


L∞p од Daikin е револуционерна програма за разладно средство и важен дел од нашата посвета за создавање одржлива иднина.
Рециклирање, враќање и повторна употреба се магичните зборови и суштинскиот принцип на нашата нова целосна услуга.
Дознајте како поради вратеното разладно средство не се произведуваат повеќе од 250 000 kg суров гас годишно!
Времето за дела е сега. Придружете ни се во создавањето одржлива иднина за HVAC-R.
Како работи L∞p од Daikin

Рециклирање
Го рециклираме старото разладно средство
од секоја единица и секоја марка.

Враќање
Разладното средство се враќа во Европа, што значи дека се обновува на многу квалитетен начин и во согласност со регулативата за F-гас.

Повторна употреба
Вратеното разладно средство се користи за производство на нови единици L∞p од Daikin. Вратеното разладно средство е сертифицирано од страна на независна лабораторија и ги задоволува стандардите AHRI 700.
Бидете дел од L∞p од Daikin и уживајте во ефектот L∞p!

За вашиот бизнис
- Привлечете нови клиенти како сертифициран член на одржливата програма L∞p од Daikin.
- Безгрижно справување со старото разладно средство – тоа е наша работа!
- Намалете ги трошоците за фрлање и разложување на старото разладно средство.
За нашата планета
- Изберете единица за вратено разладно средство и придонесете повеќе кон заштита на планетата.
- Бидете дел од иницијативата за 400 000 kg помало производство суров гас.
- Потрудете се да создадете одржлива иднина.
Ги поставуваме темелите за заштита на климата со Daikin
Повторна употреба на разладно средство: L∞P од Daikin
Со повторна употреба на разладното средство се избегнува емисија на повеќе од 250000 kg гас годишно.
Како се движи разладното средство низ циклусот

1. Нашите инсталатори го земаат разладното средство од објектот
2. Разладното средство е рециклирано = регенерација на беспрекорен начин што овозможува квалитет на ново разладно средство
3. Во нашата фабрика се користи смеса од рециклирано и ново разладно средство за полнење на производите
4. Рециклираното разладно средство е соодветно распределено на единиците VRV произведени и продадени во Европа1 и на чилерите2
5. Рециклираното разладно средство се користи повторно во вашиот објект – со што се затвора циклусот
6. Рециклирано разладно средство за полнење и сервисирање на лице место
1 Земјите членки на ЕУ, Обединетото Кралство, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Северна Македонија, Исланд, Норвешка, Швајцарија
2 EWAD-TZ, EWAD-T, EWYD-BZ, EWYD-4Z-B, EWWD-VZ, EWWD-DZ, DWSC/DWDC линии чилери
Нашиот кружен екосистем прераснува во еколошка иднина

Производи што користат рециклирани разладни средства
Од 2019 година, Daikin нуди производи под циркуларната економија L∞P од Daikin – линија производи што користат рециклирано разладно средство. Кога избирате таков произвот, активно ја поддржувате повторната употреба на разладното средство.

Услуга за рециклирање, враќање и повторна употреба на разладното средство
Нашата најнова иницијатива, услугата за разладно средство, заштедува ресурси и трошоци. Се стремиме да собереме поголема количина и да ги сертифицираме проектите каде старото разладно средство се враќа и се користи повторно. Оваа услуга е достапна за нови главни клиенти и инвеститори.
Најновите членови на L∞p од Daikin

Action станува еколошка компанија со програмата за рециклирање разладно средство на Daikin
Action го засилува партнерството со Daikin за овој нов револуционерен проект: рециклирање на разладното средство од своите реновирани продавници и негова повторна употреба.

Продажен синџир dm-drogerie markt, партнери со L∞P од Daikin, со стремеж за поголема одржливост

Perial Asset Management
Проектот за обновување на HVAC-системот овозможува одржливост преку L∞P од Daikin, при што се користи рециклирано разладно средство за фабричко полнење и за надополнување
Станете член
Дознајте повеќе
-
224 - LOOP by Daikin umbrella - brochurePDF | 9.76MB