Skip to main content

Користете го климатизерот ефикасно

5 совета за оптимални перформанси

5 совета за да го добиете најдоброто од вашиот климатизер

Сакате да добиете најмногу од климатизерот при најниска потрошувачка на енергија? Наведовме пет корисни совети за вас. Но за почеток: започнете со избирање на вистинскиот капацитет за климатизација за вашиот простор.

Спална соба со климатизер од Daikin

1. Затворајте ги прозорите и вратите

Затворајте ги прозорите и вратите кога користите климатизер за да зачувате стабилна температура. На пример, проверете дали е затворена вратата од бањата кога некој се тушира за да го спречите топлиот и влажен воздух да влезе во просторијата со климатизер.

2. Поставената температура одржувајте ја стабилна

Некои го вклучуваат климатизерот на најсилниот режим за ладење за да добијат брзи резултати. Но тоа не е најефикасниот начин за користење на единицата. Поставете ја единицата на стабилна температура - на пример 21 °C. Со тоа ќе постигнете постојана и удобна атмосфера во домот и ќе му овозможите на климатизерот да одржува постојана температура без да се оптоварува.

3. Реагирајте пред жештината

Вклучете го климатизерот пред да завладее жештината. На тој начин единицата нема да треба да работи напорно – со што ќе заштедите многу енергија на подолг период. Користете и тајмер за да ја вклучите единицата пред да дојдете дома: одличен начин да постигнете совршена температура во домот.

4. Чистете ги филтрите

За да може климатизерот да работи лесно и ефикасно, важно е да ги чистите и одржувате филтрите барем еднаш годишно. На тој начин ќе ја зачувате ефикасноста на единица на високо ниво.


5. Грижете се за надворешната единица

Надворешната единица е срцето на системот за климатизација и затоа не треба да се заборави. Проверете дали влезот и излезот за воздух имаат пречки или лисја. Проверете ја единицата пред почетокот на летото или зимата за да добиете оптимално функционирање.

Слични написи