Skip to main content

Како прочистувачите на воздух од Daikin можат да ви помогнат да дишете здрав воздух кога поминувате подолго време внатре

Жена спие мирно во удобен кревет, а прочистувач на воздух работи во близина за подобар квалитет на воздухот во спалната соба преку зима

Поминуваме до 90 % од нашето време во затворен простор преку целата година, а кога ќе дојде поладно време, искушението да ја подобриме удобноста во домот е уште посилно. Но тогаш, кога прозорците се затворени, оганот е запален и греењето е вклучено, загадувачите се заробени во сува средина.

Многу загадувачи што се пренесуваат преку воздух, од бактерии и спори од мувла до алергени од нашите миленичиња, може да ги раздразнат носот и грлото.

Прочистувачите на воздух не се наменети само за лето и сезоната на полен. Еве шест начини како да направите разлика и во зима:

1. Спречете настинка и грип

Сезоната за настинка и грип е најсилна во зима, но прочистувачите на воздух го намалуваат ризиок од овие болести со филтрирање на вирусите од внатрешниот воздух. Прочистувачите на воздух од Daikin содржат електростатички HEPA-филтер којшто ефикасно ги отстранува ситните и штетни честички. Daikin MC55W и MCK55W можат да отстранат повеќе од 99,9 % од респираторните вируси, како што вели тестот од институтот Pasteur de Lille.

2. Подобрете го квалитетот на спиењето

Загадениот внатрешен воздух може да го отежни дишењето, особено ако имате астма или алергии. Чистиот воздух може да помогне да спиете подобро отстранувајќи ги здодевното кашлање и шмркањето што ви пречат во ноќта.

Покрај прочистување воздух, дополнителната функција за развлажување на воздухот може да направи многу разлика. Изолацијата може да го исуши воздухот во текот на ноќта, при што може да дојде до болно и суво грло, особено во зима. Прочистувач на воздух со функција за развлажување додава влажност во воздухот, па со тоа се помали шансите да кашлате во текот на ноќта, а се поголеми шансите да уживате во квалитетно спиење.

3. Подобрете ја кожата со влажен воздух

Како што надворешната температура опаѓа, а ние го зајакнуваме греењето внатре, воздухот во нашите домови се суши. Истражувањето од Healthline покажува дека сувиот воздух предизвикува груба и сува кожа и ги поттикнува симптомите на егзема.

Ако воздухот е премногу сув, може да влијае врз еластичноста и цврстината на кожата. Може да го зголеми допирот со алергени и иритирачки супстанци, па вашата кожа може да се оштети полесно. Сувиот воздух може да предизвика и влошување на состојбата на кожата, како атопичен дерматитис.

Моделите MCK70Z и MCK55W од Daikin содржат дополнителна функција за развлажување што додава влага во воздухот, па со тоа не само што дишете почист воздух, туку ќе имате и средина со здраво ниво на влажност*.

4. Имајте пријатно чувство во грлото

Не е жедна само вашата кожа во зима – ладниот и сув воздух и греењето може да доведе до суво чувство во носот и грлото и да предизвика иритација. Прочистувачите на воздух од Daikin со функции за развлажување може да спречат гребење во грлото и да ви помогнат да дишете полесно.

Жена кива поради алергии
Девојче лежи до куче на подот додека прочистувачот го чисти воздухот

5. Помош против алергии

Ако имате алергии, знаете дека застоениот и загаден воздух во зима може да ги влоши симптомите при дишење. Прочистувачите на воздух ќе ја намалат концентрацијата на алергените и ќе овозможат почист и поздрав воздух со што нема да се предизвикуваат алергии или астма.

На нашите единици MC55W и MCK55W им е доделена ознаката за одобрување против алергии од страна на Британската Фондација Против Алергии (BAF), а единиците MC30Y и MC55W се признаени како соодветни против алергии од страна на Европскиот Центар за Истражување Алергии (ECARF).​

6. Ослободете го домот од непријатни мириси

Миленичиња, готвење, чад: ова се само некои од непријатните мириси што навлегуваат во домот. Сите прочистувачи на воздух од Daikin содржат дезодорирачки филтер којшто може да ги заробува и елиминира непријатните мириси од секојдневните домашни активности, што значи дека ќе имате свеж и чист воздух.

Инвестирањето во прочистувач на воздух во зима може да го претвори домот во почиста и поудобна средина. Размислете што му треба на домаќинството и дали треба да набавите единица со извонреден електростатички HEPA-филтер или со дополнителна функција за развлажување, како што се MCK70Z и MCK55W.

*Прочистувачот на воздух од Daikin не е медицинско помагало и не е наменет да се користи како замена за кој било медицински или фармацевтски третман.