
Европа сака да стане прв карбонски неутрален континент до 2050 година и Европската комисија се стреми да ги намали емисиите за најмалку 55% до 2030 година. Ние во Daikin ја поддржуваме оваа директива и се стремиме да станеме карбонски неутрална компанија на глобално ниво до 2050 година.1
Европскиот инвестициски план „Green Deal“2 има за цел да привлече (најмалку) 1 трилион € во инвестиции од Европската Унија, националните влади и приватниот сектор за декарбонизација на ЕУ.3 Додека Европа се соочува со пандемијата COVID-19 и економската криза, инвестицискиот план „Green Deal“ игра важна улога и во европската програма „Следна Генерација ЕУ“ за справување со COVID-19, вредна 750 милијарди €.
Декарбонизацијата на Европа и справувањето со пандемијата COVID-19 се огромни предизвици. При презентацијата на „Green Deal“, Претседателот на Европската комисија го нарече „достигнување како кога човекот стапна на месечината“. При имплементација на „Green Deal“, едвај го чекаме моментот кога ЕУ и земјите членки ќе ги промовираат технологиите за ниска емисија на јаглерод, како топлотни пумпи, со тоа што ќе овозможат фер цени за енергија заснована на јаглерод и ќе ги разубедат корисниците да не користат фосилно гориво за греење.
Зошто топлотни пумпи?
Денес, бројот на изградени објекти во Европа придонесува за околу 36 % од сите емисии на CO2 во Унијата. Ако се земе предвид дека скоро 50 % од конечната потрошувачка на енергија на Унијата се користи за греење и ладење, од кои 80 % се користи на објекти4, потенцијалот за декарбонизација на овој сектор е огромен.
- Топлотните пумпи се докажано решение, а Европа ја има технологијата, стручноста и инвестициите за понатамошно проширување. Од домови со едно семејство до објекти за колективно вдомување, од реновирање до нова изградба, од мали до големи комерцијални објекти и индустриски фабрики, топлотните пумпи се подготвени за „Green Deal“ на ЕУ.
- Топлотните пумпи се технологија за греење со ниска емисија на јаглерод. За секој kWh потребна топлина, емисијата на јаглерод на топлотна пумпа е околу половина од високоефикасен бојлер на гас, со уште помал потенцијал за емисија на јаглерод поради понатамошната декарбонизација на производството на електрична енергија во ЕУ5.
- Топлотните пумпи користат обновлива енергија, како на пример, термална енергија од воздухот, водата и земјата. Овие обновливи енергетски извори се повеќе од достапни во Европа; па затоа не треба да се увезуваат.
- Топлотните пумпи сè повеќе ќе користат обновлива енергија и се на добар пат да постанат целосно решение што нема да влијае врз климата. На пример, до 2030, делот на ЕУ за производство на обновлива електрична енергија треба да биде најмалку двојно поголем од 32% обновлива електрична енергија до 65% или повеќе6.
- Исто така, топлотните пуми се важни за балансирање на енергетската мрежа, со што уште повеќе придонесуваат за производството на обновлива електрична енергија, на пример, со тоа што презема улога на термален акумулатор и алатка за флексибилно балансирање на снабдувањето и потрошувачката на енергија.
Инвестирањето во топлотни пумпи го за силува и економскиот раст на ЕУ затоа што овие производи масовно се развиваат и произведуваат во Европа. Daikin, на пример, има европски центар за истражување и развој и 5 фабрики во Европа задолжени за технологијата за топлотни пумпи.
Секое евро инвестирано во технологијата за топлотна пумпа е евро инвестирано во ново работно место. Во индустријата за топлотни пумпи во моментов се вработени 225 000 луѓе во Европа7. Нови и понатамошни инвестиции во обновливото греење ќе исплаќаат дивиденди во европската економија и за нашата околина.
Приказната за успехот на Шведска
Шведска започна амбициозна политика во 1980-те години за замена на фосилното гориво со топлотни пумпи. Денес, топлотните пумпи се стандардот за греење на шведските домови. Овој напор да се постават топлотните пумпи како стандард за станбено греење помогна да се намалат емисиите на гас што предизвикува ефект на стаклена градина за 33,7 % помеѓу 1990 и 2018 година8.
Другите европски држави започнуваат да го следат примерот. Неодамна Франција, Германија, Италија и Холандија започнаа со слична промоција на топлотни пумпи и шеми за замена на бојлерите.
Крај на поттикот за употреба на енергија заснована на јаглерод
По иницијативата „Green Deal“ на ЕУ, креаторите на политики во земјите членки на ЕУ може да делуваат на две нивоа со цел да постигнат декарбонизација.
Прво, земјите членки на ЕУ може да се обврзат да ја завршат употребата на фосилни горива. Системите за греење што загадуваат најмногу мора да се елиминираат. Австрија не дозволува повеќе да се инсталираат бојлери на нафта во новите домови од јануари 2020 година. Ова е одлична иницијатива. Креаторите на политики може да го избегнат поттикот за употреба на фосилни горива. Дури и денес, директните или индиректните поттикнувачи имаат придобивка од бојлерите на нафта или гас, поради различното оданочување на топлотните пумпи во споредба со бојлерите.
