Што треба да се земе предвид кога се инвестира во топлинска пумпа
Еве што треба да земете предвид пред да го направите вашиот дом енергетски поефикасен со топлинска пумпа воздух-вода, геотермална топлинска пумпа или хибридна топлинска пумпа
Значи се одлучивте да го надградите системот за греење и да инвестирате во топлинска пумпа. Треба многу работи да се земат предвид, но добрата вест е што кога ќе се инсталира топлинската пумпа, можете да бидете спокојни во следните 15 години. Еве што треба да земете предвид пред да го направите вашиот дом енергетски поефикасен со топлинска пумпа воздух-вода, геотермална топлинска пумпа или хибридна топлинска пумпа.
Компатибилност со постоен систем
Една од најголемите предности на топлинските пумпи е нивната флексибилност во однос на компатибилноста и поврзувањето со грејни тела. Ако имате радијатори во домот, без разлика дали се работи за нова или стара куќа, можете лесно да поврзувате топлински пумпи без дополнителни градежни активности.
Со топлинските пумпи и комбинациите со грејни тела, можете да добиете повеќе до вашиот систем. Можете да ладите со помош на конвектори на топлински пумпи. Топлинската пумпа може да обезбеди и топла вода. Ако веќе имате резервоар за топла вода и сакате да го задржите, можете да инсталирате високоѕидна внатрешна единица од топлинска пумпа што ќе се поврзе со вашиот резервоар за топла вода.
Изолација и губење топлина
Изолацијата и губењето топлина се важни кога го надградувате системот за греење. Добра изолација ќе ја зголеми ефикасноста на топлинската пумпа и ќе ги намали трошоците за работа. Старите недвижнини обично немаат добра изолација, па затоа поставете соодветна изолација на вашиот дом за да ја подобрите ефикасноста на топлинската пумпа. Вашиот инсталатер ќе ве посети и ќе ве посоветува или можете да се консултирате со експерт за изолација.
Трошоци за инсталација
Трошокот за инсталација зависи од типот на топлинската пумпа што ќе ја изберете: инсталирањето топлинска пумпа воздух-вода обично е поевтино од геотермална топлинска пумпа затоа што за геотермалната топлинска пума е потребно дополните дупчење во земјата. И растојанието помеѓу надворешните и внатрешните единици може да влијае врз трошоците. Инсталатер од Daikin ќе ве посоветува подетално.
Капацитет и големина на топлинската пумпа
Поставувањето топлинска пумпа со соодветен капацитет прави голема разлика помеѓу тоа да се има топлинска пумпа што работи како што треба и да се има топлинска пумпа што е помалку ефикасна.
Ќе влијае и врз вашите сметки. Ако капацитетот е премал, топлинската пумпа мора да работи многу повеќе за да ги задоволи потребите за греење, ладење и топла вода.
Вашиот инсталатер ќе го определи вистинскиот капацитет врз основа на фактори како старост и големина на имотот, типот на просториите, грејните тела, надворешната и внатрешната температура и изолацијата
Одржување и сервис
- Топлинските пумпи бараат помалку одржување и сервисирање од системите со фосилни горива.
- Со правилно сервисирање и одржување се овозможува беспрекорна работа на топлинската пумпа.
- Вршете проверка за одржување барем еднаш годишно. Ова опфаќа чистење филтри, проверка на разладните средства и проверка на разменувачот на топлина.
- Инсталатерите на Daikin нудат гаранција и сервисни пакети што се содржат во нашата понуда Stand By Me.
Сакате повеќе причини за да го замените постојниот систем со топлинска пумпа и да ја подобрите заштедата на енергија во домот?
Сакате повеќе информации за топлински пумпи при реновирање или други совети за заштеда на енергија? Обратете ни се и со задоволство ќе ви помогнеме!