Skip to main content

Најдете начини да ги намалите трошоците со систем за вентилација што заштедува енергија

Родители и мало детенце што седи на подот и си игра со играчките во добро проветрен дом

Дали знаевте дека систем за вентилација е добар начин да ги намалите сметките за енергија? Ајде да ги погледнеме начините на кои ја подобрува ефикасноста и ги намалува трошоците.

Како работи систем за вентилација што заштедува енергија?

Сѐ повеќе и повеќе луѓе бараат начини да заштедат пари на своите сметки. Цената за енергија расте низ цела Европа. Па затоа сега е важно да створите што поефикасен дом. Дали знаевте дека вентилацијата е решение?

Инсталирањето систем за вентилација можеби не е очигледен начин да се заштедат пари. Но може да ги намали потрошувачката за енергија и трошоците на подолг период. Ефикасна вентилација ја зачувува топлината во вашиот дом. Овозможува и чист и сув воздух во домот. Сувиот воздух се грее побрзо од влажниот, па затоа и домот се грее полесно и побрзо – па заштедувате пари.

4 функции што ги намалуваат трошоците за енергија кај вашиот системи за вентилација

Системите за вентилација содржат неколку функции што можат да ја зголемат енергетската ефикасност во вашиот дом.

  1. Враќање топлина. Механички систем за вентилација враќа топлина. Ја зема топлината од излезниот воздух и ја пренесува во свежиот воздух однадвор преку разменувач на топлина. Тоа значително го зголемува враќањето топлина и заштедува енергија и трошоци.
  2. Постојаност. Системот за вентилација овозможува оптимална температура во вашиот дом. Затоа не треба да го вклучувате или исклучувате греењето – туку можете да одржувате постојана температура. Тоа е поевтино отколку да ги вклучувате апаратите за греење на висока температура кратковремено.
  3. Притисок. Паметен систем за вентилација го одржува притисокот во домот позитивен. Тоа значи дека притисокот во домот е еднаков со притисокот надвор. Го намалува ризикот од влага во воздухот затоа што постојано внесува свеж воздух и го отстранува влажниот воздух. Како резултат на тоа, полесно е да се грее ефикасно.
  4. Контрола врз вентилацијата по потреба: Проветрувајте кога е потребни, каде е потребно и колку е потребно. Со тоа избегнувате непотребно проветрување
Мало детенце си игра на подот во дневна соба со свеж воздух
Мајка и мало детенце седат на подот и читаат книга во добро проветрена соба

Сакате да дознаете повеќе за нашите енергетски ефикасни системи за вентилација? Погледнете го асортиманот на Daikin дознајте како може да ги намали трошоците за енергија.