Чекина, мај 2025. Daikin претставува нова опција за висока температура за својата серија VZ, со употреба на разладното средство R-1234ze, за да го прошири работниот опсег на постојните модели. Оваа надградба ѝ овозможува на единицата да создава топла вода на температура до 90 °C, со што е достојна за поголем број примени.
Карактеристики на единицата
Чилерот со водено ладење EWWH-VZ и топлинската пумпа на Daikin комбинираат исклучителна енергетска ефикасност со слабо влијание врз околината. Со употреба на R-1234ze, разладно средство со многу низок потенцијал за глобално затоплување (GWP), нуди капацитет за ладење и греење од 400 до 1900 kW*.1 Благодарение на својот компактен дизајн и комплетната технологија со инвертор, единицата овозможува оптимални перформанси и флексибилност за да ги задоволи потребите. Претставувањето на оваа нова опција е значаен чекор кон декарбонизација на индустриското греење. Со проширување на оперативниот опсег, серијата EWWH-VZ е соодветна за голем број примени, меѓу кои индустриски процеси и мрежи за централно греење, каде е потребна топла вода со висока температура. Оваа функција е особено корисна за индустриски процеси за кои е потребна вода со висока температура за чистење, стерилизација или производство.
Преземете го документот за да дознаете како технологиите на Daikin можат да ги оптимизираат HVAC-системите за да се добие поголема ефикасност, намалени трошоци и подобро влијание врз околината.

6 причини да ја изберете топлинската пумпа со воден извор EWWH-VZ на Daikin
Причина #1: Одржливост
Во согласност со европските цели за намалување на потрошувачката на фосилно гориво, побарувачката на пазарот за решенија за греење со висока температура е сѐ поголема. Во тој контекст, капацитетот на единицата EWWH-VZ на Daikin за да овозможи топла вода при температура до 90 °C е особено значаен. Игра важна улога во декарбонизацијата на индустриските процеси и системите за централно греење, кои вообичаено работат со бојлери на фосилно гориво. За разлика од вообичаените системи, EWWH-VZ работи без согорување и користи разладно средство средства со низок GWP, со што значајно се намалува емисијата на CO₂. Благодарение на комплетната технологија со инвертор и големата енергетска ефикасност, нуди и поодржлива и поисплатлива опција од вообичаените бојлери, со што им помага на индустриите и заедниците да преминат кон енергетски поефикасни решенија за греење.
Причина #2: Флексибилност
Една од јаките страни на единицата EWWH-VZ е исклучителната флексибилност при инсталација, што ја чини идеална за ограничени простории. Ова е овозможено од иновативната електрична табла со претходно подготвени отвори, којашто може да се инсталира до пет метра од главната единица. Оваа функција му овозможува на системот да се инсталира во тесни технички простории, каде нема место за вообичаените единици. Со одделување на електричната табла од главната конструкција, Daikin овозможува поголема разновидност во дизајнот и распоредот на системот, со што се добива полесен пристап за одржување и се оптимизира употребата на достапниот простор, особено при проекти за надградба.
Кликнете овде за да дознаете како Daikin ги задоволува потребите на примените за кои е потребна компактна зафатнина и мал простор.
Причина #3: Ефикасност
Во поглед на ефикасноста, EWWH-VZ е опремена со напредните компресори single screw на Daikin што ја содржат технологијата за променлив сооднос на волумен (VVR). Оваа иновација му овозможува на компресорот да го приспособи внатрешниот сооднос на волуменот автоматски, според работните услови на единицата и со тоа ја зголеми ефикасноста на компресија при сите работни услови. За да се подобрат перфомансите уште повеќе, системот користи технологија со инвертор, наречена и погон со променлива фреквенција (VFD). Оваа електронска компонента ја регулира ротационата брзина на компресорот (RPM) со променување на фреквенцијата на напојувањето со струја. Поради тоа, компресорот може да го приспособува својот капацитет постојано за да ги задоволи потребите за ладење или греење. Оваа комбинација гарантира дека EWWH-VZ ќе овозможи голема ефикасност, прецизна контрола на капацитетот и достојна работа при разни работни услови, коишто ја чинат единицата паметен и одржлив избор за индустриски и комерцијални примени.