Второ, технологиите за обновлива енергија имаат потреба и од еднакви услови за делување. Разликата меѓу цените за струја и за гас во многу земји членки е преголема за да може топлотната пумпа да биде економски прифатлива инвестиција за граѓаните во ЕУ9. Поттикнувачите може да ја надмината таа разлика за определен период, но на подолг временски период цената на енергијата треба повеќе да влијае врз интензитетот на употреба на јаглеродна енергија. Цените на јаглеродната енергија може да придонесат кон намалување на емисиите со тоа што ќе се прошири Системот за справување со штетни емисии на ЕУ (ETS) на сите емисии од согорување на фосилни горива во објекти и со тоа што ќе се ревидира директивата енергетско оданочување10.
Мотивирање на потрошувачите
Потрошувачите што сакаат да ги заменат своите системи на фосилно гориво треба да се мотивираат подобро да ги разгледаат топлотните пумпи. Индустријата постојано работи на тоа да ги направи топлотните пумпи попривлечни преку разни функции, цена, дизајн и пријатна употреба за инсталаторите и корисниците11. Индустријата може повеќе да се потруди во објаснување на придобивките од топлотните пумпи за да им овозможи појасна слика на крајните корисници.
Владите го привлекуваат вниманието на потрошувачите кон топлотните пумпи преку поттикнувачите за станбено реновирање, но и други средства може да помогнат при одлучување за топлотни пумпи, како на пример, одразување на употребата на обновлива енергија во вкупниот енергетски резултат на објектот. Ова испраќа силен сигнал и ги повикува потрошувачите за детална пресметка на вкупните трошоци за поседување и еколошки предности12. Во тој поглед, придобивките од топлотните пумпи ќе бидат поочигледни за потрошувачите.
Пристапни за сите европејци
На кратко кажано, владините поттикнувачи може да помогнат при забрзување на преминот кон греење без јаглеродна енергија и да ги направат топлотните пумпи подостапни до сите европејци, но на подолг период, точните цени за енергија и точната индикација на енергијата и емисијата на јаглерод на објектот треба да бидат мотивација за крајните корисници да инвестираат во технологијата за топлотни пумпи.
Примерот со Шведска и другите европски земји ни покажуваат дека оваа стратегија работи. На пример, Франција и Германија поставија големи и популарно прифатливи шеми за замена на нафтените бојлери. Исто така, Италија ја започна кампањата „Superbonus“ за да промовира топлотни пумпи благодарение на враќање на кредитот 110%.
Daikin, заедно со други лидери во индустријата за топлотни пумпи, ќе го прифати предизвикот да ги запознае крајните корисници со топлотните пумпи и нивните предности. Исто така, постојано се трудиме да создадеме добро обучен инсталаторски кадар за да овозможиме соодветна инсталација и безгрижни корисници.
Што е следно?
Daikin си постави за цел да станe карбонски неутрална компанија на глобално ниво до 2050 година. Убедени сме дека сите учесници – креатори на политики, водачи во индустријата и потрошувачи – имаат иста цел, а тоа е да ги постават темелите на иднината без емисија на јаглерод. Заедно можеме да го декарбонизираме грејниот сектор во Европа и да ја постигнеме целта на „Green Deal“. Само треба да делуваме веднаш.
1 Еколошка одговорност на Daikin, https://www.daikin.eu/en_us/about/environmental-responsibility.html
2 Европска комисија, прашања и одговори, презентирана на 14 септември 2020 година, https://ec.europa.eu/commission/presscorner/detail/en/qanda_20_24
3 Европски парламент, ‘План за финансирање климатизација од еден трилион на Европа’, презентиран на 6 август 2020 година, https://www.europarl.europa.eu/news/en/headlines/society/20200109STO69927/europe-s-one-trillion-climate-finance-plan
4 Стратегија за греење и ладење на ЕУ, презентирана на 17 септември 2020 година, https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/PDF/?uri=CELEX:52016DC0051&from=EN и нејзините документи за работа на персоналот, презентирани на 17 септември 2020 година, https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/PDF/?uri=CELEX:52016SC0024&from=EN
5 VHK-студија Ecodesign и енергетско означување на просторни и комбинирани грејачи, задача 5, слика 7, презентирана на 17 септември 2020 година, https://ecoboiler-review.eu/Boilers2017-2019/downloads/Boilers%20Task%205%20final%20report%20July%202019.pdf
6 Комуникации од комисијата до Европскиот парламент, советот, Европскиот економски и општествен комитет на регионите, презентирани на 17 септември 2020 година, https://ec.europa.eu/clima/sites/clima/files/eu-climate-action/docs/com_2030_ctp_en.pdf
7 Европска комисија, „Компетитивност на индустријата и услугите за греење и ладење“, презентирана на 28 јуни 2019 година, https://www.euneighbours.eu/sites/default/files/publications/2019-08/20190822%20MJ0319513ENN.en_.pdf
8 Меѓународна агенција за енергија, државен профил на Шведска, презентирана на 14 септември 2020 година, https://www.iea.org/countries/sweden
9 Eurostat, Статистика за цена на електрична енергија: објаснета статистика, презентирана на 17 September 2020 година, https://ec.europa.eu/eurostat/statistics-explained/pdfscache/45239.pdf
10 Комуникации од комисијата до Европскиот парламент, советот, Европскиот економски и општествен комитет на регионите, презентирани на 17 септември 2020 година, https://ec.europa.eu/clima/sites/clima/files/eu-climate-action/docs/com_2030_ctp_en.pdf
11 Погледнете Altherma 3 H HT на Daikin: https://www.daikin.eu/en_us/product-group/air-to-water-heat-pump-high-temperature/daikin-altherma-3h-ht.html
12 Daikin нуди алатка за избирање решенија за инсталаторите и потрошувачите, наречена „Stand by me“, https://standbyme.daikin.eu/