Топлинска пумпа или бојлер на гас: што да изберете?
Размислувате да го замените системот за греење на фосилни гориво со топлинска пумпа? Ги споредуваме предностите на топлинските пумпи и бојлерите на гас.
Растењето на цените и потребата да се заштити околината ги тера луѓето да размислат за потрошувачката на енергија во нивниот дом. Топлинските пумпи сѐ повеќе се гледаат како најдобра алтернатива на системите со фосилни горива. Па ајде да ги погледнеме добрите и лошите страни.
Топлинска пумпа е многу ефикасна технологија со слаба емисија на јаглеродни гасови. Користи обновливи извори на енергија за да овозможи греење, топла вода и ладење за вашиот дом.
Црпи топлина од воздухот, земјата или водата поради што е многу исплатлива. Бојлер на гас, пак, е систем на фосилно гориво што испушта јаглеродни гасови.
Трошоци со топлинска пумпа наспроти трошоци со бојлер
Една од главните предности на бојлерот на гас се трошоците за инсталација: почетната инвестиција за бојлер на гас е поевтина од инвестицијата за топлинска пумпа.
Но гледано долгорочно, трошоците за работа на топлинската пумпа се многу помали. Поголемиот дел од енергија ја црпе од обновливи извори и има потреба од мала количина електрична енергија за напојување. Па така ви ги намалува сметките за енергија.
Во зависност од типот на топлинската пумпа што ќе ја изберете, почетните трошоци за купување и за инсталација ќе варираат. На пример, хибридна топлинска пумпа користи гас но работи и на струја и на обновлива енергија. Затоа може да претставува посоодветен начин да започнете со употреба на обновлива енергија.
Друг начин за намалување на трошоците е да ги погледнете кампањите за финансирање коишто ги поттикнуваат сопствениците на домовите да преминат на обновлива енергија.
Еколошкото влијание на топлинските пумпи и системите на фосилни горива
Топлинските пумпи нудат одржлива и ефикасна алтернатива за системите на фосилни горива. Како што светот се труди целосно да ги елиминира емисиите на јаглеродни гасови, ќе гледаме како се стреми кон овој вид на обновлива енергија.
Топлинските пумпи главно користат обновлива енергија (околу 75 %); останатиот дел е струја. Топлинските пумпи воздух-вода користат топлина од воздухот, а геотермалните топлински пумпи користат топлина од земјата.
Ова ги чини подобри од системите на фосилни горива кога станува збор за влијанието врз околината. Бојлерите на гас или на нафта испуштаат гасови кои се штетни за планетата.
Флексибилноста на вашиот систем за греење
Друга аспект е флексибилноста. Системите на фосилни горива се докажано решение за радијатори и за топла вода, но дали знаевте дека топлинските пумпи овозможуваат и ладење?
Разновидноста на топлинските пумпи ви овозможува да ги поврзете со разни грејни тела за да добиете комплетен систем за вашиот дом.
Комбинирајте ја топлинската пумпа со соларни палени и термален склад за да добиете оптимизирано решение.
Заклучок
Топлинските пумпи стануваат сè почеста алтернатива на системите на фосилни горива, како што се бојлерите на гас. Причина за тоа се многуте придобивки: работни трошоци, ефикасност, флексибилност и влијание врз околината.
Постојат разни опции што ви овозможуваат да создадете оптимален систем за вашиот дом, како хибридно решение што овозможува финансиски достапен пристап до обновлива енергија.
Вистинскиот систем зависи од буџетот, потребите, домот и животниот стил. Разгледајте ги опциите со вашиот инсталатер и дознајте што ви е потребно.