Skip to main content

Сѐ што треба да знаете за третирање обични алергии во домот

Од полен до грини, спори од мувла и првут од животни, потенцијалните алергени се насекаде околу нас. За лицата што патат од алергии, симптомите можат да бидат иритирачки кога се мали и исцрпувачки кога се големи. Кивање, надразнување на кожата, насолзени очи и надразнети грло и очи може да се предизвикаат од вообичаени алергени што се наоѓаат во домот.

Начинот на којшто повеќето од нас се справуваат со овие алергени е да се обратиме до фармацевт или лекар. Најчестите алергени, што се пренесуваат преку воздух, може да се контролираат со таблети или со стероиди за посериозни случаи, но постојат и мерки што можеме да ги преземеме за да се заштитиме себеси и нашето семејство од овие „невидливи непријатели“ коишто не можеме да ги видиме ниту да ги почувствуваме, но коишто можат да предизвикуваат сериозна непријатност секојдневно ако не се третираат.

Која алергија ја имам?

Прво, ајде да ги погледнеме разните типови вообичаена алергија и од каде доаѓаат.

Поленска треска

Поленската треска е една од најчестите алергии, предизвикува ринитис, чувство на малаксаност, тежина во главата и чешање во очите, а ја предизвикува полен од дрва или трева. Распространетоста на поленска алергија во европското население се проценува на 40 % (D’Amato et al., 2007), што ја прави една од најчестите алергии во Европа. Може да има многу големо влијание врз децата особено преку нарушено спиење поради кивање и кашлање, што пак влијае врз нивното академско образование. Всушност, истражување од 2007 година (Образование за Здравство) покажува дека кај тинејџерите со симптоми на поленска треска е поверојатно за 40 % да им се намали оцената помеѓу колоквиумите и главните испити.

Корисно е да се следи календар за полен за да дознаете на каков полен реагирате – многу варира од лице до лице, а кога ќе утврдите кој полен ви предизвикува алергија, можете да преземете соодветни мерки за да го избегнувате. За жал, според Европската Опсерваторија за Клима и Здравје, глобалното затоплување ја продолжува „сезоната за поленска треска“ затоа што поголемите температури го поместија времето за создавање полен. Истовремено, повисоките температури помагаат во брзото размножување на некои инвазивни видови коишто се особени предизвикувачи на вирулентниот полен, на пример амброзија, којашто се пробива низ Европа. Кога ова ќе го додадете на фактот дека загадувањето на воздухот ја зголемува алергеноста на некои видови полен, меѓу кои бреза, еден од најалергените полени од дрво, можеме да забележиме дека проблемот со кој се соочуваат оние што патат од поленска треска нема така лесно да исчезне.

Сопруг ѝ носи чај на својата жена, болна од алергија

Алергии од миленици

Алергените од миленици, предизвикани од првут од домашни миленици како мачки, кучиња и морски прасиња што живеат во домот, особено ги напаѓаат децата. 26 % од европските возрасни лица, што посетуваат клиники за алергии поради алергени што се вдишуваат, се чуваствителни на мачки, а 27 % на кучиња (Davila et al., 2018). Ова може да биде особено тежок алерген за справување затоа што нашите миленици се дел од семејството и нашата потреба, како и нивната, да бидеме блиску до нив треба да се почитува – голем недостаток за едно семејство е детето да не смее да го гали семејното куче.

Алергија од куќни грини

Алергијата од куќни грини може да предизвика големо надразнување на кожата и голема непријатност, предизвикани од нешто што е долго само четвртина милиметар! Куќните грини се хранат со мртви клетки од кожа кои ги разнесуваме низ домот секојдневно. За куќните грини, идеалните услови се топлина и влага во постелнината, килимите, мекиот мебел и облеката. Куќните грини не се знак дека вашиот дом е нечист или лошо одржуван; куќните грини се постојано со нас и се дел од нашиот живот, без разлика колку ни се чисти или одржувани домовите.

Ако сте од оние што се алергични на куќни грини, најверојатно не сте алергични на самите грини. Туку, за жал, алергични сте на изметот од куќните грини. Нивниот измет содржи протеин што ја предизвикува алергијата. Секоја мала куќна грина испушта измет 20 пати на ден, а дури и откако ќе умре грината, сѐ уште ќе реагирате на нејзиниот измет.

