Skip to main content

Истражување ефикасни, одржливи и достапни решенија за ладење поинакви од вообичаените климатизери

Човек седи во бела просторија со дискретна високоѕидна топлинска пумпа

Ладењето веќе не е луксуз, туку потреба за здравјето, продуктивноста и опстанокот во сѐ потоплата Европа. Сепак, вообичаената климатизација троши повеќе енергија и штетно влијае врз околината. Решението лежи во ефикасни и одржливи алтернативни решенија за ладење. Оваа статија објаснува зошто потребите од ладење се сѐ поголеми, какви еколошки одговорни опции постојат, како климата и типот на објекти влијаат врз перформансите и како решенијата - многу од нив овозможени од Daikin - помагаат да се овозможи удобност, здравје и ефикасност без да се зголеми влијанието врз климата.

Зошто ладењето веќе е потреба, а не луксуз?

Како што температурите продолжуваат да растат, екстремната топлина сѐ повеќе влијае врз здравјето и удобноста на луѓето низ целиот свет. Во Daikin веруваме дека технологијата и негата одат рака за рака. Со развивање на енергетски ефикасни решенија за ладење и за греење им помагаме на заедниците да се приспособат на овие променливи услови со тоа што создаваме побезбедна и поудобна околина за сите.

Како што Европа продолжува да се затоплува скоро двапати побрзо од просекот во светот, барањето за ладење – кога ќе се комбинира со почиста енергија – постанува важен дел од стратегиите за борба со климатските промени. Како што наведува Financial Times, продажбата на климатизери (познати и како топлински пумпи воздух-воздух) во ЕУ е нагло зголемена, особено во региони што не биле познати како топли предели. Сепак овој пораст во побарувачката за вообичаени системи за климатизација многу влијае врз околината.

Од 2022 година, просторното ладење - тука спаѓаат топлинските пумпи воздух-воздух и вентилаторите - троши околу 7 % од глобалната потрошувачка на струја и испушта околу 3 % од емисиите на CO₂, поточно 3,2 % од вкупните стакленички гасови кога ќе се земат предвид силните разладни средства (HFCs). Треба да ги погледнете алтернативите за вообичаените климатизери, а еве и зошто:

Прашањата за вообичаените климатизери

Вообичаените климатизери трошат многу повеќе струја – глобално околу 10 % од потрошувачката на енергија – а се прогнозира дека таа бројка може да биде трипати поголема до 2050 ако не се извршат промени. Постојат и долготрајни грижи во врска со инсталацијата, одржувањето и трошоците. На крајот, сепак пријатната температура постанува задолжителна, па затоа се тука алтернативните решенија за греење и ладење, а оние усовршени од Daikin зафаќаат се поголем замав.

Кои алтернативи за вообичаената климатизација се достапни?

Алтернативните системи за ладење нудат еколошки и достапни опции за одржување на удобноста. Овие решенија доаѓаат во неколку форми:

  • Пасивно ладење: Содржи архитектонски стратегии при дизајнирање, како на пример вкрстена вентилација, заштита од сонце, рефлективни површини и термална маса за природно регулирање на температурата. Идеално за добро планирани нови градби или реновирања во суви клими.
  • Испарувачко ладење: Некои производи користат вода за да го ладат воздухот преку испарување. Овие се енергетски ефикасни и работат најдобро во сува околина, овозможуваат еколошка алтернатива на климатизерите со компресор.
  • Преносливи климатизери: Овие единици се компактни, пријатни за употреба и совршени за ладење мали простории. Немаа потреба од трајна инсталација, што ги чини идеални за изнајмувачи или урбани жители.

Потребите од ладење се разликуваат во зависност од географската положба или типот на објектот. Пасивен систем за вентилација може да функционира во северна Европа но да не може да ги постигне потребните перформанси во густо населени јужни станови, изложени на сонце. Затоа дизајнот во контекст на климатизација е важен за долготрајна удобност и ефикасност.

Што е пасивно ладење и како работи?

Пасивното ладење се однесува на стратегии во дизајнот што ги намалуваат внатрешните температури без механички системи. Овие принципи се стари со векови и сѐ уште функционираат и денес - особено кога се интегрираат во модерната архитектура.

