Skip to main content

Климатизерите се топлински пумпи.

Како системите за климатизација ќе влијаат врз намалувањето на потрошувачката на гас оваа зима.

Поради неизвесноста со набавката и цените на природниот гас, европските земји членки бараат начини да ја намалат потребата од гас за 15 % оваа зима. Дел од решението лежи во алтернативните извори за греење, како на пример системите за климатизација што се веќе поставени. Поточно, систем за климатизација претставува топлински пумпи воздух-воздух којашто може да грее објекти на многу ефикасен начин. Во случај на објект од 600 m², употребата на системот за климатизација како топлински пумпи воздух-воздух за греење може да помогне да се заштедат до 112 880 kWh природен гас и да се намалат трошоците за греење за 25 %.

Ако се земат предвид предизвиците со кои се соочува ЕУ, Европската Комисија го подготви планот за намалување на потребата од гас во Европа (1), со кои им препорача на земјите членки доброволно да ја намалат употребата на гас за 15 % отсега до март 2023 година. Според ЕУ може да се постигнат големи заштеди поради начинот на којшто ги грееме и ладиме нашите објекти. Се проценува дека скоро 30 % од комерцијалните објекти во ЕУ сè уште се греат на гас (2), а некои се опремени и со систем за климатизација.

Намалете ја сметката за гас со употреба на систем за климатизација за греење

Да, системот за климатизација е топлинска пумпа воздух-воздух којашто може да се искористи за ефикасно греење на просторот. Како корисник на објекти, можете значително и брзо да ја намалите потрошувачката на гас ако го користите системот за климатизација во режим на греење и истовремено да ги намалите вкупните трошоци.

Нашите пресметки покажуваат дека употребата на систем за климатизација за греење значително ги намалуваат потребите од гас. Во примерот на деловен објект од 600 m², топлинската пумпа воздух-воздух VRV спречува употреба на до 112 880 kWh природен гас во споредба со вообичаеното просторно греење (3). Покрај тоа, можете да ги намалите и трошоците за енергија за близу 30 % , благодарение на топлинската пумпа. За бизнис што делува во Белгија, ова значи дека ќе ви се намалат трошоците за греење од 25 237 евра до 17 695 евра годишно (4).

Обратете се до вашиот инсталатер за повеќе информации.

Зошто топлинската пумпа е толку ефикасна?

Топлинската пумпа воздух-воздух содржи внатрешна и надворешна единица. Кога работи при режим за ладење, внатрешната единица црпи топлина од внатре и ја пренесува до надворешната единица којашто ја исфрла топлината надвор. Но тоа може да се пренасочи и во спротивен правец за да се грее внатрешниот простор со топлина исцрпена од надворешниот воздух преку надворешната единица. Дури и ако надворешните температури изнесуваат доста под 0°C, топлинската пумпа воздух-воздух може ефикасно да го грее просторот.

Топлинската пумпа е до четирипати поефикасна од систем на гас затоа што три четвртини од енергијата што се користи за греење доаѓа бесплатно од надворешниот воздух, а само една четвртина е струја.

Дополнително намалување на употребата на енергија во вашиот објект

Ако објектот веќе содржи топлинска пумпа, може да се оптимизира со употреба на системи за заштеда на енергија со што уште повеќе ќе се намали сметката за енергија. Интелигентни облак-системи како услугата Daikin Cloud ви овозможува пристап до алатки кои не само што ја забележуваат прекумерната употреба на енергија во некои делови од објектот, туку овие системи ви овозможуваат по потреба брзо да реагирате.

Погледнете ги сите наши решенија за контрола и облак-платформа

Решенија со топлинска пумпа за секоја намена

Како водечка компанија за топлински пумпи, го поддржуваме европскиот енергетски преод со разни решенија со топлински пумпи развиени и произведени во Европа. Со својата Еколошка визија 2050, се стремиме да бидеме карбонски неутрални низ целиот вредносен синџир и работен век на производите и решенијата до 2050 година. Со мрежа на локално обучени експерти, ќе ви помогнеме да ги декарбонизирате објектите и да создадете здрава околина за идните генерации.

Madoka

Дознајте повеќе за нашите посветени решенија за вашиот проект!

  1. КОМУНИКАЦИИ ОД КОМИСИЈАТА ДО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, СОВЕТОТ, ЕВРОПСКИОТ ЕКОНОМСКИ И ОПШТЕСТВЕН КОМИТЕТ НА РЕГИОНИТЕ „Зачувајте гас за безбедна зима“ (https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=CELEX%3A52022DC0360)

  2. Енергетска рамнотежа – Конечна потрошувачка – други сектори – комерцијални и јавни услуги – употреба на енергија: https://ec.europa.eu/eurostat/databrowser/bookmark/5463efac-cd35-4d4c-b027-d706050cdf7f?lang=en

  3. Пресметано од сезонскиот сметач на Daikin достапне на бизнис-порталот на Daikin (треба да се регистрирате) (https://my.daikin.eu/denv/en_US/home/applications/software-finder/solutions-seasonal-simulator.html), пресметано за топлинска пумпа 28HP VRV со 15 внатрешни единици, со проценето топлинско оптоварување од 100 W/m²

  4. Базирано на V-тест извршен на 5.10.2022 година на https://vtest.vreg.be/ со договор за гас Engie Flow gas PRO Gas: 25 236,90 евра/годишно за вообичаено греење (112 880 kWh гас) наспроти договор за струја Engie Flow PRO: 17 694,78 евра/годишно за употреба на системит VRV за греење (28 192 kWh струја) (цените опфаќаат трошоци за енергија, трошоци за дистрибуција, даноци, без ДДВ за Остенд, Белгија)

Слични написи