Skip to main content

Размислувате да инсталирате топлинска пумпа? Еве зошто треба сега да реагирате.

Човек ги истражува топлинските пумпи од Daikin за да го замени својот постоен систем за греење

Топлинска пумпа е една од најпаметните надградби на домот што можете да ја сторите денес. Ги намалува сметките за енергија и емисијата на јаглеродни гасови и ве штити од сѐ поголемите цени за гас и од идните забрани за фосилни горива.
Со силните кампањи низ цела Европа, менувањето не било никогаш подостапно и поевтино. Во овој прирачни ќе погледнете како работат топлинските пумпи, кои се придобивките од нив и кој систем е најсоодветен за вашиот дом.

Зошто топлинските пумпи се сѐ популарни

Според европската асоцијација за топлински пумпи, во 2024, околу 2,31 милиони топлински пумпи бе продадени низ 19 европски држави, со што бројот на инсталирани единици на околу 25,5 милиони.

Дали знаете дека топлинска пумпа може да му заштеди на едно просечно домаќинство околу €2602 во текот на 10 години во споредба со бојлер на гас? Пониските сметки се една од придобивките кога ќе инсталирате топлинска пумпа. Поради целите за декарбонизација на европско ниво, инсталирањето топлински пумпи е сѐ поважно затоа што топлинските пумпи имаат уште пониско влијание врз околината благодарение на намалениот потенцијал за глобално затоплување (GWP). Последните статистики покажуваат дека овој тренд е сѐ популарен.

Сепак, овие нови податоци откриваат и несразмерност во брзината со која се прифаќа оваа технологија низ континентот — истакнува извонреден напредок во некои региони и голем неискористен потенцијал во други.

На другиот крај од спектарот:

  • Обединетото кралство продаде само 3,5 единици на 1000 домаќинства во 2024 година

  • Инсталираните единици бројат само 19 на 1000 домаќинства

  • Сепак, Обединетото Кралство беше еден од само трите пазари со пораст минатата година (заедно со Ирска и Португалија), најмногу поради постојаните кампањи

Овие цифри го истакнуваат извонредниот напредок и значајниот неискористен потенцијал низ Европа.

Што го движи успехот на топлинските пумпи во Европа?

Овој пораст е движен од посилните политички рамки (на пр., пакетот „Fit for 55“ на ЕУ), сѐ поголемиот интерес на потрошувачите за декарбонизација и инвестирањето во производствениот капацитет — но порастот се потпира и на постојаните кампањи, регулаторната стабилност и извонредниот ланец за снабдување низ Европа.

Со порастот на цените за гас во Европа за 36 % за време на грејната сезона од ноември 2024 до март 2025 и со идните забрани за фосилни горива за греење, инсталирањето топлинска пумпа не е само паметен потег — итно е.

Зошто сопствениците на домовите ги менуваат системите

Намалете ги сметките за енергија
Топлинските пумпи користат бесплатна амбиентална топлина од околината — па што повеќе ги користите, повеќе заштедувате. 75 % од топлината доаѓа од обновливи извори, па значително ќе ги намалите трошоците за гас или нафта. За греење и за топла вода, пак, се користат над 90 % од енергијата во домот, па заштедата се забележува уште побрзо.

Создадете современ дом
Цените за гас се безобразни. Набргу ќе има забрани за фосилни горива. Климатските регулативи се сѐ построги. Топлинската пумпа не е само надградба — тоа е стратешки потег кој ги штити перформансите на домот и вредноста на имотот за во иднина.

Еден систем, целосна удобност
Зошто да користите печка, климатизер и бојлер за вода кога еден систем може да стори сѐ? Топлинските пумпи овозможуваат греење, ладење и топла вода во еден пакет што не зафаќа многу простор — без емисија на јаглеродни гасови.

Подобро за планетата
Сакате да ја намалите емисијата на јаглеродни гасови преку ноќ? Топлинската пумпа директно ги намалува емисиите на CO₂ и ги поддржува климатските цели на ЕУ. Секоја инсталирана единица го движи општеството поблиску кон целосна елиминација на јаглеродните гасови.

Безбеден систем за греење
Без согорување, без ризик од јаглерод моноксид. Топлинските пумпи работат на струја — чисти, безбедни и лесни за одржување. Со работен век од 10–15 или повеќе години, изградени се да бидат достојни во работата.

Вредна инвестиција
Да, постојат почетни трошоци — но враќањето на инвестицијата може да биде брзо, особено ако заменувате стари системи. Друга придобивка: топлинската пумпа може да ја зголеми пазарната вредност на вашиот дом.

Како работи топлинска пумпа?

Топлинските пумпи не создаваат топлина — ја пренесуваат. Ја црпат термалната енергија од надворешниот воздух или од земјата и ја префрлаат внатре, па со тоа создаваат совршена околина во домот — топло во зима, ладно на лето и топла вода преку целата година.

Систем на топлинска пумпа воздух-вода Daikin Altherma со вграден резервоар
Човек ужива благодарение на неговиот нов систем со топлинска пумпа од Daikin

Различни типови топлински пумпи

Не постои решение за сите големини. Соодветниот систем зависи од вашиот имот и конфигурацијата за греење.

  • Системи воздух-воздух: ја црпат топлината од надворешниот воздух и ја пренесуваат внатре преку дискретни внатрешни единици.
  • Системи воздух-вода: испорачуваат енергетски ефикасно греење до радијатори, подно греење или фенкојлери.
  • Геотермални системи: црпат постојана, обновлива топлина од земјата — идеално за ефикасност со високи перформанси во постудени региони.
  • Хибридни системи: комбинираат топлинска пумпа со постоечки бојлер за поголема флексибилност.

Најважно

Топлинската пумпа е повеќе од систем за греење — тоа е енергетска стратегија на подолг период.

Низ Европа сѐ повеќе се инсталираат топлински пумпи заради посилните политички рамки, сѐ поголемата свест за декарбонизација и зголемениот производствен капацитет. Истовремено, цените за гас се зголемени за 36 %, а набргу ќе има и забрани за фосилно гориво, поради што преминот кон греење на струја е сѐ поважен.

Достапни се повеќе типови системи — од воздух-вода до хибридни решенија — па постои погодна опција скоро за секој дом. Денешното општество е свесно за климата и трошоците, па инсталирањето топлинска пумпа не е само одржливо, туку и стратегиско и финансиско решение.

Најважно

  • Преминувањето кон топлински пумпи низ Европа е се побрзо.
  • Порастот е воден од политичките рамки на ЕУ, напорот на потрошувачите за декарбонизација и инвестицијата во производството.
  • Сѐ повисоките цени на гас (+36 %) ја зголемуваат потребата да се премине на топлински пумпи.
  • Топлинските пумпи ги намалуваат сметките за енергија и емисиите на јаглеродни гасови.
  • Достапни се четири типа системи: воздух-воздух, воздух-вода, хибридни и геотермални.