Skip to main content

Ги разгледуваме главните разлики помеѓу геотермална топлинска пумпа и топлинска пумпа воздух-вода за да ви помогнеме да се одлучите која е најдобра за вас

Жена чита списание и ужива во совршено загреана дневна соба

Значи се одлучивте да инвестирате во топлинска пумпа. Откако ги разгледавте сите опции, изборот го сведовте на: воздух-вода или геотермална пумпа. Во оваа статија ги разгледуваме добрите и лошите страни на секоја од опциите за да ви помогнеме да ја донесете конечната одлука.

Главната разлика помеѓу геотермални топлински пумпи и топлински пумпи воздух-вода е тоа од каде ја црпат својата енергија.

Топлинска пумпа воздух-вода ја црпи топлината од воздухот, а геотермалната топлинска пумпа ја црпи енергијата од земјата.

Ефикасност и одржливост

Ако сте се одлучиле за топлинска пумпа, ќе знаете повеќе за трошоците и придобивките од ефикасноста и од одржливоста на оваа форма на обновлива енергија.

Ова важи и за топлинските пумпи воздух-вода и за геотермалните топлински пумпи. И двете нудат одржлива опција во споредба со системите за греење на фосилни горива. И двете користат околу 70-80 % обновлива енергија, а преостанатиот дел од напојувањето е електрична енергија.

Иако работат слично во тој поглед, геотермалните топлински пумпи почесто се користат на места со подолги и потешки зими, а топлинските пумпи воздух-вода се популарни во сите климатски зони и предели низ Европа.

Инсталација на топлинска пумпа воздух-вода и геотермална топлинска пумпа

Уште една разлика помеѓу двата типа топлински пумпи е нивната инсталација. Топлинска пумпа воздух-вода се состои од внатрешна и надворешна единица. Геотермалната топлинска пумпа се состои од внатрешна единица и надворешен разменувач на топлина, инсталиран во земјата.

За геотермалната пумпа е потребен голем надворешен простор и подлога што ги исполнува потребните услови. Обично повеќе одговараат на новоизградени објекти или кога вршите надградба на веќе постојна геотермална топлинска пумпа.

Топлинските пумпи воздух-вода се поедноставни за инсталација и се достапни во нискотемпературни, среднотемпературни и високотемпературни верзии, што ги чини идеални за секој дом, без разлика дали е новоизграден или постоен објект.

Тие се одлична замена и во домови што користат системи со фосилни горива.

Заедничко за нив во врска со инсталацијата се грејните тела на кои се поврзуваат. Инсталирањето нови или замена на стари грејни тела, како радијатори или подно греење, се состои од слични процеси и за топлинските пумпи воздух-вода и за геотермалните топлински пумпи.

Трошоци за инсталација

Трошокот за топлинска пумпа зависи од типот. Поради дополнителната логистика, геотермалната топлинска пумпа е поскапа за инсталирање од топлинската пумпа воздух-вода. Тука се и трошоците за поставување нови или менување на старите грејни тела што треба да се купат и да се инсталираат.

Покрај тоа што ќе ги намалите сметките за енергија, топлинската пумпа е полесна за одржување од вообичаените решенија за греење. Системот со обновлива енергија ја зголемува вредноста на вашиот.

Родители и мала ќерка си играат друштвена игра во нивната совршено загреана дневна соба
Пар разговара со инсталатер до надворешна единица на Daikin Alterma во нивната градина

Заклучок

Топлинските пумпи воздух-вода и геотермалните топлински пумпи нудат многу придобивки во однос на влијанието врз околината, ефикасноста и заштедата на подолг период.

Вистинскиот избор за вас зависи од неколку фактори: на каков имот живеете, каков буџет имате и кои се вашите потреби.

Ако разговарате за опциите со квалификуван исталатер, ќе можете да донесете одлука за најдоброто решени за вас.