
Декарбонизацијата на домовите е соодветното современо решение. Тоа е најновиот дел од промената на глобалната парадигма кон поодржлива економија. Во автомобилската индустрија, агрикултурата, па дури и во воздушниот сообраќај се направени напори за намалување или елиминирање на емисиите на јаглерод од енергетските извори. Следно на списокот: домовите.
Декарбонизацијата им привлече внимание и на европските креатори на политики. ЕУ од скоро вети дека ќе „игра главна улога“ при постигнувањето на целта да се елиминираат емисиите на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина до 2050 година.
На национално ниво, Холандија ќе се збогува со гасот, француската влада стимулира замена на нафтените бојлери, Финска се стреми да биде карбонски неутрална до 2035 година и Долна Австрија забрани греење со нафта во новите објекти.
Високи цели, но како овие држави ќе ги постигнат? Се потпираат на топлотни пумпи. Ние во Daikin сме убедени дека се во право. Топлотните пумпи се целосно подготвени да го прифатат предизвикот за декарбонизација на домот. Не се технологија од иднината, туку проверено решение што е подготвено да стане популарно.
Амбиција
Нашата амбиција е сосем јасна: топлотна пумпа во секој европски дом. Ниеден дом не треба да се изгради со бојлер на фосилни горива. Сите технолошки и психолошки пречки ги надминуваме со постојана иновација.
Тоа го гледаме како дел од нашата „Еколошка визија 2050“, нашето ветување дека ќе овозможиме безбеден и здрав воздух, при што ќе се стремиме да ги намалиме емисиите на CO² блиску до нула. И сакаме да ги направиме лесни за употреба и со пријатен изглед.
Клучот се достапноста, големото намалување на емисијата на CO², ефикасноста и ниското ниво на бучава. Ова е дел од нашата заложба како водечка компанија иноватор на системи за греење, ладење, вентилација и прочистување на водухот.
Психолошки предизвици и бариери
Добар пример за тоа како секое опшество треба да се справува со глобалните предизвици како екологијата, климатските промени и енергетска ефикасност е Шведска, каде топлотните пумпи денес се стандарден систем за греење. Во новите објекти во некои европски држави, топлотните пумпи веќе опфаќаат 50 проценти од пазарот.
На пазарот изгледа дека сопствениците на домовите сè уште го немаат прифатено ова решение. Сепак, главните предизвици за популарно прифаќање на топлотните пумпи на пазарот изгледаат психолошки наместо технолошки.
Многу луѓе не знаат за брзиот напредок и иновацијата на топлинската пумпа како технолошко решение за греење на домовите.
Луѓето сметаат дека топлотните пумпи се бучни, не изгледаат убаво.
Една од тие (старомодни) претпоставки е ефикасноста, којашто до пред некое време можеше да влијае врз исплатливоста и враќањето на инвестицијата.
Нашиот последен модел топлотна пумпа воздух-вода, Daikin Altherma 3HHT, нема потреба од дополнителна енергија до температура од минус 15 степени Целзиусови. Иновациите како 3HHT претставуваат момент на пресврт за топлотните пумпи како замена за бојлерите на фосилни горива.