Предности и недостатоци на топлинска пумпа
Дали вреди да се вложи во топлински пумпи? Разгледајте ги добрите и лошите страни при поставување топлинска пумпа во вашиот дом.
Светот има за цел да престане со употреба на системите со фосилни горива, а како резултат на тоа, топлинските пумпи постануваат популарна опција. Сите живееме различни животи, а постојат многу различни типови топлински пумпи за да ги задоволат потребите на сите. Во овој прирачник можеме да ги погледнеме предностите и недостатоците за да ви помогнеме да се одлучите дали топлинска пумпа е погодна опција за вашиот дом.
Разновидност и флексибилност
Настрана финансиските и еколошките причини, топлинските пумпи се разновидно решение за секој дом. Овозможуваат греење, топла вода и ладење за посебни куќи, комплекси или станови и ги задоволуваат сите ваши потреби за удобност во секое време.
Покрај тоа, повеќето топлински пумпи може да се управуваат преку апликација, што ви овозможува далечински да го приспособите и надгледувате греењето или ладењето.
Намалено влијание врз околината
Голем фактор во преминувањето кон топлински пумпи е потребата за алтернативни решенија со слабо влијание врз околината во однос на системи со фосилни горива.
Топлинските пумпи главно работат со употреба на амбиенталната топлина од извори како воздух, земја или вода. Користат струја да ја пренесат оваа топлина во домот и не испуштаат штетни гасови од согорување. Топлинските пумпи можат да работат на електрична енергија од обновливи извори за да влијаат уште послабо врз околината.
Со употреба на обновлива амбиентална топлина од воздухот, земјата или водата, топлинските пумпи овозможуваат греење и топла вода со послабо влијание врз околината од вообичаените системи.
Потребно е мало одржување
Топлинските пумпи имаат цврст дизајн и малку подвижни делови. Тоа значи дека треба многу малку да се одржуваат, сервисираат и поправаат, особено во споредба со одржувањето потребно за вообичаен бојлер. Топлинските пумпи треба да се одржуваат само еднаш годишно.
Враќање на инвестицијата
Земете ги предвид пониските трошоци за енергија, владините субвенции и потребата за помалку одржување. Јасно е дека топлинските пумпи нудат поголемо враќање на инвестицијата од системите за греење што работат на фосилни горива. Згора на тоа, инсталирањето топлинска пумпа често ја зголемува вредноста на имотот и ви овозможува одлично враќање на инвестицијата ако се одлучите да го продадете домот.
Лошите страни на топлинските пумпи
Повисоки почетни трошоци
Еден од значајните предизвици на топлинската пумпа е почетниот трошок за купување и инсталирање. Цената варира во зависност од тоа каде живеете и од типот на топлинската пумпа што ќе ја изберете. Многу држави нудат субвенции за помош при почетните трошоци, но почетната инвестиција за топлинските пумпи може да биде значително поголема од систем на гас. Враќањето на инвестицијата зависи од цените на електричната енергија и гасот или нафтата, кои варираат од држава во држава.
Почетната инвестиција може да се компензира со тек на време преку пониските работни трошоци затоа што 75 % од работата на топлинската пумпа црпе обновлива топлинска енергија од воздухот, водата или земјата. Поради ова, топлинската пумпа е привлечна опција ако се земе предвид целиот работен век на системот.
Услови за инсталирање
Инсталирањето топлинска пумпа треба внимателно да се испланира. Пред да се инсталира топлинска пумпа, вашиот инсталатер треба да ги процени факторите, како тековното движење на топлината или нивото на изолација на домот, како и вашите потреби од греење и ладење. Ако размислувате да инсталирате геотермална топлинска пумпа, треба да се земат предвид и локалните геолошки услови.
Истражување и планирање пред да се инсталира топлинска пумпа
Откако ќе го извршите почетното истражување, инсталатерот може да го процени вашиот дом и да ви помогне да определите кој системи и која конфигурација се погодни.
Пред да инсталирате топлинска пумпа, проверете:
- Изолација: Проверете дали вашиот дом е изолиран соодветно и земете ги предвид поправките што треба да се извршат.
- Определба на големината на системот: Пресметката на загубата на топлина помага да се определи соодветната големина на системот.
- Постојни грејни тела: Радијаторите или подното греење влијаат врз потребната температура и конфигурација на системот.
- Достапен простор: Системите со воздух како извор на енергија и со земен извор имаат различни услови при инсталацијата.
- Вашите потреби од греење: Размислете дали ви е потребно и ладење и топла вода.
Дали вредат топлинските пумпи?
Топлинските пумпи можат да бидат погодно алтернативна замена за греењето со фосилни горива, но дали се правилен избор зависи од вашиот дом, потребите од греење, условите за инсталирање и локалните цени за енергија. Овозможуваат греење, а во завнисност од системот, овозможуваат и ладење и топла вода, но повисоките почетни трошоци значат дека е важно да ги процените финансиите на подолг период пред да донесете одлука.
Најважно
- Топлинските пумпи овозможуваат греење и, во зависност од системот, ладење и топла вода.
- Можат да ги намалат работните трошоци, но финансиските придобивки зависат од факторите како енергетски цени, ефикасноста на домот и употребата на системот.
- Почетната инвестиција може да биде повисока отколку да замените обичен бојлер.
- Соодветната определба на големината и инсталацијата се важни за да се добие ефикасно работење.
- Инсталатерот може да го процени вашиот дом и да ви помогне да ги споредите погодните опции.