Skip to main content

Запознајте ги дипломците од програма за млади меѓународни дипломци на Daikin Europe

Кога ќе ги завршите студиите и ќе ја предадете тезата, добивањето диплома означува почеток на ново патување. Сепак, кога ќе заврши славењето, многу од нив се соочуваат со предизвик да ја најдат вистинската работа.

Гилнур Дурак и Дитер Ван Истердаел го запознаа тоа чувство додека не ја пронајдоа програмата за млади меѓународни дипломци на Daikin Europe. Сега веќе вработени во Daikin Europe, зборувавме со Гилнур и Дитер за да научиме повеќе за нивното искуство и за тоа како програмата им помогнала да ги започнат своите кариери.

Што ве натера да се пријавите во програмата за млади меѓународни дипломци на Daikin Europe?

ГД: Програмата ја видов како можност за почеток на мојата меѓународна кариера. За неодамна дипломиран студент, можноста да работите во различни оддели беше голема предност и шанса да разберете што значи да работите во маркетинг, производно планирање или синџир на набавки.

ДВИ: Промената и предизвикот. Како млад дипломиран студент, немав идеа како би ги продолжил живото и кариерата. Не знаев како сакам да се развијам, но додека истражував дознав дека сакам нешто што ќе ме предизвика да се изградам и да научам повеќе.

Во кои оддели во Daikin Europe работевте за време на програмата?

ГД: За време на обуката работев во одделите за набавка, стратешки маркетинг и планирање на продажба во Daikin Europe, а потоа производно планирање во фабрика во Италија. После стекнатото искуство отидов во одделот за продажба во DENV Brussels, а од јануари 2016 година со нивниот оддел за главни меѓународни клиенти.

ДВИ: На почетокот започнав во одделот за подобрување на производството, а потоа се преместив во одделот за советување за продажба, па во одделот за планирање на производството. Моментално работам во центарот за проверка на квалитет во Чешка.

На кој проект се гордеете најмногу?

ГД: Во модулот за планирање на продажбата, имав задача да создадам база на податоци во Access за да помогнам во подобрувањето на буџетот на едно наше претставништво. Кога го започнав проектот, не знаев ништо за Access. Но мојот претпоставен во тоа време, Том Демеире, имаше целосна доверба во мене и моите способности. Можеби започнав од 0, но на крајот од проектот ме поканија да одам во Дубаи за да го обучувам тимот за планирање продажба за алатката што ја создадов. Одлично искуство!

ДВИ: Највозбудливиот и најценетиот предизвик ми беше во одделот за советување за продажба. Во тоа време привлековме дистрибутер во Мароко, а мојата работа беше да ги научам како да работат со нашата програма за продажба и да им помогнам да ги продаваат нашите производи. Обуката и првите посети на клиентите не беа лесни и ми беа потребни неколку сесии, но кога заврши првиот проект, јас и другите добивме енергија да се бориме повеќе за следната задача.

Како ви помогна програмата да ја започнете својата кариера?

ГД: Најдобриот дел од програмата е можноста да работите во многу различни области во Daikin. Ова ми помогна да откријам што навистина сакам да направам со својата кариера во компанијата, па затоа започнав во одделот за продажба.

ДВИ: Благодарение на програмата, сега работам во фабрика во Чешка. На мојата моментална позиција работам со разни оддели, за што треба да имам основно разбирање од тоа како работи компанијата. Поради оваа програма познавам многу луѓе од овие оддели и не само што учам од нив, туку и сè уште зависам од нивната стручност.

Каков совет би им дале на скоро дипломираните студенти што размислуваат да се пријават за програмата?

ГД: Влезете го програмата со отворен ум и имајте желба да работите во различни оддели. Дури и да мислите дека некоја професија не се совпаѓа со вашиот интерес или со нешто што сакате да го правите во иднина, искуството многу ќе ви користи. А можете и да добиете идеа за животот „од другата страна на масата.“

ДВИ: Можност и предизвик е да научите работи што не сте знаеле дека сакате да ги научите. Исто така, имате голема можност да специјализирате во повеќе од една област. Прашањето е: дали ќе го прифатите предизвикот?