Алергија од спори од мувла

Спорите од мувла што се наоѓаат во домовите со голема влага или слаба вентилација се честа причина за алергични реакции. Некои од најчестите мувли што предизвикуваат алергии се алтернарија, аспергилус, кладоспориум и пеницилиум, а ако имате семејна историја на алергии или астма, постои поголема веројатност да развиете алергија на мувла. Иако треба да работите во одредена индустрија за да бидете постојано изложени на мувла, како земјоделие, млечна индустрија, дрвна индустрија, пекарска индустрија, индустрија за мебел, столарство, работа во оранжерија, винска индустрија или поправање мебел, треба да имате предвид дека спорите од мувла се наоѓаат и во домовите затоа што мувлата може да се создава на сите влажни места, како домашни визби, зад ѕидови, во туш-кабините или на килимите. Цевките што протекуваат се честа причина за домашната мувла, а како што климатските промени влијаат врз нашите домови и услови за живеење, а поплавите стануваат се поголем ризик, сѐ поголема е веројатноста да бидеме изложени на спори од мувла.

Што можам да сторам?

Што можеме да сториме ако сме алергични на некои од овие чести домашни предизвикувачи?

Секогаш е добро да дознаеме што ни ја предизвикува алергијата. Водете дневник – кога сте имале најлоша алергија, што се променило во домот за да ја предизвика алергијата, што сте сториле за да ја ублажите итн.

Совети за поленска треска

  • Добра идеа е да ја перете постелнината често за да ги отстраните поленот и прашината. Поточно, навлаките за перници треба да се перат редовно затоа што може да се вдиши поленот што останува косата.
  • Вратите и прозорите треба да ви бидат затворени за да не влегува полен во просторијата и четкајте ја косата кога доаѓате дома за да го отстраните поленот и другите потенцијални алергенски честички.
  • Туширајте се навечер за да го измиете поленот или другите алергени и да не го пренесете во креветот со вас.
  • Ако носите очила за сонце кога сте надвор, па и во градината, може да помогнат да се намали чешањето на очите, а малку вазелин на ноздрите може да го зароби поленот и да го спречи да навлезе во дишните патишта.

Совети за куќните грини

  • Перењето на постелнината е и начин за справување со куќните грини. Навлаките што ги спречуваат алергените да дојдат во допир со кожата треба да се користат на сите душеци, јоргани и перници.
  • Добра идеја е и да ги перете чаршавите и ќебињата секоја недела на 60°C. Ако детето пати од алергија и има кревет на кат, треба да спие на горниот кат каде не може да паднат алергените.
  • Цврстите подови се подобра идеа од поставување килими и употреба на чистач со пареа на висока температура.
  • Отстранете што е можно повеќе мек мебел, користете редовно испрани памучни завеси и мијте ги играчките често на 60°C.

Совети за алергија од миленици

За алергии од миленици, неколку едноставни техники ќе ви помогнат да ги намалите проблемите.

  • Редовно чистете го мебелот за да ги отстраните видливите влакна и првутот од миленичиња – многу произведувачи на правосмукалки сега нудат машини дизајнирани за домови со миленичиња.
  • Тимарењето на миленичето е одлична идеа за да ги отстраните мртвите влакна што може да предизвикаат алергија, но сторете го тоа во градината и измијте ги рацете откако ќе ги галите миленичињата, а внимавајте и да не го допирате лицето пред да ги измиете рацете.

Почист и поздрав воздух со прочистувачите на воздух од Daikin

Единстветниот и наједноставниот уред за да уживате во чист воздух во домот е прочистувачот на воздух од Daikin, специфично дизајниран за да ги отстранува штетните честички. Прочистувачот на воздух MC55W од Daikin е тестиран и како средство против алергии од страна на реномирани институции како ECARF и Британската фондација против алергии, а како ефективно средство против вируси го докажа и институтот Pasteur de Lille.

Прочистувачот на воздух од Daikin содржи автоматски режим и режим за полен. Автоматскиот режим го забележува нивото на PM-честички во просторијата и го започнува процесот за прочистување на воздухот соодветно за да не се грижите дали се отстранети потенцијалните алергени без да преземете мерки. Содржи и режим против полен, што делува со создавање нежна воздушна турбуленција во собата. Го заробува и се справува со поленот пред да има шанса да падне на подот.

Со употреба на електростатички HEPA-филтер со вашиот прочистувач на воздух од Daikin може да се отстранат 99,97 % од ситните штетни честички (0,3 μm) што може да предизвикаат алергии. Содржи и најдобра гаранција на пазарот од 10 години. Тоа значи дека ако инвестирате во прочистувач на воздух од Daikin оваа сезона, значи дека нема да треба да го менувате филтерот во следните 10 години.

Со вакви функции, прочистувачот на воздух од Daikin може да го чисти воздухот во домот до површина од 82 m². Како што е вообичаено со Daikin, ова е најдобрата можна површина на моменталниот пазар. Згора на тоа, нашиот систем за филтрирање во четири фази значи дека не треба да се грижите за борбата против невидливата закана на алергените со прочистувачите на воздух од Daikin и значи дека ја нуди најдобрата заштита за вашето семејство и за вашиот дом. Удобност и спокојство со Daikin, како и секогаш.

Купете го вистинскиот прочистувач на воздух за да се справите со алергиите.