Skip to main content

Прифатете ја промената: Надградба од Daikin MTII во MTIV

Технологијата еволуира брзо, а модерните контролни системи се дизајнирани за да се приспособат на идните иновации. Надградбата во управувачот Daikin MTIV не само што го продолжува работниот век на чилерот, туку и нуди компатибилност со идните технолошки промени. Опремата за надградба за Daikin MTIV опфаќа и ажурирање на управувачот на единицата.

Подолу објаснуваме зошто MTIV е вредна инвестиција.

Останете во тек со најновата технологија

Надградбата во Daikin MTIV ги оптимизира перформансите на чилерот и им помага на системите да работат со врвна ефикасност, со што се овозможува заштеда на енергија и пониски трошоци при работа. Управувачот MTIV содржи напредна дијагностика (заедно со далечинска интеракција преку Daikin on Site) којашто може порано да ги забележи можните проблеми, да ги намали прекините во работата и да ги намали трошоците за одржување.

Престанете да користите стари системи

Работата со застарени управувачи може да биде неефикасна и да предизвика скапи поправки.

Управувачот MTII не е едноставно решение на принципот приклучи-и-пушти; неговата замена опфаќа рачни постапки како пренасочување на жиците и замена на експанзиониот вентил, што често предизвикува системот да работи на ниво на чилер од пред 15 години. Единиците со управувач pCOB немаат директна замена, па надградбата од MTII во MTIV е многу потребна. Софтверот MTII не е ажуриран повеќе од една деценија, со што се ограничуваат перформансите на системот и се зголемува ризикот од проблеми при работа.

Надградбата нуди пристап до модерни функции што ја подобруваат работната ефикасност и значително ги намалуваат тековните трошоци за одржување.

Намалете го влијанието врз околината

Надградбата во MTIV им овозможува на чилерите да работат со најновите, еколошки попријатни разладни средства (R513A, R1234ze). Со употреба на разладни средства со понизок потенцијал за глобално затоплување (GWP) можете значително да го намалите своето влијание врз околината.

Оваа промена поддржува сообразност со построги регулативи за GWP, ја подобрува одржливоста и нуди поголема заштеда на подолг период.

Засилете го техничкиот тим

Денешните технички лица се обучени да ги одржуваат модерните технологии. Со надградба во управувачот MTIV, техничкиот тим на вашата компанија може независно да делува и да ги одржува најнапредните системи. Тоа овозможува побрзо решавање на проблемите, оптимизирани перформанси на системот и подобрена ефикасност во работата.

Поедноставно управување со резервни делови

Надградбата од MTII во MTIV овозможува директно решение на принципот приклучи-и-пушти, поддржано со лесно достапните резервни делови. Ова овозможува побрза поправка, намалени прекини и беспрекорен тек во работата.

Подобра поврзливос со Daikin on Site

Модерните контролни системи нудат подобра поврзливост и овозможуваат директен пристап до сите важни клучни променливи преку модем и без потреба од дополнителна опрема. Ова овозможува ефикасно далечинско надгледување и го подобрува управувањето со системот.

Поедноставете го изборот

Избирањето на вистинската опрема за надградба е директно и интуитивно со решенија што се скроени да ги задоволат сите специфични потреби. Ова овозможува беспрекорна транзиција и овозможува повеќе придобивки од надградбата.

Подготвени сте да го надградите системот? Обратете се до локалниот претставник на Daikin за повеќе информации.

Слични написи