Во суштина, пасивното ладење се потпира на елементи како термална маса (материјали што споро апсорбираат и ослободуваат топлина), заштита од сонце (натстрешници, сенки или ролетни) и природен проток на воздухот. Вообичаени материјали за термална маса се бетон, цигла, камен и ќерпич, коишто можат да апсорбираат топлина преку ден и постепено да ја испуштаат навечер, со што ќе помогнат да се стабилизира внатрешната температура

На пример, правилна насоченост на прозорите и употребата на вкрстена вентилација може многу да ја подобри удобноста без употреба на струја.

Едноставни но ефективни функции што опфаќаат дрвја, шпалир и кровни натстрешници, коишто ја блокираат директната сончева светлина и го намалуваат создавањето соларна топлина.

Сепак, пасивното ладење има ограничувања при екстремни клими. Во влажна околина или за време на топлотни бранови, природната вентилација можеби нема да биде доволна за да одржи безбедна внатрешна температура.

Некои од примерите за пасивно ладење се:

  • Медитерански домови со дебели камени ѕидови и мали прозори за да ја намалат апсорпцијата на топлина.
  • Скандинавски објекти што содржат паметни системи за проток на воздух и силна изолација за да подобрат пасивната термална контрола.

Механичко ладење како алтернатива за вообичаена климатизација

За домови на кои им е потребно механичко ладење без големата употреба на енергија на вообичаената климатизација, неколку решенија со слабо влијание можат да понудат ефективна удобност кога ќе се комбинираат со соодветната клима и типот на објектот.

Тавански вентилатори

Таванските вентилатори работат со вентилирање на топлиот воздух заробен во таванот, со што ја намалуваат топлината на горните катови. Со отстранување на топлиот воздух, помагаат да се одржи ниска внатрешна температура, особено при раните вечери кога топлината во кровот е најголема.

Клима и објекти:

  • Работат најдобро во топли и суви клими, каде топлиот воздух може да се отстрани без да се додава влага

  • Може да биде помалку ефективно или контрапродуктивно во влажни клими, затоа што вентилацијата може да вовлече влажен воздух и да ја зголеми влажноста внатре

  • Во ладни клими, неконтролираната употреба може да предизвика несакана загуба на топлината во зима и да ја зголеми потребата од греење

  • Домови со слаба изолација и вентилација вообичаено имаат поголемо намалување на температурата од добро изолираните објекти

Трошоци:

  • Таванските вентилатори вообичаено чинат €100–€400, заедно со инсталација

  • Трошоците за работа се минимални и само околу 50–100 вати

Испарувачки климатизери

Испарувачките климатизери користат испарување на водата за да ја намалат температурата на воздухот. Енергетски се многу поефикасни од компресорските климатизери и не користат штетни разладни средства.

Најпогодни за:

  • Суви клими, каде воздухот може да ја апсорбира влагата ефективно

Ограничувања:

  • Помалку ефективни во влажни региони, каде концентрацијата на влага го ограничува испарувањето

Инсталирање и одржување:

  • Вообичаено едноставно инсталирање

  • Одржувањето се состои од чистење на филтрите и резервоарите за вода

Трошоци:

  • Обично €150–€1.000, во зависност од големината и функциите

  • Преносливите единици чинат помалку; за системите што го опфаќаат целиот објект е потребна поголема почетна инвестиција

Преносливи решенија: вентилатори, преносливи единици и хибридно ладење

Преносливите решенија за ладење овозможуваат флексибилност, особено за изнајмувачи, привремени ситуации или домови без водови. Погодни се за мали простории и за насочено ладење.

Вентилаторите го циркулираат воздухот и го поддржуваат испарувачкото ладење без да ја намалуваат температурата на воздухот, а преносливите климатизери активно ги отстрануваат топлината и влагата.

Овие хибридни единици овозможуваат енергетски ефикасно ладење преку испарувачка технологија—трошат многу помалку струја од вообичаените климатизери—и го подобруваат квалитетот на внатрешниот воздух со филтрирање на загадувачите, алергените, правот и некои бактерии.

Хибридните модели комбинираат испарувачко ладење со филтрирање и овозможуваат универзално решение каде е важно и прочистувањето на воздухот.

Одржувањето се состои од исцедување на кондензатот, чистење на филтрите и повремена замена на патроните за ладење.

Инсталирањето е вообичаено едноставно и потребно е само штекер за струја и прозор.

Маж стои и слика на штафелај во бела просторија со дискретна високоѕидна топлинска пумпа што овозможува совршена температура
Жена седи на маса со лаптоп, а во просторијата свети сонце низ прозор со црна рамка, со стилска, црна, високоѕидна топлинска пумпа

Како ладните кровови и термалните бариери можат да ја намалат топлината и да заштедат енергија?

