Skip to main content
Семејство ужива во чистиот внатрешен воздух со прочистувачот на воздух од Daikin, додека децата играат шах, а возрасните се одмораат со пијалаци во светла и убаво проветрена дневна соба

Кога инвестирате во прочистувач на воздух од Daikin, сакате да знаете дека ги добивате најдобрите резултати, па затоа со гордост велиме дека нашите производи се тестирани од страна на престижни институции, меѓу кои институтот „Pasteur de Lille“, „Британската фондација за алергија на Обединетото Кралство“ и „Европскиот Центар за Истражување Алергии (ECARF)“.

Квалитетот на воздухот во вашиот дом е поважен од кога и да е. Ние „затворена генерација“ и 90 % од нашето време го поминуваме во затворен простор, но многу од нас не се свесни дека воздухот во нашите домови може да биде петпати позагаден од надворешниот.

Тоа е невидлив проблем, но прочистувачите на воздух од Daikin се идеално решение и воздухот, што го дишете вие и вашето семејство, го прават почист и поздрав.

Прочистувачите на воздух од Daikin се познати по својата ефективност благодарение на електростатичкиот HEPA-филтер со високи перформанси, којшто претставува високоефикасен систем дизајниран да отстранува ситни честички. Нашата патентирана технологија Streamer е дизајнирана да ги елиминира вирусите и алергените со голема прецизнот.

Иако заканата од КОВИД опаѓа, светот научи повеќе за важноста на чистиот воздух и здравствените придобивки од него, од намалување на бројот на предизвикувачи на астма и алергии до намалување на болестите што се пренесуваат преку воздух. Почистиот внатрешен воздух може да штити и од загадувачи како смог или чад. Кога избирате прочистувач на воздух од Daikin, сакаме да бидете сосема спокојни.

Сакаме да го добиете најдоброто во областа на прочистување на воздухот, па затоа соработувавме со водечките експерти за да ги тестираме нашите производи. Добивме резултати од тестирањето од некои од најреномираните институции.

Како се тестираат прочистувачите на воздух од Daikin против респираторни вируси?

Daikin постојано се пионери во поглед на иновативни решенија, па затоа сакаме да ја тестираме ефективноста на нашите прочистувачи на воздух. Го прашавме реномираниот француски лабораториски институт „Pasteur de Lille“ (IPL)* да ги тестира нашите единици ригорозно, а ние се со гордост ги споделуваме најважните резултати:

Прочистувачите на воздух од Daikin елиминираат повеќе од 99,98 % од човечкиот коронавирус HCoV-229E за 2,5 минути. Овој вирус е од истото семејство како SARS-CoV-2, коронавирусот што ја предизвика пандемијата Covid-19.

Единиците се проценети со ефективност од 99,93 % против вирусот H1N1 (којшто предизвикува обична настинка) за 2,5 минути.

Тоа значи дека прочистувачите на воздух од Daikin можат да помогнат во борбата против респираторните болести затоа што компактниот прочистувач на воздух што работи на принципот приклучи-и-пушти може многу да придонесе кон намалување на ризикот од пренесување на респираторниот вирус.

Ознаката за одобрување на Daikin од IPL е важна за нас: институтот е основа во 1894 година како одговор на епидемиите и сѐ уште е водечко тело во промовирање на заштитата од болести и достојните мерки за хигиена. IPL со своите 33 тима за истражување работи само со внимателно избрани партнери, па довербата во производите на Daikin преку неговите ригорозни тесто доволно кажува за нашиот квалитет.

Знаеме дека сакате вашиот дом да биде безбеден и да го спречите ширењето на вирусите – и со гордост би сакале да ви помогнеме со нашите испробани и тестирани прочистувачи на воздух.

Погледнете го видеото за да дознаете повеќе за институтот „Pasteur de Lille“:

*За да дознаете повеќе за тестираните единици и за соодветните тестови, одете на линкот: https://www.daikin.eu/en_us/press-releases/institut-pasteur-de-lille-validates-effectiveness-of-daikin-s-air-purifiers-against-human-coronavirus.html

Како може прочистувач на воздух од Daikin да помогне во борбата против алергените?

Како што поминуваме повеќе време во затворен простор, алергиите се сѐ поприсутни и од голема важност е да ги намалиме иритирачките супстанци и загадувачите за да не мораме да зависиме од лекови во борбата против симптомите.

Прочистувачите на воздух од Daikin може да ги спречи алергените предизвикани од миленичиња, чад и други иритирачки супстанци пред да предизвикаат проблеми.

Со задоволство можеме да изјавиме дека нашите решенија против алергии ја имаат ознаката за одобрување од „Allergy UK“, што значи дека се сертифицирани како ефикасни при намалување на бројот на ситните честички, како алергени, бактерии и вируси.

И „Европскиот Центар за Истражување Алергии“ ги тестираше прочистувачите на воздух од Daikin и забележа дека се ефикасни против алергии. Критериумите на ECARF се ажурираат редовно за да ги одразат најновите научни откритија, па ознаката за одобрување е доказ на високите стандарди на Daikin.

Со три сертификати можете да бидете спокојни кога избирате Daikin затоа што добивате чист воздух што ви е потребен за вас и вашето семејство.