што ви овозможува да ја контролирате температурата во неколку соби одеднаш. Надворешната единица се искористува максимално и обезбедува максимална разновидност.
Секоја соба може да има различен стил или големина за да одговара на критериумите на просторот и вашите приоритети. На пример, можеби ќе сакате помала единица во спалната соба, а поголема и помоќна за просторот за дневен престој.
Можете да ја прилагодите секоја единица поединечно со помош на нејзиниот сопствен далечински управувач или апликација, што значи дека можете да имате потопла или поладна температура во една просторија отколку во друга.
Систем multi-plus. Со ова, покрај греењето и ладењето, добивате и топла вода. На една надворешна единица можете да поврзете еден резервоар за топла вода од 90 литри или 120 литри и најмногу до три други внатрешни единици. Ова е најсоодветно за домови со површина до 80m².


Дали можам да греам или да ладам истовремено различни соби во домот?
Не. Иако можете да поставите поединечни внатрешни единици на различни температури, така што една соба се загрева или лади повеќе од друга, топлинските пумпи воздух-воздух можат само да греат или да ладат во кое било време.
Дали ви е потребна топлинска пумпа воздух-воздух во секоја соба?
Не, не ви е потребна една единица во секоја соба. Единиците на топлинските пумпи воздух-воздух Daikin имаат капацитет од 1.5 kW до 7 kW за да можат да греат или да ладат големи простори. Со систем multi, можеби ќе биде можно да се додаде дополнителна внатрешна единица во подоцнежна фаза ако е потребно, до најмногу пет по надворешна единица.
Максимална флексибилност во повеќе соби
Значи, добивате незаменлива флексибилност и дискретно работење со оптимални перформанси и исклучителна енергетска ефикасност во повеќе соби. Производите на Daikin се лесни за инсталирање и одржување и ви даваат температура којашто е вистинска во секој простор од домот.