Ладните кровови - преку рефлектирачки облоги, сјајни мембрани или поставени растенија - го рефлектираат сончевото зрачење, ја намалуваат температурата на кровот за до 30°C и ги намалуваат потребите за ладење за 10-30 %. Во комбинација со соодветна изолација и вентилација на таванот, нудат одлично враќање на инвестицијата на подолг период. Паметните тавански решенија, компатибилни со Daikin, го поддржуваат овој пристап.

Трошоците за инсталирање ладни кровови се променливи и зависат од типот: на пример, рефлектирачките облоги додаваат околу €2 до €5 на m² над стандардна боја, а рефлективните мембрани ги зголемуваат трошоците за €10 до €20 на m². Иако почетните трошоци се повисоки, ладните кровови помагаат да се заштеди енергија со текот на времето.

Системите со ладни кровови се погодни за станбени домови и комерцијални објекти, особено во топли и сончеви клими. Со тек на времето овозможуваат солидно враќање на инвестицијата со пониски сметки за климатизација и продолжен работен век на HVAC-системот.

Комбинирани со пасивно ладење или паметна автоматизација, овие решенија нудат надградлив начин да ја намалат потрошувачката на енергија и овозможуваат постојано одржлива удобност.

Како може технологијата за паметен дом да ја подобри ефикасноста при ладење?

Паметните термостати, автоматизираните ролетни и сензорите за квалитет на воздухот ја оптимизираат удобноста и потрошувачката на енергија. На пример, ролетните можат да ја блокираат топлината кога сонцето е најсилно, а паметните контроли можат да ги вклучат таванските вентилатори или натстрешници наместо да се вклучува климатизацијата. Кога е беспрекорно интегрирана со пасивни и механички системи, паметната технологија овозможува одговорно и ефикасно ладење.

Топлински пумпи како решение со двојна намена

Топлинските пумпи овозможуваат греење и ладење со пренесување - не создавање - топлина со поголема ефикасност од вообичаените системи. Иако почетните трошоци се повисоки, очекуваната заштеда - околу €240 до €260 годишно за дом што троши 10.000 kWh/година - овозможува враќање на инвестицијата за неколку години, особено кога се напојува со обновлива енергија. Нивните еколошки придобивки и енергетска флексибилност ги чинат важен дел од понудата на Daikin за греење и ладење во домот.

Практични чекори за да се одржува домот ладен

Намалувањето на внатрешната топлина е една од наједноставните и најефикасните стратегии за да се одржи домот поладен без употреба на тешки механички системи.

Намалување на внатрешните извори на топлина

  • Употреба на LED-осветлување: класичните електрични светилки емитуваат 90 % од енергијата како топлина
  • Гответе помалку на скапа тарифа: гответе наутро или по зајдисонце или користете микробранови печки и скари за надвор
  • Соодветно поставете ги апаратите: поставете ги уредите што генерираат топлина подалеку од термостатите и подалеку едни од други.

Ограничете го загревањето со сончева топлина

  • Користете завеси за затемнување и изолирани капаци на прозорите за да го блокирате сончевото зрачење и да го зачувате ладниот воздух
  • Поставете облоги или обоени стакла на прозорите за да го намалите ултравиолетовото и инфрацрвеното зрачење без да ја нарушите дневната светлина во просторијата

Подобрете ги дихтувањето и изолацијата

  • Запечатете ги процепите и пукнатините околу вратите, прозорците, водоводните цевки и излезите
  • Подобрете ја таванската изолација и дихтувањето затоа што топлината често се акумулира во таванот и зрачи надолу

Подобрете ги протокот на воздухот и вентилацијата

  • Надградби на вентилацијата, како на пример вентилаторите напојувани со сончева енергија или додадените решетки, помагаат да се отстрани заробениот топол воздух
  • Подобрената вентилација помага да се намали притисокот врз вентилаторите и системите за ладење

Кои решенија за ладење се најдобри во различни климатски зони?

  • Во влажните региони (на пр. јужна Велика Британија и делови од Европа), топлинските пумпи или климатизерите се подобри затоа што можат да го исушат внатрешниот воздух додека ладат
  • Суви зони: Испарувачките климатизери и пасивни методи овозможуваат ефикасни и евтино ладење.
  • Урбани станови: Имаат придобивки од преносливи единици, ролетни и паметни системи.
  • Самостојни куќи: Можат да вградат тавански вентилатори, ладни кровови и топлински пумпи со паметни контроли.

