Skip to main content

Daikin го открива новиот фенкојлер FWT-HTV Hi-Wall

Брисел, 24 февруари 2025 – Daikin ја претставува новата линија фенкојлери FWT-HTV Hi-Wall, дизајнирана да овозможи извонредна удобност, енергетска ефикасност и најдобар квалитет на воздухот во класата. Оваа модерна единица содржи напредна технологија на филтри, како Flash Streamer, Gin-ION и PM2.5, со што овозможува чист воздух за секој затворен простор.

Оптимизиран дизајн за максимални перформанси

Високоѕидните фенкојлери FWT-HTV имаат тенко куќиште со нов дизајн, и вградена порта Modbus, којашто овозможува беспрекорна интеграција во модерните системи за автоматизација. Новата контролна платформа нуди опција за жичен и безжичен управувач, што им овозможува на корисниците поголема флексибилност и полесно ракување. Со опсег на капацитет за ладење од 2,4 до 5,2 kW, достапни во пет големини со конфигурација со 2 цевки, FWT-HTV гарантира приспособлива контрола на климатизацијата со високи перформанси. Мотор на вентилатор на еднонасочна струја и без четкички (BLDC) и фабрички монтираниот внатрешен 3-насочен вентил со вкл/иск ја подобрува енергетската ефикасност и прецизност уште повеќе.

FWT-HTV_R

Што го чини FWT-HTV поинаков

Линијата FWT-HTV претставува идеален избор затоа што нуди напредни функции и технологија. Со дизајн за подобрена удобност, ефикасност и квалитет на внатрешен воздух, оваа линија нуди многу придобивки. Еве девет причини зошто FWT-HTV е најдобриот избор.

1. Многу ефикасен и тивок BLDC-мотор на вентилатор

BLDC-моторот овозможува прецизно приспособување на брзината на вентилаторот и тивок режим за нечујно работење. Во автоматски режим на вентилатор, системот интелигентно ја приспособува брзината од 40 % на 100 %, со што овозможува беспрекорен проток на воздухот и постојана контрола врз температурата.

2. Вграден 3-насочен вентил за подобрена ефикасност

3-насочниот вентил со вкл/иск, како стандардна опција, овозможува прецизно регулирање на протокот на вода и ги оптимизира термичката удобност и ефикасноста на системот. Неговиот компактен дизајн го чини идеален за ограничен простор и нуди разновидно решенија за разни примени.

3. Напредно прочистување на воздухот за поздрави затворени простории

Технологијата Flash Streamer на Daikin активно ги разложува бактериите, мувлата и алергените и го прочистува воздухот. Во комбинација со филтрите Gin-ION и PM2.5, FWT-HTV гарантира супериорен квалитет на внатрешниот воздух, па затоа е идеален за домови, канцеларии и комерцијални простории.

4. Сообразност за паметен објект со протоколите LEED & BREEAM

FWT-HTV поддржува дизајн за одржлив објект, со што помага при добивање на сертификатите LEED и BREEAM за повеќе категории, како квалитет на внатрешна средина, енергетска ефикасност и намалување на отпадот.

5. Тивки режими и режими на мирување за непречена удобност

Режимот на мирување постепено ги приспособува температурите за да ги потпомогне циклусите на природно спиење и овозможува мирна ноќ. При тивок режим, брзината на вентилаторот и фреквенцијата на компресорот се намалени за да се намали и бучавата, со што се создава поудобна околина.

6. Интелигентна функција Fan Stop Control за заштеда на енергија

Функцијата Fan Stop Control автоматски го стопира вентилаторот кога во просторијата ќе се постигне посакуваната температура, со што го спречува непотребниот проток на воздух и ја подобрува севкупната ефикасност.

7. Турборежим за брзо ладење

За брзо ладење, турборежимот ги засилува брзината на вентилаторот и моќноста на компресорот до максимален капацитет 20 минути и постигнува побрзо намалување на температурата пред да се врати на нормални поставки.

8. Вградена автоматска дијагноза за лесно одржување

Системот за автоматска дијагноза забележува грешки и неисправности и истовремено предупредува преку LED-индикатори и кодови за грешка, до коишто може да се пристапи преку безжичниот далечински управувач за да се отстранат грешките брзо.

Паметен избор за модерна контрола на климатизација

Фенкојлерот FWT-HTV Hi-Wall од Daikin поставува нови стандарди во индустријата со комбинирање на иновативно прочистување на воздухот, енергетски ефикасна работа и паметни контроли. Без разлика дали се работи за станбени, комерцијални или индустриски примени, нуди супериорни перформанси, достојност и одржливост.

За повеќе детали околу новата линија FWT-HTV, постете го веб-сајтот на Daikin или обратете се до тимот за продажба.

За Daikin

Daikin Europe N.V.

Групацијата Daikin Europe е водач во технологијата за греење, ладење, вентилација, прочистување на воздухот и разладувањето (HVAC R) во Европа, Средниот Исток и Африка. Daikin Europe опслужува разни купувачи во овој регион со дизајнирање, производство и маркетинг на широк асортиман производи, услуги за одржување и веќе подготвени решенија, создадени за станбени, комерцијални индустриски намени. Компанијата има над 13.800 вработени низ 59 претставништва и поседува 15 производни локации во Европа (12), Турција (1) и Блискиот Исток (2). Производите за разладување на Daikin се достапни под брендовите Daikin, Tewis, Zanotti, Hubbard и AHT. Со седиште во Остенд, Белгија, групацијата Daikin Europe е компанија во сопственост на глобалната групација Daikin Industries повеќе од 50 години.

Daikin Industries Ltd.

Daikin Industries (DIL) е глобален лидер во технологијата за топлински пумпи, климатизација и филтрирање на воздухот. Компанијата има повеќе од 98.000 вработени низ целиот свет. Основана во Осака во 1924, компанијата е единствениот произведувач во светот што развива и произведува опрема за секторот за греење, вентилација, климатизација и разладување, како и компресори и разладни средства. Daikin беше назначена за една од првите 100 најиновативни компании во светот од страна на Clarivate (UK) и LexisNexis (USA), позната како лидер во технолошкото истражување и патентите за интелектуална сопственост. За својата фискална 2023 година, Daikin пријави рекордна продажба од € 28 милијарди (1 април 2023 – 31 март 2024).

Прочитајте повеќе на www.daikin.eu и на www.daikin.com

Контакти за медиуми на Daikin Europe N.V.

Софи Сап – тел.: +32 472 580 482 Е-пошта: sap.s@daikineurope.com

Даисуке Какинага – тел.: +32 465 462 321 Е-пошта: kakinaga.d@bxl.daikineurope.com

Слични написи