

Не можеме да живееме без чист воздух. Затоа веќе некое време вниманието се насочува кон квалитетот на надворешниот воздух. А тоа е сосем во ред. Но и квалитетот на воздухот во домовите е подеднакво важен! А воздухот во нашиот дом можеби не е толку добар колку што мислиме. Како можете да знаете? И што може да се стори во врска со тоа?
Поминувате повеќе време внатре?
На сите ни се случува истото. Особено во споредба со периодот пред неколку децении, кога луѓето работеле на отворено и децата поголемото време го поминувале во игра на улиците. Или во споредба со некои земји што имаат потопла клима и каде луѓето поминуваат повеќе време надвор. Просечно, 80 % од нашето време поминуваме: во канцеларија, во супермаркет, во сала, дома итн.
А што со внатрешната атмосфера?
Внатрешната атмосфера определува како се чувствуваме дома. И квалитетот на воздухот игра голема улога во тоа. Во сите простории, каде што нема природна вентилација, воздухот може да биде загаден. А загадувањето на воздухот често е 10 пати поголемо внатре отколку надвор. Сепак, за да се измери квалитетот на внатрешниот воздух внимателно и точно, потребни се специјалисти. Но може да се направи солидна процена со само неколку работи.
Што влијае врз квалитетот на внатрешниот воздух?
Квалитетот на внатрешниот воздух зависи од неколку фактори. Најмногу од вентилација, влажност и температура. Но и од разните активности што се извршуваат секојдневно, како на пример готвење, капење или туширање, перење алишта, па дури и дишење. Или од материјалите со коишто е изграден вашиот дом, од начинот на којшто го греете домот, колку миленици или растенија чувате, производите за чистење што ги користите итн. И присуството на пушачи е уште еден важен фактор. Чадот од тутун е многу штетен затоа што се содржи не помалку од 4000 ситни, гасни честички.
Нискиот квалитет на внатрешниот воздух е штетен по вашето здравје
Воздух со низок квалитет може да има негативни последици по здравјето. На почеток, симптомите се слаби и пречат во секојдневниот живот: немате доволно самодоверба, чувствувате стрес, не можете доволно да се концентрирате, немате доволно енергија...
Но воздухот со низок квалитет може да доведе и до поконкретни проблеми:
- главоболка
- вртоглавица
- гадење
- долготрајни симптоми на грип
- гушење
- иритација на носот, грлото и очите
- забрзано чукање на срцето
- тешкотии во дишењето
- влошување на асмата
Тоа може да предизвика и хронични симптоми и хронична состојба. Загаденоста на внатрешниот воздух предизвикува неудобност кај некои групи луѓе, како на пример кај деца, постари луѓе, лица со чувствителни дишни патишта и пациенти со хронично срцево заболување.
И премногу влажниот воздух е штетен и предизвикува кондензација, непријатни мириси и мувла. Потребата за вентилација не е секогаш забележлива или видлива. Дури и да нема влага или мувла, може да постојат повеќе штетни супстанци, CO2 бактерии отколку што мислите.
Вентилацијата е многу важна
Затоа е многу важно постојано да го вентилирате вашиот дом. Во постарите куќи често има „природна вентилација“ поради процепите. Во новите домови, изолацијата е толку добра што загадениот воздух едвај може да излезе надвор. Добро е ако ги отворате прозорите секој ден по 10 минути наутро и навечер. Но тоа само го поместува воздухот, со што само делумно се подобрува влажноста и квалитетот. Па затоа не претставува ефективна мерка за борба со мувлата во малите вдлабнатини.
Постојана вентилација
Вентилацијата треба да биде постојана. Без редовна вентилација, загадениот внатрешен воздух не може да излезе, особено ако во околината има поголеми нивоа на загаденост. Систем за вентилација не е залуден луксуз.
Daikin нуди разни решенија со топлински пумпи коишто, покрај ефикасното греење и ладење на просториите, овозможуваат и развлажување, сушење и чистење на воздухот.