Буџет: Почетни наспроти долготрајни трошоци

Кога избирате систем за ладење, морате да ги разгледате и почетните и долготрајните трошоци. Различни решенија имаат различни цени, потреби за енергија и потреби за одржување.

Опција за ладење

Почетни трошоци

Одржување

Цена на енергија

Забелешки

Прозорски климатизери

Ниски

Средно (чистење филтер, сезонско сервисирање)

Средни-ниски

Ефективни за поединечни простории; сѐ на сѐ помалку ефикасни.

Преносливи единици

Ниски-средни

Малку

Средни

Флексибилни, но знаат да бидат гласни и да трошат повеќе енергија.

Испарувачки климатизери

Ниски-средни

Малку (надополнување вода, повремена замена на патрони)

Ниски

Одлучни во суви клими, не се идеални за во влажни предели.

Топлински пумпи

Високи

Малку

Ниски

Двојна намена, висока ефикасност, често поддржани со субвенции.

Ладни кровови

Средни–високи (€20–40/m²)

Многу малку

Ниски

Враќање на инвестицијата на подолг период преку пасивно одбивање топлина.

Тавански вентилатори

Ниски-средни

Многу малку

Ниски

Ефикасно отстранување топлина во горните катови.

Бројни владини кампањи и субвенции се достапни за да ги намалат однапред почетните трошоци за одржливи решенија. На пример:

  • Во Велика Британија и ЕУ, инсталирањето топлински пумпи и обновувањето на изолацијата според планови за декарбонизација се често поддржани со субвенции. На пример, во Германија, сојузното министерство за економски работи и контрола на извоз (BAFA) овозможува субвенции што покриваат до 45 % од трошоците за инсталирање топлински пуми и за енергетски ефикасни реновирања.

Како може ладењето да биде ефективно без да ѝ наштети на околината?

Како што се зголемува глобалната побарувачка за ладење, така се зголемува и влијанието врз околината—освен ако направиме соодветен и информиран избор.

Вообичаените климатизери се одговорни за сѐ поголемата глобална потрошувачка на струја и сѐ поголемата емисија на јаглеродни гасови. Испарувачките климатизери, од друга страна, користат до 75 % помалку енергија и имаат послабо влијани врз околината—но се ефективни само во суви клими.

Вообичаените климатизери работат со циклуси на разладно средство со помош на компресор, коишто трошат многу струја, поради што се одговорни за сѐ поголемата потрошувачка на енергија и емисија на CO₂.

Топлинските пумпи, коишто овозможуваат греење и ладење со пренесување, а не со создавање на топлината, се енергетски многу поефикасни. Во комбинација со обновлива струја, можат да ги намалат емисиите на CO₂ за до 60 % во споредба со вообичаените системи.

Одржливи решенија за ладење за подобро здравје, подобра удобност и подобра иднина

Како што ладењето станува сѐ поважно во сѐ позагреаната Европа, предизвикот е да се одржи удобноста без да се зголемува потрошувачката на енергија или влијанието врз околината. Најефективните алтернативни решенија за ладење комбинираат пасивен дизајн, паметни контроли и енергетски ефикасни системи, како топлински пумпи, адаптирани за локалната клима и типот на објектот. Со намалување на потребите од енергија, а истовремено со заштита на здравјето и удобноста, одржливите решенија за ладење овозможуваат практично чекорење кон иднината. Пристапот на Daikin се фокусира на одговорно ладење што ја подобрува истрајноста сега и за подолги периоди.

Најважно

  • Ладењето е здравствена потреба, а не луксуз, затоа што топлотните бранови се засилуваат низ цела Европа.

  • Вообичаената климатизација користи повеќе енергија и испушта повеќе јаглеродни гасови, поради што се потребни ефикасни алтернативи.

  • Климатски соодветните решенија се важни: пасивното и испарувачкото ладење се погодни за суви региони, а топлинските пумпи работат најдобро во променливи и влажни клими.

  • Паметните технологии ја намалуваат потребата од ладење со помош на оптимизација на заштитата од сонце, вентилацијата и употребата на системот пред да се има потреба од климатизација.
  • Енергетски ефикасните топлински пумпи овозможуваат долготрајна удобност со слаба емисија на јаглеродни гасови, особено во комбинација со обновлива енергија.

Барате решение за ладење што ги балансира удобноста, ефикасноста и одржливоста?