Skip to main content

Ви го претставуваме новиот систем за управување на Daikin што работи на принципот „приклучи и пушти“ и што ги намалува трошоците за HVAC-постројки

Брисел, среда, декември 11, 2024 – Daikin најавува големо проширување на своето комплетно решение Multi + што ќе опслужува поголеми домови. Високоефикасниот систем Multi+ комбинира просторно ладење и греење со топла санитарна вода (DHW) во едно компактно решение што заштедува енергија. Подобрената поврзливост помеѓу единиците, заедно со поголемите капацитети на резервоарите, нуди подобра флексибилност и можности за проширување на системот. Производот е поврзан и од Daikin Cloud, иновативната услуга за далечинско надгледување овозможена од Daikin, којашто е дизајнирана да ја зголеми ефикасноста на услугите и да им понуди безгрижно користење на корисниците.

  • Ги задоволува потребите за просторно греење и ладење за до 150m²
  • Поврзете до четири внатрешни единици и резервоар за топла санитарна вода со надворешната единица
  • Ги задоволува потребите на домаќинство со до 5 членови за греење, ладење и топла вода

Удобност со заштеда на енергија

Пуштена во продажна во 2022 година како прва од тој тип, Daikin Multi + нуди удобност на едно поинакво ниво и овозможува топла вода постојано. Значително намалената потрошувачка помага да се намалат сметките за струја без да се загрозат перформансите и достојноста и помага да се намали влијанието на домаќинството врз околината.

Дизајн по желба и различен изглед во едно лесно достапно решение

Широкиот асортиман на внатрешни единици со неколку наградувани дизајни може да ги задоволи условите за естетика и простор со моделите единиците со високоѕидна монтажа, парапетните единици и скриените тавански единици.

Multi + не зафаќа многу простори и брзо и лесно се инсталира, со што претставува идеално решение за замена на системите за топла санитарна вода на местата што имаат потреба и од климатизација.

Скроен според желбите и животниот стил на станарите

Секое домаќинство е различно, со број на присутни што зависи од дневните обврски и потреби за удобност на членовите на семејството што зависи од здравјето и староста, како и од локалните климатски услови.

Променливите поставки на Multi + им овозможуваат на членовите на домаќинството да постават приоритети за климатизација и топла санитарна вода во зависност од потребите. Просторното греење и греењето санитарна вода може да се одвиваат истовремено за да се овозможи максимална удобност и ефикасност.

Кога е потребно ладење, се користи претходно загреана санитарна вода, со што се овозможува ладење и топла вода истовремено. Приоритетните поставки овозможуваат постојана климатизација и максимална удобност. По потреба може да се загрее повеќе вода со помошниот електричен грејач. Ако се премине на приоритетот за топла санитарна вода, ќе се деактивира климатизацијата и ќе се догрее водата со топлинската пумпа, со што ќе се заштеди енергија. Откако ќе се заврши со греење на санитарната вода, надворешната единица ќе се врати на функцијата за климатизација. Системот содржи и поставки во зависност од климатските услови, каде температурата на водата се определува автоматски според надворешната температура. Ако надворешната температура се намалува или зголемува, единицата компензира веднаш без потреба да реагира корисникот, со што се спречуваат ненадејни промени во температурата на водата.

Практичната контрола им помага на сопствениците да го конфигурираат системот по желба. Контролната табла за резервоарот, заедно со екранот, ја олеснува оптимизацијата на температурата и поставките за функциите. Апликацијата Onecta на Daikin, којашто е компатибилна со Amazon Alexa и Google Assistant, овозможува управување и надгледување на поединечни единици и на системот за топла санитарна вода од секое место во и надвор од домот.

Создаден за лесна инсталација и безгрижно работење

Топлинската пумпа Multi + е создадена да ги задоволи највисоките стандарди за достојност и ефикасност затоа што содржи неколку карактеристики на иновативен дизајн поддржани со напредна технологија, како иновативен дизајн на вентилатор со специјално оформени перки коишто предизвикуваат значително помала бучава и користат помалку енергија, скриени зад елегантна решетка. Високоефикасен swing-компресор постојано ја приспособува моќноста за ладење и греење на системот за да ја одржува посакуваната температура во просторијата.

Топлинската пумпа Multi + е дел од асортиманот со станбени производи што може да се надгледува преку Daikin Cloud под услугата DCS Residential. Платформата им овозможува на инсталатерите далечински да ги надгледуваат и контролираат корисничките поставки за единиците преку повеќе параметри и нуди брза дијагноза и решавање на проблемите со услугата. Тоа им го заштедува времето на купувачите и инсталатерите и им овозможува на сопствениците на домовите подобра ефикасност при работата и сервисирањето.

Стефан Сегерс, управител на оддел, RA SBU во Daikin, вели:
„Daikin се водачи на светскиот пазар за решенија со топлински пумпи во домовите. Годинава, на нашиот 100-годишен јубилеј, со гордост продолжуваме да ги подобруваме нашите станбени решенија со ниска потрошувачка без да ги нарушиме перформансите и достојноста. Се стремиме кон работа без никакви емисии и им помагаме на сопоствениците на домовите да уживаат во удобноста без разлика на временските услови и да ги намалат трошоците во домаќинството.“

Слики под авторски права: Daikin Europe

За Daikin Europe N.V.

Групацијата Daikin Europe е водач во технологијата за греење, ладење, вентилација, прочистување на воздухот и разладувањето (HVAC R) во Европа, Средниот Исток и Африка. Daikin дизајнира, произведува и им нуди на купувачите широк асортиман производи, услуги за одржување и веќе подготвени решенија за станбени, комерцијални и индустриски цели. До денес, Daikin Europe има над 13.800 вработени низ повеќе од 59 претставништва. Содржи 14 производни локации во Белгија, Чешка, Германија, Италија, Шпанија, Австрија, Обединетото Кралство, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Кралството на Саудиска Арабија. Со седиште во Остенд (Белгија) повеќе од 50 години, групацијата Daikin Europe е компанија во сопственост на глобалната групација Daikin Industries.

Информации за Daikin Industries Ltd.

Daikin Industries (DIL) е глобален лидер во технологијата за топлински пумпи, климатизација и филтрирање на воздухот со повеќе од 98.000 вработени. Основана во Осака во 1924, компанијата е единствениот произведувач во светот што развива и произведува опрема за секторот за греење, вентилација, климатизација и разладување, како и компресори и разладни средства. Daikin беше назначена за една од првите 100 најиновативни компании во светот од страна на Clarivate (UK) и LexisNexis (USA), позната како лидер во технолошкото истражување и патентите за интелектуална сопственост. За својата фискална 2023 година, Daikin пријави рекордна продажба од € 28 милијарди (1 април 2023 – 31 март 2024).

Прочитајте повеќе на www.daikin.eu и на www.daikin.com.

Контакти за медиуми на Daikin Europe N.V.

Софи Сап – тел.: +32 472 580482 Е-пошта: sap.s@daikineurope.com

Даисуке Какинага – тел.: +32 465 462321 Е-пошта: kakinaga.d@bxl.daikineurope.com

Слични написи