Причина #4: Доверливост
За да овозможите оптимална, EWWH-VZ од Daikin е опремена со напредните компресори single screw што ја содржат технологијата за променлив сооднос на волумен (VVR). Овој систем содржи механизам за механичко приспособување којшто го приспособува волуменот на приклучокот за празнење и му овозможува на компресорот да го одложи или да го очекува крајот на циклусот на компресија. Ова ја намалува премалата или преголемата компресија, со што ги намалува трошоците при работа и ја подобрува долготрајната достојност. Овие придобивки се особено значајни при тешки индустриски примени каде се важни перформансите и долготрајната издржливост. Друг дел со значајна улога во достојноста на системот е интелигентниот управувач со чилери (iCM), напредното решение за контрола од Daikin, дизајнирано за оптимизација на перформансите на системите со повеќе единици. iCM ја координира работата на секоја единица во постројката за да овозможи сите заедно да работат ефикасно и да ги задоволат потребите со минимална потрошувачка на енергија и помалку механички напор. За да ја подобри работната постојаност уште повеќе, Daikin може да ви понуди и автоматски прекинувачи за пренос (ATS, на барање). Во случај да снема струја, ATS го префрла напојувањето со енергија автоматски од главниот извор на резервен извор. Кога ќе се воспостави примарниот извор повторно, системот се враќа назад и овозможува непрекината работа и ја заштитува важната опрема.
Кликнете овде за да дознаете повеќе за улогата на Daikin при доставување чилери во CERN.
Кликнете овде да дознаете повеќе за голем проект што опфаќа фармацевтска фабрика во Италија, за која Daikin достави соодветно скроено HVAC-решение со високи перформанси.
Причина #5: Услуги по продажба
Daikin е доверлив партнер во HVAC-индустријата, со многу години искуство и силно портфолио на соодветно скроени решенија за сите потреби. Со искуство од над 50 години во производство низ Европа, Daikin комбинира инженерска стручност, познавање на локалните пазари и исклучителна поддршка по продажба. Производните фабрики низ Европа овозможуваат пократко време за производство, пониски трошоци за транспорт и побрза достава. Благодарение на широката распространетост, Daikin овозможува брза и ефикасна помош на самото место, кога и да е потребно. Главен елемент на услугите по продажба е Daikin on Site (DoS), веб-платформа за далечинско надгледување којашто работи 24/7 и којашто собира детални работни податоци од единиците до контролните системи. Овие податоци се процесираат од страна на Smart Centre на Daikin, којшто ги претвора во информации со кои може да се делува. Корисниците можат да ги надгледуваат перформансите на системот далечински, а експертите на Daikin ја оптимизираат и одржуваат опремата во реално време, со што ги намалуваат прекините во работата и работните трошоци.
Причина #6: Перформанси за спокојно секојдневие
За да им понудиме на купувачите целосна доверба во нивните решенија, Daikin Applied Europe им нуди можност да учествуваат во осведочени тестирања — сесии за тестирање при кои се симулираат вистински услови за работа. Овие тестови овозможуваат конкретен доказ дека избраните единици ги задоволуваат специфичните услови на секој проект. Достапно е и фабричко тестирање (FAT) за да се верификува дека секоја единица ги исполнува сите спецификации на дизајнот и функционални критериуми пред испорака.
За Daikin Europe N.V.
Групацијата Daikin Europe е водач во технологијата за греење, ладење, вентилација, прочистување на воздухот и разладувањето (HVAC R) во Европа, Средниот Исток и Африка. Daikin Europe опслужува разни купувачи во овој регион со дизајнирање, производство и маркетинг на широк асортиман производи, услуги за одржување и веќе подготвени решенија, создадени за станбени, комерцијални индустриски намени. Компанијата има над 13.800 вработени низ 58 претставништва и поседува 15 производни локации во Европа (12), Турција (1) и Блискиот Исток (2). Производите за разладување на Daikin се достапни под брендовите Daikin, Tewis, Zanotti, Hubbard и AHT. Со седиште во Остенд, Белгија, групацијата Daikin Europe е компанија во сопственост на глобалната групација Daikin Industries повеќе од 50 години.
Информации за Daikin Industries Ltd.
Daikin Industries (DIL) е глобален лидер во технологијата за топлински пумпи, климатизација и филтрирање на воздухот. Компанијата има повеќе од 100.000 вработени низ целиот целиот свет Основана во Осака во 1924, компанијата е единствениот произведувач во светот што развива и произведува опрема за секторот за греење, вентилација, климатизација и разладување, како и компресори и разладни средства. Daikin беше назначена за една од првите 100 најиновативни компании во светот од страна на Clarivate (UK) и LexisNexis (USA), позната како лидер во технолошкото истражување и патентите за интелектуална сопственост. За својата фискална 2024 година, Daikin пријави рекордна продажба од € 28,98 милијарди (1 април 2024 – 31 март 2025).
Контакти за медиуми на Daikin Europe N.V.
Софи Сап – тел.: +32 472 580 482 Е-пошта: sap.s@daikineurope.com
Даисуке Какинага – тел.: +32 465 462 321 Е-пошта: kakinaga.d@bxl.daikineurope.com